Tuesday, November 29, 2011

AirDroid му дозволува на вашиот десктоп да го управува вашиот Android телефон

Да, добро прочитавте! AirDroid е проста, добро смислена апликација која ви дозволува преку вашиот десктоп компјутер контролирање на вашиот Android телефон.


За оние што поминуваат поголем дел од своето време пред компјутер, оваа апликација ќе им биде многу корисна, со тоа што нема повеќе да погледнувате на вашиот телефон дали имате пропуштени повици, пораки или евенти. Се разбира за да се оствари ова, компјутерот и телефонот треба да бидат на иста WiFi мрежа.


Добрата работа кај AirDroid е тоа што е лесен за работа и беспрекорно функционира. Интерфејсот е исполиран и разбирлив, со лента со алатки и контрола на речиси сите опции на вашиот телефон.

Една од импресивните опции е можноста да се пристапи до SMS пораките, да се праќа нова порака или да се бришат постоечките. Корисниците исто така може да ги прегледуваат или променат контактите од својот именик, инсталираат и бришат апликации, прегледуваат документи, пристапат до Android маркетот, како и промена и преглед на музиката и рингтоновите. Исто така може да го проверите нивото на батеријата и статусот на процесорот.



Најдобро од се е што AirDroid е бесплатен! Со толку голем дијапазон на опции, апликацијата вреди да се провери. Апликацијата може да ја симнете на следниот линк или пак да го скенирате QR кодот.

Thursday, November 24, 2011

LG испраќа покани за „ексклузивен евент“ на 1 Декември

Изгледа дека LG е спремен да направи своја ексклузивна евент забава за нов паметен телефон кој треба да излезе на 1 Декември. Но поканата не открива никакви информации ни детали, само дава до знаење дека се е скриено под црвените завеси, како што може да се забележи од сликата подоле.

Но според шушкањето на интернет, изгледа се работи за претстојниот Optimus LTE или попознат како LG Nitro 4G LTE телефон кој ќе може да се да се најде првично на американскиот пазар. 

Од спецификациите кои се познати за овој телефон се дека телефонот ќе располага со 4.5" NOVA дисплеј кој би давал неверојатно одлична слика со резолуција од 1280 x 720, dual-core 1.5GHz Qualcomm Snapdragon процесор, предна и задна камера. Но без многу шпекулации, се' ќе биде откриено на 1 декември!

Sunday, November 20, 2011

Windows 8 таблети ќе се појават во Јуни 2012!

Врската помеѓу Nokia и Microsoft може да стане уште поблиска во 2012 со изработка на Windows 8 таблети. Според Францускиот весник Les Echos, Paul Amsullem, кој е на чело во Nokia France, за интервјуто дадено во весникот вели дека во Јуни 2012 Nokia ќе има таблет кој ќе работи на Windows 8. 



Ова не е првпат Nokia да размислува за изработка на свои таблети. Само претходниот месец, претседателот на Nokia и CEO, Stephen Elop, даде мал хинт за можностите на Nokia таблети кои се базирани на оперативниот систем Windows:

„Кога ќе го видите корисничкото искуство од Nokia Lumia околината која се појавува на милиони таблети и PC-а во иднина, ќе приметите дека постои спој помеѓу овие средини. Ова е неверојатна можност за Nokia.“



Paul Amsellem за францускиот весник рече дека наскоро на пазарот треба да се најдат и уреди од поскапата класа на мобилни телефони кои ќе работат на Windows Phone 7.5.

„Nokia Lumia е еквивалент на BMW 5 серијата. Наскоро ќе имаме широк избор со серија 7 и серија 3.“

Wednesday, November 16, 2011

Intel 4004 - првиот комерцијален микропроцесор, наполни 40 години!


4 бита, околу 2.300 MOS транзистори и фантастична брзина од 740 kHz. Способен да изврши 92.000 инструкции во секунда. Ова се перформансите на првиот комплетен CPU на еден микрочип, како и првиот комерцијален микропроцесор воопшто.

Се започнало во 1969, кога јапонската Nippon Calculating Machine Corporation побарала од Intel да направи 12 чипа за нивниот калкулатор Busicom 141-PF. Инженерите Федерико Фагин, Тед Хоф и Стенли Мазор се нафатија да работат на дизајнот, и во 1971 ја направија 4004-ката. Ова 10-микронско чудо можеби е преголемо за денешни стандарди, но тогаш било навистина големо достигнување. Дури Федерико си ги напишал и своите иницијали ФФ на дизајнот, како вистински уметник. Погледнете го и видеото за повеќе информации, а за оние кои сакаат уште детали, еве го и комплетниот datasheet



Sunday, November 13, 2011

Слики од галантерија за новите Nokia Windows Phone



Дали сте знаеле дека 360.000 фотографии се сликаат секоја минута со Nokia телефон. Или пак дека 13 мобилни телефони се продадени од Nokia во една секунда? Статистиката вели дека 1.1 милијарда луѓе користат Nokia телефони и дека во една секунда се испраќаат 360.500 sms пораки и се остваруваат 165.000 повици со Nokia телефон.








Nokia почна да ја сфаќа озбилно својата доминатна позиција на пазарот, и со тоа почна да изработува галантерија и за новите Nokia Lumia 710 и Lumia 800 Windows Phone 7.5 телефони. Од најавата на овие телефони, од новата серија на Nokia, излегоа и маски и слушалки, се разбира во повеќе комбинации. Сликите од новата галантерија на Nokia може да ја погледнете подоле.








Автор: Мартин Страхиловски


Thursday, November 10, 2011

Најавено новото продолжение на GTA V!


За сите љубители на неодоливиот серијал Grand Theft Auto уште една новост која ќе ве израдува. Rockstar Games го објави видеото за новото продолжение на добропознатата GTA. Во ова продолжение главниот лик ќе проба да се скроти, но неговото криминално минато нема да му го дозволи тоа. И тука придолжува возењето скапи коли, извршувањето на мисии, летање со авион... Се на се' изгледа тимот на Rockstar Games се потрудил новото продолжение да биде перфектно, од графика па до дијалози и разноликоста на мисиите. И да не должам многу, погледнете го видеото од новото продолжение!


Автор: Мартин Страхиловски

Monday, November 7, 2011

Microsoft го направи најголемиот Windows Phone до сега!


Како што може да се види од сликата и од видеото приложено подоле, гигантот од Редмонд изгледа почна да ги сфаќа работите сериозно со рекламирање на новата линија на Windows Phone 7.5 паметните телефони. Всушност и не треба да дојде како изненадување, од проста причина што Microsoft оддели 26 милиони долари за рекламирање на своите производи, од кои 6 милиони одат за HTC, а околу 20 милиони за новиот стратешки партнер - Nokia. Новиот 6-катен паметен телефон е реклама за 4 нови телефони кои ќе може да се најдат на Американскиот пазар. Повеќе за евентот може да прочитате на официјалната Facebook страна на Microsoft.





Подоле може да погледнете неколку слики од новите реклами на Microsoft кои веќе може да се сретнат на американските и европските пазари.




Автор: Мартин Страхиловски

Friday, November 4, 2011

(Старо) Новиот Facebook Motorola телефон, официјално во продажба!


Ако мислевте дека се заборави на телефонот на Motorola, тогаш не сте во право. Претходно познат како EX225, изгледа телефонот со QWERTY тастатура може да има конечно официјално претставување и име. На следниот официјален линк од Motorola, може да ги прочитате спецификациите, можностите и да ја погледнете галеријата од новиот телефон кој наскоро ќе се најде во продажба. 


Имено, телефонот ќе има 2.4 - инчен екран на допир, 3 MP камера и своја платформа (која нема да биде Android). Телефонот ќе биде интегриран со Gmail, Facebook и Twitter и ќе има Facebook копче за директен пристап до мрежата. Според шпекулациите кои може да се пронајдат на интернет, изгледа дека Motorola и Facebook работат на свој заеднички оперативен систем, кој дали ќе биде успешен ќе видиме наскоро.

Автор: Мартин Страхиловски

Wednesday, November 2, 2011

Таблети на македонскиот пазар

Револуцијата на таблетите веќе подолго време може да ја забележиме и во нашиот двор. Сите најнови таблети, почнувајќи од Acer, Motorola, iPad, Asus, Samsung и многу други не толку познати модели, со цени кои варираат од 5.000 денари за најевтините, па до цени до 38.000 денари за најскапите. Сега ќе направам осврт за понудата кај нас, кои модели може да се сретнат и со какви карактеристики. Следува преглед на најпопуларните таблети на македонскиот пазар од мобилните оператори. Табелите за карактеристиките и цените се преземени од нивните страници.