Friday, May 18, 2012

Пратете го лансирањето на DragonX во живо!


Мометално на каналот на NASA во живо има пренос од закажаното лансирање на првиот приватен вселенски брод до Меѓународната Вселенска Станица - DragonX. Моментално на каналот на NASA оди пренос за излагање на надлежните за јавноста. Според изјавата, летот ќе се случи за околу 70 часа. Ова е еден од летовите, од закажани три лета за оваа година. 



Според официјалната изјава на NASA и SpaceX, се очекува човечки екипаж да патува со ова летало до средината на 2015. До тогаш, се закажани преку 20 најразновидни тест летови за целосно испитување и тестирање на можностите на леталото. Инаку овој лет ќе однесе товар до станицата, а ќе врати непотребна опрема и готови експерименти назад до Земјата.

Линкот за пратење во живо тука!

Sunday, April 22, 2012

YouTube збогатен со нови алатки за аудио едитирање


Ако имате видео без звук, тогаш следната новост од YouTube е вистинската работа за Вас!


Имено, YouTube објави алатка со која ќе може да им додадете позадински звук на вашите видеа, со избор од преку 150.000 песни. 

Исто така, на располагање ви е миксер за звуци. Видеото може да го погледнете на следниот линк!


Thursday, April 19, 2012

Наскоро! Вибрирачки седишта во кино!

Целото 3D искуство не доживеа некој успех, баш поради фактот што денес секој може да си го симне филмот дома. Но, како што вели народната, ако не успееш од првпат, пробај пак, во овој случај пробај пак со 3D вибрирачко искуство.


Компанијата наречена Tremor FX дизајнира нов вид на кино седишта кои имаат вградени актуатори кои креираат вибрации и сензација која одговара со акцијата на екранот.

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!


Wednesday, April 18, 2012

Откриена вистината: леваците не се попаметни од деснаците!

На прашањето кое си го поставил научникот и професор по филозофија и медицинска едукација Крис Мек Манус било дека леваците не се попаметни од деснаците.


Ако под интелегенција се мисли на подобар IQ тест, простиот одговор на прашањето е не. Истражувањата откриле дека леваците во САД, Велика Британија и Австралија се разликуваат од деснаците за само еден IQ поен, што не е некоја разлика.

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Monday, April 16, 2012

Пристигнува Galaxy Nexus 3 во мај!

После месеци на гласини, Samsung официјално ќе го претстави на светот новиот Galaxy Nesus телефон во Лондон на 3 мај оваа година. Samsung веќе се припрема на големо за евентот, што и може да се забележи од поканите кои веќе се испраќаат.


Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Sunday, April 15, 2012

Компјутери со крабја логика!

Заборавете на квантните компјутери, молекуларните компјутери, графенот... Компјутерскиот развој доби нова димензија и насока: краби!

Имено, тим научници од Јапан успеаа да развијат начин како специфичното движење на одредена врста краби да се искористи наместо логички порти. Прочитајте повеќе на таб.мк!

Слика: Robandstephanielevie

Saturday, April 14, 2012

Се роди квантниот интернет!

На 12. април годинава научници од институт Макс Планк за прв пат успеаа да поврзат два атоми на рубидиум со помош на оптичко влакно. Ова се смета за прв чекор кон квантниот интернет, кој треба да овозможи побрз пренос на многу повеќе податоци од класичниот интернет.

Плус, квантниот интернет е скоро невозможен за хакирање. Прочитајте повеќе на нашиот сајт.

Tuesday, April 10, 2012

Chrome OS со позајмен изглед од Windows и X OS во новата надградба

Новата Aura надградба на оперативниот систем на Google, Chrome OS, кое носи подобрено прелистувачко искуство на оперативниот систем, заличува на традиционална Windows околина.


Новата стабилна верзија е 19.0.1048.17 која го донесува хардверски забрзаниот кориснички интерфејс Aura, windows manager, преклопени прозори, и таскбар кој потсетува на Windows...

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!


Избори на таб.мк: Кој е најголемиот тепач во филмовите?









Да дадеме одговор на вековното прашање еднаш за секогаш! Гласајте тука!

Job Fair 2012

Од 09.04 па до 11.04 во холот на ФЕИТ/МФС се одржува по 8ми пат саемот за вработување, во организација на Best Скопје. Свеченото отварање на овој настан беше на 9ти април во холот на факултетот, а беа поставени и штандови каде студентите имаат можност да стапат во директен контакт со работодавците. 


Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!