Showing posts with label Астрономија. Show all posts
Showing posts with label Астрономија. Show all posts

Thursday, April 5, 2012

Астронаутите ја направија милионитата фотографија

Фотографијата која беше направена, се разбира е фотографија од Земјата со приказ на компонентите од Меѓународната вселенска станица. Станицата беше на оддалеченост од 387 километри кога беше сликана фотографијата. Оваа фотографија е милионитата фотографија сликана од всленеската станица, на која се гледа станицата на југоисток од Тасманиското море.


Останатиот дел од статијата може да го прочитате на следниот линк!

Tuesday, April 3, 2012

Астероидот што помина на 1ви април не беше шега!

Астероидот кој помина на 1ви април и беше во светските медиуми, каде поради денот на шегата не ја преземавме веста, всушност не беше шега! Да, се работеше за вистински астероид, наречен 2012 EG5, кој помина на оддалеченост помеѓу Земјата и Месечината од 230.136 километри (143.000 милји).



Астероидот беше со големина од 46 метри и беше пронајден на 15 март 2012. Ова значеше дека неговата орбита била „непредвидлива“ и претставувал закана за Земјата. Од скалата од 0 до 9, објектот бил категоризиран со 5 и ја помина Земјата во 5:32 источно време.

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Monday, April 2, 2012

Како е создаден Универзумот!

Можеби едно од најголемите и најделикатните прашања во историјата на човештвото е создавањето на Универзумот. Па, преку следната слика, на најпрост можен начин се објаснува создавањето на Универзумот.


Извор: Таб.мк

Thursday, March 29, 2012

Сликани облаци на Марс!

Многумина не знаат дека и Марс има облаци исто како и на Земјата. Се разбира, ова е возможно поради тенката атмосфера сто ја има на црвената планета.
Најновата фотографија од облаците на Марс е направена од сателитот на НАСА – HiRISE...

Останатиот дел од статијата е на следниот линк!



Пронајдени моторите на Аплоло 11 во Атлантскиот океан!

Џеф Безос, извршен директор на Амазон и основач на приватната вселенска компанија Сино потекло (Blue Origin), изјави дека ги лоцирал F-1 моторите кои го лансираа Аполо 11 на месечината!



Во приватна финансираната авантура, тимот на Безос користеше најнова технологија и сонар за да ги најде вселенските артефакти кои се наоѓаа 4.2 километри под Атлансткиот Океан повеќе од 40 години.

Целата статија тука!

Monday, March 26, 2012

Несекојдневен спектакл на небото: Месечина, Јупитер и Венера!

Вечерва во 19.30 на запад, на ноќното небо може да се погледне несекојдневен природен феномен. Венера, Јупитер и Месечината во вертикална линија.



Сепак, феноменот е видлив и од градска средина, па дури и направивме една слика со опрема која ни се најде при рака, LG Optimus 7 со 5 мегапикселна камера, ISO-0 и експозиција од 1/9 секунди. Интересен феномен кој не треба да се пропушти! Инаку на сликата е отсутен Јупитер затоа што веќе беше ниско на хоризонтот и немаше можност од градска средина да се фотографира.


Извор: Таб.мк

Saturday, March 24, 2012

Меѓународната Вселенска Станица замалку избегна судар!

Уште еден замалку избегнат судар помеѓу Меѓународната Вселенска Станица која е во орбита околу Земјата и остаток од руска ракета, која беше детектирана во петок, но немаше време за да се изведат потребните маневри за да се помести 500 – тонската станица, па така да 6 члениот екипаж кој е на станицата најде засолниште во двата Сојуз брода кои се прикачени на станицата во злучај на опасност веднаш да заминат на Земјата. 

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!




Friday, March 23, 2012

Месенџер пронајде заледена вода на Меркур!

Месенџер, сателитот на НАСА пронајде силни индикации за заледена вода на Меркур. Но, како може да има заледена вода во пекол како Меркур при температури од  400ºC?


Откритието, кое е објавено во Science беше на изненадување на сите. Никој не се надеваше дека пеколот како Меркур може да има вода. Ова е всушност цврст доказ дека на места каде што најмалку би се очекувало постоење на вода, всушност знаат да изненадат!

Целата статија е на следниот линк!

Thursday, March 22, 2012

Во недела почнува летно сметање на времето!

Летното сметање на времето ќе почне ноќта помеѓу 24 и 25 март со поместување на часовниците во 2 часот за еден час понапред. Летното сметање ќе трае до 28 октомври кога се преминува на зимското сметање.


Летното сметање на времето или летното време е конвенција за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На Јужната хемисфера почетокот на летното време е обратен од Северната.

Целата статија е на следниот линк!

Wednesday, March 21, 2012

Поглед во идните вселенски летала!

Во јуни 2010 SpaceX ја лансираше во вселената упростената верзија на својата Dragon капсула, што беше почеток на првиот приватен вселенски брод во историјата и беше комплетен успех! Денеска, дојде ред на последните припреми на човечко тестирање, каде во оваа фаза ќе се испратат астронаути во вселената.

Ова е важен чекор, како што пренесува Gizmodo, за да престанат Американците да бидат зависни од руските дотраени Сојуз ракети за лансирање на астронаути до вселенската станица. По завршување на шатл програмата, се створи вакуум простор кој мораше бргу да се пополни и кој НАСА сама неможеше поради ограничени средства.

Целата статија е на следниот линк!


Tuesday, March 20, 2012

Новите сателити ќе бидат опремени со едра!?

Системот е наречен IDEAS (Innovative DEorbiting Aerobrake System) или во превод иновативен деорбитирачки систем за воздушно сопирање. Системот се планира да отвори јарболи кои би носеле едра, кои пак би го зголемиле триењето кое дејствува на сателитите и ќе го забрза нивното спуштање од орбита. Така, сателитите место за 50 - 100 години, ќе се вратат за 25 години.

Целата статија е на следниот линк!


Sunday, March 18, 2012

Летно сметање на времето!

Летното сметање на времето или летното време е конвенција за поместување на часовниците така што попладнето да има повеќе дневна светлина, а за сметка на тоа утрата да бидат пократки. Вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905. од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916. како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат овој систем. 


Денес во Европа е прифатена конвенцијата летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На Јужната хемисфера почетокот на летното време е обратен од Северната.

Целата статија е на следниот линк!

Friday, March 16, 2012

Звукот на сончева бура!

Обично податоците соберени од вселенските сонди, кои не припаѓаат на оној дел од електромагнетниот спектар кој можеме да го видиме, се обработуваат во „лажни бои“. Лажните бои не одговараат на тоа што би гледале...

Целата статија е на следниот линк!

Wednesday, March 14, 2012

Што би се случило при судир на астероид и нуклеарка!?

Научниците во националната лабараторија во Лос Аламос користат суперкомпјутер, со моќност од неверојатни 32.000 процесори, за да определат како атомска бомба од еден мегатон ќе детонира во вселената при судир со астероид кој се наоѓа на курс за Земјата. Видеото е на следниот линк!

Tuesday, March 13, 2012

21.12.2012 година ќе биде само уште еден нормален ден!

Околу бомбастичните наслови дека оваа година ќе биде крај на свет и уште поголемото присуство на сектите кое се интензивираше во последно време ( лично авторот имаше случај со проповедници кои одат врата на врата ) дека се ближи крајот, дека оваа година ќе паднел најголемиот астероид, дека Маите биле во право ( појавување на експерти по телевизија ) и календарот завршува баш на овој датум, и што уште не! Целата статија со видеото е на следниот линк!

Thursday, March 8, 2012

Затемнување на Сонцето - одблизу

Сите сме виделе (ако не сте, ќе видите) како изгледа затемнувањето на Сонцето гледано од Земјата. Но, ваков поглед одблизу ретко се гледа, а ни го пружа Solar Dynamics Observatory (SDO)...
Целата статија, со оригиналната слика е на следниот линк!

Слика од Чандра од формирање на јато ѕвезди!

Новата слика која е добиена од страна на опсерваторијата за Х - зраци Чандра, ја покажува на сликата галаксијата М82 која е создадена со формација на ѕвезди кои се формирани со огромна брзина на движење. М82, се наоѓа на около 12 милиони светлосни години (1 светлосна година изнесува 300 000 км во секунда) и е најблиското место за нас, каде што условите се слични на оние кога универзумот бил помлад со многу ѕвезди, во тек на неговото формирање. Целата статија на слендиот линк!