Saturday, March 31, 2012

Излезе Chrome 18!

Излезе новата 18 верзија на добро познатиот пребарувач на Google, Chrome. Оваа верзија ни доаѓа со закрпи кои беа откриени на натпреварот организиран од страна на Гугл.


Следната листа вклучува и цена кои ја имаат добиено оние кои ги откриле безбедностните пропусти. Ако сте еден од оние кои имаат откриено безбедносен пропуст, пишете му на Гугл и ако е навистина пропуст, ќе добиете парична награда.

Целата статија е на следниот линк!

Friday, March 30, 2012

Facebook тестира нови алатки за оптимизирање на реклами!

Компаниите кои бараат поголема публика за рекламирање наскоро ќе добијат нова алатка на Фејсбук за да ги оптимизираат своите реклами. Фејсбук објави дека тестира нови опции како „цели“ кои им дозволуваат на компаниите кои се рекламираат да ја прикажат рекламата на луѓе кои најверојатно ќе стават лајк, ќе ја инсталираат апликацијата или ќе кликнат на спонзорираната реклама или спонзорираната приказна...

Останатиод дел од статијата е на следниот линк!

700 СУПЕРАВТОМОБИЛИ НА ЕДНО МЕСТО!

Кинескиот клуб на спортски автомобили (Sports Car Club, SCC) можеби е единствениот клуб на светот од овој тип. Здружението има само одберени околу 700 членови со суперавтомобили во 15 подружници низ цела Кина.


Целата статија и линкот до видеото тука!

Како изгледаше првиот Android телефон!

Ако се прашувате како изгледаше првиот Андроид телефон, тогаш следната слика ќе ви разјасни многу дилеми!


Извор: Таб.мк

Правилно користење на Нокиа 3310!

Во случај на протести, гаѓајте ја полицијата!


Извор: Таб.мк

Thursday, March 29, 2012

Сликани облаци на Марс!

Многумина не знаат дека и Марс има облаци исто како и на Земјата. Се разбира, ова е возможно поради тенката атмосфера сто ја има на црвената планета.
Најновата фотографија од облаците на Марс е направена од сателитот на НАСА – HiRISE...

Останатиот дел од статијата е на следниот линк!



Фото бомби (1)

Серијал фото бомби! Останатите слики се на следниот линк!





Доаѓа Абрахам Линколн: Ловец на вампири!

Во режија на Тим Бартон ни доаѓа уште едно филмско доживување, наречено Абрахам Линколн: Ловец на вампири. Историјата го запамети Линколн како 16-тиот претседател и голем реформатор кој успеал да ги зачува соединетите држави. Но, според филмот, историјата што не го знае е тоа што Линколн го остварил ова преку ловење на вампири.

Целата статија со трејлерот е на следниот линк!


Пронајдени моторите на Аплоло 11 во Атлантскиот океан!

Џеф Безос, извршен директор на Амазон и основач на приватната вселенска компанија Сино потекло (Blue Origin), изјави дека ги лоцирал F-1 моторите кои го лансираа Аполо 11 на месечината!



Во приватна финансираната авантура, тимот на Безос користеше најнова технологија и сонар за да ги најде вселенските артефакти кои се наоѓаа 4.2 километри под Атлансткиот Океан повеќе од 40 години.

Целата статија тука!

Класичната музика ја подобрува операцијата!

Многу луѓе сакаат да слушаат музика додека работат, вклучувајќи ги и хирурзите. Но, новата студија која беше спроведена покажува дека кога класична музика се пушта за време на мали хирушки интервенции, пациентите закрепнуваат побрзо.



Студијата дошла до заклучок дека половина од пациентите на кои им била пуштана музика покажале низок степен на анксиозност и порелаксирани дишења и закрепнувале побргу од другите пациенти.

Целата статија е на следниот линк!

Како да направите батерија од лимон!

За да се направи батерија, во принцип не е комплицирано. Се што ви е потребно е мало познавање од хемија, па дури и да го немате, само следете ги следните чекори и ќе ви стане јасно. Корисна работа ако моментално дома немате батерии, а имате кило лимони на кои неможете да им најдете практична примена (освен лимонада).



Имено со лимонската батерија нема да можете да го користите за озбилна работа, туку само за светење на LED диода, што е практично во случај ако немате струја дома.

Чекор 1



Батериите се состојат од два различни метала кои се потопени во киселински раствор. Бакар и цинк функционираат најдобро со растворот, па така да во нашиот експеримент ќе ги користиме нив. За потребите на нашиот експеримент ќе ни бидат потребни  4 шајки и 4 бакарни парички...

Целата статија е на следниот линк!

Wednesday, March 28, 2012

BMW и Toyota ќе произведуваат заеднички батерии!

Светските произведители на автомобили BMW и Toyota постигнаа заеднички договор со кој ги соединуваат силите во производство на литиум-јонски батерии. Овие батерии ќе бидат основа за производство на еколошки технологии кои ќе ги напојуваат возилата на иднината!

Целата статија тука!


Пронајден „кралот на осите“ во Индонезија!

Нов вид на џиновски, отровни оси е пронајден на Индонезискиот остров Сулавеси (мапа на островот) изјавија научниците.

Новиот вид кој е со големина од 5 центиметри и со црна боја, е обвиен во мистерија. Како што пренесува National Geographic сите откриени примероци биле мртви.




„Не верувам некој истражувач да има најдено жив примерок, но тие имаат бизарен изглед“, вели ко-авторот Лин Кимси, ентомологист при Универзитетот во Калифорнија кој е еден од откривачите на овој инсект...

Целата статија е на следниот линк!

Управувајте го вашиот компјутер од вашиот Android телефон!

DroidPad е апликација која ќе ви заврши многу работа ако случајно останете со расипано глувче или тастатура. Апликацијата е проста за користење, која го претвора вашиот Андроид телефон или таблет во глувче или тастатура која може да ја користите на вашиот компјутер!


Единствената работа која е потребна за успешно управување е инсталација на мала сервер апликација која преку IP адреса се поврзува со вашиот мобилен телефон или таблет. 

Целата статија и линкот за симнување на апликацијата тука!

Tuesday, March 27, 2012

Што всушност се случува на Google+ !?

Google+ не доживеа некој успех како социјална мрежа во целина. Но, тоа нинџите и сакаат да го знаете! 


Извор: Таб.мк

Како се станува популарен во Македонија!

Како што рекол Алберт Анштајн: „Две работи се бесконечни: универзумот и човечката глупост; и не сум сигурен за универзумот.“

Можеби човекот пробал само да направи добра реклама, ама изгледа замислата и реализацијата му отишле во спротивен правец!


Извор: Таб.мк

Разлика помеѓу 3G и 4G!

Ако до сега се прашувавте која е разликата помеѓу 3G и 4G, погледнете ја следната слика и ќе ви стане појасно.


Извор: Таб.мк

Доаѓаат паметни штекери кои знаат што полнат!

Во денешно време повеќето од нашите штекери се прилично глупи. Вклучувате во нив некој потрошувач и струјата почнува да тече. Е ова стандардно користење на штекерите Сони планира да го смени. 



Сони измисли штекер кој користи технологија со паметна картичка за да го идентификува уредот кој е приклучен, па дури да го идентификува сопственикот на самиот уред.

Целата статија е на следниот линк!

Додадете непријатели на Facebook со помош на EnemyGraph!

EnemyGraph е апликација која стана вистински хит во последно време. Имено, со оваа апликација може да направите листа како непријатели, комшии што нервираат или некоја трета листа која на Вас ќе ви текне.


Целата статија е на следниот линк!

Како да го спасите вашиот телефон ако падне во вода!

Нокиа објави интересен туторијал низ слики како да го спасите вашиот телефон ако несакајќи се најде во вода. Корисен туторијал кој сите треба да го прочитаат.



1. Првиот чекор е да се извади од вода! Иако звучи очигледно, најбитна работа е телефонот да биде веднаш тргнат од било каков извор на влага за да се намали штетата...

Останатите чекори тука!

Panasonic ќе пушти европска верзија на Eluga

Panasonic не е компанија која може да се пофали со импресивна линија на паметни телефони, но тоа е така поради тоа што компанијата не продава телефони на светско ниво. Минатата година слушнавме дека Панасоник планира да ја прошири својата продажба во Јужна Америка и Европа.



Официјално во продажба треба да излезе европска верзија на Panasonic Eluga со Андроид оперативен систем од овој месец. Првичниот датум е поместен за крајот на месецот и Панасоник се надева дека во официјална продажба ќе се најде телефонот од 29 март, а знаејќи ги работите кај нас, телефонот сигурно ќе пристигне при крајот на годината.

Целата статија тука!

13 метарски авион од хартија!

Секој од нас како помал, или поголем од досада има направено авион од хартија. Но, на музејот за воздух и вселена им текна како реклама да направат авион од хартија од неверојатни 13.7 метри!
Се разбира за да го пуштат овој авион да лети и не е баш толку лесно, па така да пуштањето е извршено со помош на хеликоптер. 


Целата статија со видеото е на следниот линк!


Monday, March 26, 2012

Несекојдневен спектакл на небото: Месечина, Јупитер и Венера!

Вечерва во 19.30 на запад, на ноќното небо може да се погледне несекојдневен природен феномен. Венера, Јупитер и Месечината во вертикална линија.



Сепак, феноменот е видлив и од градска средина, па дури и направивме една слика со опрема која ни се најде при рака, LG Optimus 7 со 5 мегапикселна камера, ISO-0 и експозиција од 1/9 секунди. Интересен феномен кој не треба да се пропушти! Инаку на сликата е отсутен Јупитер затоа што веќе беше ниско на хоризонтот и немаше можност од градска средина да се фотографира.


Извор: Таб.мк

Среќен 81 роденден Спок!

Леонард Нимој, роден во 26.03.1931 година во Бостон, Масачутес денеска го прослави 81 роденден! Својата театарска кариера ја почнал на 8 годишна возраст, но стана познато име по 27 години, кога Sвездените Патеки почнаа да се емитуваат и Нимој ја доби светската позната улога на вулканецот Спок.


Но, освен оваа улога што го направи популарен, по завршување на сериите целата фама околу Спок му стана заморна на актерот, па се одлучи да напише автобиографска книга со наслов „Јас не сум Спок“, во која проба да се дистанцира од улогата на Спок.

Целата статија е на следниот линк!

Angry Birds Space симната од пола милион корисници!

Иако играта беше објавена пред само три дена, веќе ја достигна бројката од пола милион симнувања! Играта е вистински хит кај корисниците на Андроид и според официјалните изјави играта треба наскоро да се најде и на другите платформи.

Целата статија со видеото е на следниот линк!


Новите авиони ќе летаат со мотори од горна страна!

Овој концепт на НАСА се нарекува AMELIA (Advanced Model for Extreme Lift and Improved Aeroacoustics) што е кратенка за Напреден модел за екстремен потисок и подобрена аеронаутика.

Тука се битни две работи кои треба да се запазат, а тоа се „екстремен потисок“ и „подобрена аероакустика“ кои се остварени со монтажа на моторите од горната страна на авионот наместо на долната стандардна страна кај повеќето авиони денес.



Целата статија е на следниот линк!

Како во 1932 година беше замислена иднината!

Извадок објавен во списанието Секојдневна наука и механизми во 1934, насловен „Кога сопствениците на куќа мотаат сами“ (When Home Owners Roll Their Own), не се бавеше за легазилација на марихуана, туку имаше радикален поглед инспириран од патент кој беше поднесен две години порано. Визијата била вашиот дом може да го носите со себе, кој претставува голема топка!

Останатиот дел од статијата е на следниот линк!

Sunday, March 25, 2012

iPhone 5: Што знаеме до сега!?


До сега на интернет може да се пронајдат официјални и неофицијални информации за следната петта верзија на iPhone. Информациите одат од неверојатни, како целиот телефон ќе биде од стакло, што со денешниот степен на технологија е тешко да се оствари и/или потребните технологии се во својот зачеток. Но, како и да е, има информации кои држат вода, како новиот телефон ќе подржува LTE, ќе има поголем екран и тн...

Целата статија е на следниот линк!

Како се чистеше снегот и бркаа криминалци во СФРЈ!

Застава, бисер на социјалистичката идила, а со него и светски познатото Фиќо, легенда на едно минато време.

 

Автомобил кој имаше универзална примена. Неколку слики и видео на тоа како оваа кола имаше универзална примена. Аааах, фиќо! 

Остатокот од сликите и видеото е на следнот линк!





Marshall направи појачало – фрижидер!

Маршал, компанијата која стои позади светски познатите појачала направи еден неверојатен додаток во својата колекција на појачала.

 

Новото појачало - фрижидер доаѓа по цена од 300 долари и ќе се најде во официјална продажба од 1 октомври оваа година, со стандардна големина од 1.3 метри ова мини фрижидерче ќе ги изненади вашите најблиски.

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Saturday, March 24, 2012

Како Стивен Сегал изразува емоции!

Сите емоции на Стивен Сегал на едно место!


Извор: Таб.мк

5 недостатоци кај паметните телефони и како да се справите со нив!

Сите паметни телефони имаат предности и недостатоци. Добар дизајн, но лош живот на батеријата. Интересни игри, но слаби надградби, доплата за одредени опции и тн. Овде ќе стане збор за 5 недостатоци кои речиси сите корисници на паметен телефон ги имаат искусено. Па да почнеме со ред.



1. Затворени батерии и краток живот на батериите

Најновите паметни телефони ни доаѓаат со безброј опции, како 3G, 4G, LTE подршка, 4 или поголем инчен екран, безброј додатоци и тн. Но, се разбира сето ова доаѓа со додатна цена, слаб живот на батеријата. Но, наместо да се има опција за промена на батеријата се поголем дел на производители на паметни телефони ги вградуваат батериите во самиот телефон со што не ви даваат опција за промена на истите. Таква ќе биде и новата серија на HTC – One, па потоа Motorola, Samsung, Nokia и набројувањето продолжува до недоглед...

Останатиот дел од статијата е на следниот линк!


Меѓународната Вселенска Станица замалку избегна судар!

Уште еден замалку избегнат судар помеѓу Меѓународната Вселенска Станица која е во орбита околу Земјата и остаток од руска ракета, која беше детектирана во петок, но немаше време за да се изведат потребните маневри за да се помести 500 – тонската станица, па така да 6 члениот екипаж кој е на станицата најде засолниште во двата Сојуз брода кои се прикачени на станицата во злучај на опасност веднаш да заминат на Земјата. 

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!




Новиот прототип на возило може да оди странично и дијагонално!

Постојат голем број на идеи кои помагаат при личната мобилност, но овој прототип ги надминува сите пред него. Личното мобилно возило (Permoveh – Personal Mobile Vehicle) е развиено од страна на Комори Масахару, професор на Кјото универзитетот. Останатиот дел од статијата со видеото е на следниот линк!


NBA Jam, FIFA 2012 и Angry Birds Space доаѓаат на Android!

Оваа недела неколку интересни наслови треба да пристигнат за Андроид како NBA Jam, FIFA 2012 и Angry Birds Space. Па ајде сега по ред да ги погледнеме престојните игри кои наскоро ќе се најдат на Андроид пазарот (Google Play).

NBA Jam




Оваа игра е класична NBA Jam од старите аркадни игри со надградени ротирања и подобра графика. Оваа игра се игра 2 на 2, со неверојатни финти, самозапалување и BOOMSHAKALAKA! Ако сте немале шанса како дете да ја играте на флипер, сега ќе ви се укаже шанса на вашиот телефон да го проживеете детството...

Останатиод дел од статијата е на следниот линк!

Friday, March 23, 2012

Facebook направи апдејт на прегледувачот за слики!

Фејсбук воведе нова новина во начинот на кој се прегледуваат сликите на овој социјален сервис. Сега корисниците ја имаат опцијата за прегледување на сликите на целиот екран, како и прегледувач за слики со висока резолуција, каде сликите се прикажуваат поголеми од претходно како што е прикажано на сликата.

Целата статија е на следниот линк!


Пристигна апликација која ви дозволува да повикувате непознати луѓе во ваша близина!

Кој е блиску до мене (Who’s Near Me Live) е име на новата апликација и  на компанија која ја измисли оваа апликација. Имено, со апликацијата ќе може да видите кои корисници се наоѓаат во ваша близина и можност да им се јавите и да правите муабет.



Лично на мене овој концепт ми е малку чуден и неверојатен дали ќе успее ај нас, но на запад очигледно функционира, најчесто кај младите. Апликацијата може да се најде за iPhone, Windows Mobile и Windows Phone, а наскоро се очекува верзија и за Android.

Целата статија е на следниот линк!

Месенџер пронајде заледена вода на Меркур!

Месенџер, сателитот на НАСА пронајде силни индикации за заледена вода на Меркур. Но, како може да има заледена вода во пекол како Меркур при температури од  400ºC?


Откритието, кое е објавено во Science беше на изненадување на сите. Никој не се надеваше дека пеколот како Меркур може да има вода. Ова е всушност цврст доказ дека на места каде што најмалку би се очекувало постоење на вода, всушност знаат да изненадат!

Целата статија е на следниот линк!

Архивите на Анштајн на интернет!

Алберт Анштајн е најславниот научник во историјата кој ги развил најбитните теореми во науката кои се познати денес. Анштајн умрел пред околу 60 години, но неговиот допринес во науката живее уште.



Во следните неколку години, комплетните архиви на сите достигнувања на Алберт Анштајн ќе бидат ставени онлајн за прв пат.

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Youtube ги претстави победниците од Space Lab наптреварот



Space Lab беше натпревар организиран од Youtube и Lenovo со кој младите истражувачи беа предизвикани да дадат свои идеи за научни експерименти во вселената. Два победника беа избрани од илјадници конкуренти, базирано на гласовите од корисниците на Youtube и тим на судии експерти.

Победија експериментите на Дороти и Сара од САД и Амр од Египет. Повеќе на tab.mk

Научниците пронајдоа лек против ќелавост!

Ќелавоста е еден од најголемите проблеми со кои се соочува машката популација. Но, сега може да се опуштите, затоа што научниците пронајдоа зошто мажите оќелавуваат и веќе имаат начин за да го сопрат тој процес!

Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија извршиле тестирања врз разни типови на ќелавост кај мажите. Тие откриле дека ткивото на ќелавите места има три пати поголема концентрација на масни соедниненија наречени Prostaglandin – PGD2. Истражувањето е објавено во списанието Транснационална научна медицина. 

Целата статија е на следниот линк!




Thursday, March 22, 2012

Со бришење на пријатели му ја намалувате заработката на Facebook!?

Еве уште едно интересно истражување кое е поврзано со глобалната социјална мрежа – Фејсбук.

Седнувате пред компјутер и ви текнува да направите чистка во вашата листа на пријатели. И така, скролате, бришете, скролате, бришете, се додека не сте задоволни од финалниот продукт, а тоа е чисто веб социјално место само за вашите пријатели.



Вакви „чистки“ станаа тренд на светско ниво, и само минатата година овој процент се зголемил од 56 проценти во 2009, на 63 проценти во 2011 година. Во бројки би било, 158 милијарда луѓе биле тргнати од листата на пријатели во 2009 година, додека таа бројка изнезува пола милијарда во 2011 година.

Целата статија е на следниот линк!

Најново достигнување на модерната технологија - USB компир!

Технолошките пронајдоци кои сигурно нема да го сменат светот, но сепак се забавни. Едно такво лично достигнување е и следната слика, USB компир со капацитет од неверојатни 97.6 GB. А во случај да ви се расипе, во секое време ќе може да си направите вкусен помфрит!


Извор: Таб.мк

5 историски артефакти кои сеуште работат!

Следните 5 историски артефакти не се од народната митологија и фолклор како вампири, туку се технолошки пронајдоци и откритија кои му одолеале на забот на времето и сепак после толку време сеуште функционираат!

5. Сијалицата која работи 110 години
Во 1901 година, пожарникарскиот одред во Калифорниа решил да се модернизира и да ја испроба, во тоа време хит сензацијата „електрична енергија“. Па, тие поставиле електрично осветлување низ целата станица со за тоа време модерни електрични светилки на вжарено влакно.

И, после 110 години, една од оригиналните светилки сеуште работи!

Останатите артефакти се на следниот линк!


Во недела почнува летно сметање на времето!

Летното сметање на времето ќе почне ноќта помеѓу 24 и 25 март со поместување на часовниците во 2 часот за еден час понапред. Летното сметање ќе трае до 28 октомври кога се преминува на зимското сметање.


Летното сметање на времето или летното време е конвенција за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На Јужната хемисфера почетокот на летното време е обратен од Северната.

Целата статија е на следниот линк!

Како изгледа новото Porsche 918 hybrid!?

Концепти и концепти. Футуристички дизајни, со заоблени линии и изглед кој е изваден од страница на некоја научно фантастична книга.

Но, ова не е случај и со концептот кој успеа да заврши во реалноста. Беше толку добро осмислен, што мораше да биде направен! Целата статија е на следниот линк!