Sunday, October 30, 2011

Топ 5 бежични принтери

Бежичните принтери и мултифункционалните принтери станаа неопходни и секојдневни парчиња хардвер кои може да се најдат по домовите и во малите фирми, но и многу поголеми бизниси почнаа да ги прифаќаат и да ја увидуваат нивната потреба, ефикаснот и ниска цена.



Статистиката вели дека секојдневно се зголемува бројот на продадени мултифункционални принтери во однос на обичните. Но ако сакате да бидете вистински мајстори, земете си бежичен принтер и сите ваши маки ќе бидат завршени.

Brother HN-2270DW

Цена: 150$

Се работи за принтер кој е со мали димензии, ефикасен, кој нуди Ethernet и Wi-Fi подршка.

Canon Pixma MG8120 Wireless Photo All-In-One 


Цена: 399$

Canon Pixma е најдобриот бежичен принтер од серијата на Canon, кој е комбинација од висока технологија, префинетост и мултифункционалност.

Canon Pixma MX882 Wireless Inkjet Office All-In-One

Цена: 199.99$

MX882 е комбинација од атрактивен дизајн со опции за домашно и канцелариско работење, кој принта одлично текст и слика.

Dell 1355cnw Multifunction Color Printer


Цена: 419.99$

Без разлика дали ви е потребен мултифункциски принтер за мала, средна или домашна канцеларија или пак личен мултифункциски принтер во било која големина, Dell 1335cnw е вистинскиот кандидат со импресивни перформанси.

Epson Stylus NX625

Цена: 149.99 $

Epson Stylist NX625 обезбедува неверојатна брзина, солиден излез и голем избор на опции за неверојатно ефтина цена.

Сите принтери во листата топ 5 принтери може да се најдат и на нашиот пазар.

Автор: Мартин Страхиловски

Thursday, October 27, 2011

Топ апликации за Windows Phone 7


Оперативниот систем на Microsoft кој неодамна славеше една година од своето постоење, веќе постигна многу. Во продавницата на апликации може да се најдат преку 35.600 најразновидни наслови. Статистиката покажува дека продавницата за апликации ја надмина дури и продавницата на апликации на Android и Apple, кога беа во своите зачетоци. Со оваа брза експанзија и најновиот апдејт Mango за кој ќе зборуваме во некоја од следниве статии, Microsoft го доби приматот на брзо растечки пазар и го зациментира своето трето место меѓу мобилните оперативни системи, земајќи добар дел од пазарот.

Во продавницата за апликации може да сретнете најразновидни апликации, од најпрости па до најсложени, евтини и скапи, зависно од вашиот вкус и џеб, се разбира. 

Microsoft Tag



До секоја апликација ќе биде ставен и Microsoft tag, кој функционира за директен пристап до апликациите со нивно скенирање, слично како QR кодовите. Microsoft Tag апликацијата може да ја симнете на следниот линк. Апликацијата е бесплатна.

YouTube


Како основна апликација која мора да се има би ја спомнал официјалната YouTube апликација, која е бесплатна и е неопходна, без разлика дали се работи за забава или едукација. Моменталната верзија е 1.0 и оригинално беше пуштена на 10 Октомври 2010, со големина од 0.29 MB. Наскоро се очекува следната верзија од истата. 

Adobe Reader


Се разбира дека и Adobe Reader треба да се најде на листата на неопходни апликации. Моменталната верзија е 9.0, а иницијално апликацијата беше пуштена на 20 Октомври 2010, со големина од 2.45 MB. Апликацијата е бесплатна.

Facebook


И овде нема многу што да се каже. Повеќето од вас се запознаени со мобилните верзии на Facebook. Моменталната верзија е 2.1, со големина од 2.20 MB. Истата иницијално беше пуштена на 19 Октомври 2010. Апликацијата има чист и прегледен интерфејс и секако дека е апликација која мора да се има. Апликацијата е бесплатна.

Twitter


Официјална апликација на Twitter. За сите оние на кои новиот апдејт со вградената Twitter интеграција не им е прегледен, може да ја симнат оваа апликација која има попрегледен интерфејс. Моменталната верзија е 1.0, која беше пуштена на 21 Октомври 2010, со големина од 2.95 MB. Апликацијата е бесплатна.

Connectivity Shortcuts


Оваа апликација ќе им биде многу корисна на корисниците на Windows Phone 7.5. Располага со 4 икони за избор и тоа за WiFi, Bluetooth, Aeroplane mode и Network. Иконите се анимирани. За сите оние кои немаат направено апдејт на најновата верзија на Windows OS, наречен Mango апдејт, нека побрзаат затоа што новата верзија донесува преку 500 нови подобрувања и нови можности. Официјалната верзија е 2.0, која беше пуштена на 8 Септември 2011. Големината на апликацијата изнесува 1.05 MB. Апликацијата е бесплатна.

The Weather Channel


Се разбира дека ако сакаме да излеземе од дома на прошетка или на работа, ја проверуваме временската прогноза за тековниот или следниот ден. Оваа апликација која се покажа како најпрегледна од сите на пазарот, се одликува со чист и прегледен дизајн. Може да пратите повеќе временски прогнози за повеќе градови кои може директно да ги закачите на вашата почетна страна. Моменталната верзија е 1.8, со големина од 13.14 MB. Апликацијата е бесплатна.

...i'm a WP7!


Апликација која изобилува со безброј корисни работи! Тука можете да ги погледнете последните статистики за тоа колку има корисници апликацијата (бројка од над 100.000 корисници ширум светот), со кои може да комуницирате преку испраќање на пораки. Може да најдете рингтонови, позадини, како и новости за платформата и телефоните. Се на се, сеопфатна апликација која вреди да се има. Моменталната верзија на пазарот е 3.3, со големина од 10.31 MB. Апликацијата е бесплатна.

AppFlow


Сакате да инсталирате апликација или игра, но не знаете за која да се одлучите? AppFlow е вистинскиот избор за вас. Со поделба по категории, од најатрактивни, па се до заборавени легенди, апликацијата ќе ви ги донесе сите апликации и игри од продавницата со апликации директно на вашиот екран. Апликацијата е со верзија 2.1 и големина од 11.16 MB. Апликацијата е бесплатна.

PhotoFunia


Имате направено одлична слика, но ќе биде уште поимпресивна ако ја направите црно-бела. Колку добро би ви се нашол еден лаптоп за да ја средите сликата и да ја ставите на Facebook или Google+ за да ви љубоморат пријателите. Но не очајувајте, затоа што со оваа апликација ќе дојде до израз уметникот во вас. Апликацијата располага со повеќе опции, од застарена фотографија па се до црна бела. Апликацијата е бесплатна, со големина од 3.44 MB. Моменталната верзија е 1.4.

Секако дека пазарот на апликации располага со безброј атрактивни, корисни и забавни апликации. Ова е само еден мал дел од оние најнеопходните кои ви се потребни за секојдневна комуникација и информација. Наскоро очекувајте ги и топ 10 игри за оваа платформа која секој ден станува се поценета.

Автор: Мартин Страхиловски



Wednesday, October 26, 2011

Следење во живо на Nokia World 2011

Како што повеќето од вас се запознаени, на 26 и 27 Октомври се одржува Nokia World 2011. Шпекулациите се покажаа како вистински, дека Nokia овие два дена ќе биде во центарот на вниманието со официјално претставување на својата нова серија на Windows Phone 7.5  паметни телефони - Nokia Lumia 710 и Nokia Lumia 800. Програмата за првиот ден се состои од официјално отварање, кое започнато во 09.00 и ќе трае до 16.45. И да не должам многу, линкот до webcast во живо!


Автор: Мартин Страхиловски

Tuesday, October 25, 2011

Холограми кои можат да се допрат

Екраните на допир веќе се стара тема. Сте се запрашале ли што е следното во светот на интерфејсите? Се разбира, холограми!

Холограмите се кул, тука нема што да се зборува. Замислете си уште дека можете да ги допрете? Ваквата технологија уште пред 2 години беше развиена од страна на Универзитетот во Токио. Нивниот тактилен холограм се состои од два дела: самиот холограм, кој е всушност LCD проектор кој проектира во конкавно огледало, и нова технологија која создава ултразвучни бранови.

Ваквата ултразвучна технологија користи ултразвук со ниска енергија за да создаде т.н. „полиња на притисок“, нешто слично како што е случајот со издувавување на воздух. Разликата е во тоа што млазевите воздух губат на сила колку повеќе се одалечуваат од изворот, а ултразвучните бранови можат да се снајдат и во затворен, локализиран простор. Со тоа се овозможува симулација на форма на 3D објект.

На видеото подоле можете да видите како ова функционира. За оние што не им оди англискиот, како што веќе реков, сликата што „лебди“ во воздух е направена со помош на LCD проектор кој проектира во конкавно огледало. Движењето на раката се детектира со помош на Wiimote, односно управувачот на Nintendo Wii. На врвот е поставен т.н. „воздушен ултразвучен тактилен дисплеј“, кој всушност го дава чувството дека нешто пипате, ви паѓа, или пак оди по дланката.


Ваквите холограми несомнено можат да најдат голема примена, како за озбилни работи (во медицина), така и во секојдневни работи каде и не се потребни, како на пример палење сијалица. Ако скролате во коментарите под видеото, повеќето се возбудени за тоа каков ефект ќе има ваквата технологија врз порно индустријата. Останува да се види, изгледа дека сепак холограмите ќе ги дочекаме во нашиот животен век.


Автор: Маневски Марко

Патување во фабриката на Nokia

Од секогаш сте се прашувале како би изгледало склопување на мобилен телефон?

На ова прашање ви одговарам со следното видео направено од Финскиот производител на мобилни телефони - Nokia, за тоа како тече целиот процес на склопување на еден паметен телефон, во овој случај Nokia N9. Уживајте!


Автор: Мартин Страхиловски

Добредојдовте!

После долгогодишно искуство во сферата на хардвер, софтвер, интернет, мобилни технологии и технологијата воопшто, двајца ентузијасти кои и ќе бидат автори на овој блог се одлучија на следниот чекор, да започнат со свој блог, на кој ќе бидат презентирани новостите од сферата на технологијата воопшто, како една сеопфатна целина, се со цел да се збогати медиумскиот и техничкиот простор во нашата држава.




Уште еднаш, добредојдовте и се надеваме дека нашиот блог ќе стане место каде што ќе ги дознавате најновите информации.

Од авторите.