Showing posts with label Технологии. Show all posts
Showing posts with label Технологии. Show all posts

Thursday, April 19, 2012

Наскоро! Вибрирачки седишта во кино!

Целото 3D искуство не доживеа некој успех, баш поради фактот што денес секој може да си го симне филмот дома. Но, како што вели народната, ако не успееш од првпат, пробај пак, во овој случај пробај пак со 3D вибрирачко искуство.


Компанијата наречена Tremor FX дизајнира нов вид на кино седишта кои имаат вградени актуатори кои креираат вибрации и сензација која одговара со акцијата на екранот.

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!


Sunday, April 15, 2012

Компјутери со крабја логика!

Заборавете на квантните компјутери, молекуларните компјутери, графенот... Компјутерскиот развој доби нова димензија и насока: краби!

Имено, тим научници од Јапан успеаа да развијат начин како специфичното движење на одредена врста краби да се искористи наместо логички порти. Прочитајте повеќе на таб.мк!

Слика: Robandstephanielevie

Tuesday, April 10, 2012

Нова заштита за паметни телефони и таблети која се регенерира!

Заштита на екранот може да се најде при рака за да се избегне гребење и нечист екран на вашиот телефон или таблет. Овие заштити знаат да направат чуда, но се деградираат со текот на времето. Па тука почнува макотрпниот процес во поставување на нова заштита во која ќе треба да ја поставите идеално за да нема меурчиња.


Ова можеби ќе го избегнете во блиска иднина. Компанијата Toray Advanced Film работи на специјална заштита која е во можност да се „лечи“ самата себе!

Целата сттаија може да ја прочитате на следниот линк!


Monday, April 9, 2012

Внимание! Експлодира кинески телефон во џеб!

На 55 годишниот корисник на кинески телефон со 3 сим картици од Банког после оваа случка ќе му дојде паметот за да не користи шкарт телефони.


Имено, Танит Фонгси го купил телефонот затоа што бил евтин и подржувал три SIM картици. Телефонот бил купен пред една година по цена од 3.000 THB, што изнесува 97 американски долари и пред овој инцидент немал никаков проблем. Фонгси тврди дека вечерта пред несреќниот инцидент го полнел телефонот и следниот ден, за време на ручекот, телефонот без никакви индикации експлодирал!

Целата статија е на следниот линк!


Како се правеше HTC EVO 4G LTE

Сакате да дознаете како се правеше новиот телефон на HTC кој беше најавен минатата недела? Ако сте еден од љубопитните, тогаш следното видео ќе ве воодушеви што се е искористено за да се направи овој паметен телефон.


Целата статија со видеото е на следниот линк!

Sunday, April 8, 2012

Intel и Nissan во соработка на систем за информација кај Infiniti 2013

Моделот кој беше откриен на Интернационалното автомобилско шоу кое се одржува во Њу Јорк, доаѓа со компјутер кој е изработен со заедничка соработка на овие две компании. Внатре се наоѓа моќен Atom процесор кој има NFC подршка за влегување во колата без клуч, но сеуште нема официјален збор дали ќе може и да се запали со помош на паметен телефон.


Целата статија е на следниот линк!

Saturday, April 7, 2012

Најтивкото место во светот ќе ве полуди за 45 минути!

Најтивкото место во светот е мала соба која се наоѓа во Минесота и блокира 99% од сите надворешни звуци. Ова се импресивни податоци, но што е поинпресивно е дека никој не може да издржи повеќе од 45 минути во таа соба!


Ова се случува поради фактот што во изолирање на надворешните звуци, ушите се адаптираат. Со потивка соба, толку повеќе работи ќе слушнете. Ќе го слушнете чукањето на вашето срце, понекогаш и вашите бели дробови, а нема да изостане и крчењето на вашиот стомак.

Целата статија е на следниот линк!


Симулатор за тренирање на фармери во Северна Кореја

Некако на Северна Кореја и беше даден стереотип дека е заостаната во време и дека не е спремна да ги прифати новите технологии кои може да ја подобрат земјата. Но, како што е прикажано на сликата, изгледа дека тоа не е веќе така.


Целата статија е на следниот линк!

Friday, April 6, 2012

Квантен компјутер во дијамант!



Научниците од универзитетот во Јужна Калифорнија вградија квантен дво-кјубитен чип во дијамант, со тоа донесувајќи ги квантните компјутери поблиску до секојдневието!

Повеќе за квантниот компјутер во дијамант на нашиот сајт!

Глупост на денот: Велосипед невидлив за радар!

Еве уште една инвентивна глупост која нема да ви е потребна во животот, освен ако сакате да влезете во воена база незабележано.


Експерименталниот X-9 Nighthawk е велосипед кој ќе биде незабележлив за радарите ако планирате да украдете строго чувана тајна, на пример во Рузвел, Ново Мексико од Ареа 51. Велосипедот е направен од лесни јаглеродни влакна и оваа технологија се користи, барем делумно во изработка на невидливи ловци.

Целата статија е на следниот линк!


Американците направија робот за гаснење пожар

Американската морнарица направи робот за гаснење на пожари. Дури и во време на мир, пожарот останува главна опасност со која мора да се соочи секој. Новиот робот е развиен за да функционира со човечка интеракција. 



Првичните тестови се успешни као што може да се забележи од видеото. Сепак, роботот има морбидна појава, а видеото изгледа како да е извадено од лош научно-фантастичен филм. 

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Thursday, April 5, 2012

Google со видео за новите паметни очила

 Google го објави видеото од паметните наочари кои како што може да се забележи се со аугментна реалност.



Од останатите спецификации очилата ќе бидат интегрирани со Android оперативниот систем, ќе подржуваат повици, Google Maps, како и навигација и тагирање. Ќе има автоматско споделување со круговите на Google+ и целосна интеграција со целиот екосистем на Google. 

Видеото може да го погледнете на следниот линк!


Во Њу Јорк ќе биде прикажан новиот 2013 Lexus ES

Lexus секогаш изненадува со својата иновативност, па така да и овојпат нема да остави никој рамнодушен со новиот автомобил од својата седан серија, 2013 Lexus ES. ES е кратенка за „емоцијален седан“, кој според дизајнерите ја побудува оваа емоцијална слика.

 

Новиот 2013 Lexus ES има некои сличности со своите претходници, но поголемиот дел е уникатен само за овој модел. Автомобилот доаѓа со голем LCD дисплеј кој е лоциран високо на контролната табла, кој е управуван со Lexus интегриран интерфејс на допир, што ја прави навигацијата низ системот на Lexus упростена и интиутивна. Автомобилот е обложен со обично и бамбусово дрво. Централната конзола има додатни опции за аудио системот.

Целата статија е на следниот линк!


Wednesday, April 4, 2012

Пристигнуваат флексибилни е-весници!

LG е произведувач кој се има докажано на многу полиња. Последното парче иновација која ни доаѓа од LG е дигитален весник. Не во смисла да го читате пред компјутер, таблет или лап топ, туку го купувате еднаш транспарентниот тенок екран и го ажурирате секојдневно.



Новото парче хардвер е наречено „e-paper“ и има дисплеј со големина од 6 инчи со резолуција од 1024 x 768, што ќе направи револуција во читањето на стандардните новини со неговите функционалности и дизајн.

Целата статија е на следниот линк!

Tuesday, April 3, 2012

Garmin и Suzuki се здружуваат за производство на попаметни информативни системи

Автомобилот не е повеќе средство за транспорт, кое ви помага да стигнете од точка А до точка Б. Низ годините, автомобилите станаа полуксузни и поквалитетни, во смисла на материјалите за нивна изработка. Гледајќи наназад, од времето на првите автомобили па до денес, автомобилите имаат неверојатна трансформација. Инаку и здружувањето на големите компании не е непозната територија и тоа се прави секојдневно. Претходната недела договор за здужување во производство на батерии постигнаа BMW и Toyota.


Целата статија е на следниот линк!

Monday, April 2, 2012

Марио Брос во кутија!

За сите љубители на култната игра со која израснаа генерации (авторот е еден од нив), ни доаѓа нова ретро рекреација на култната игра – Марио Брос. Новото продолжение е дело на дечките од Teague Labs и за разлика од класичното Марио и не е толку лесно.

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Sunday, April 1, 2012

Google ќе ги продава своите таблети директно на потрошувачите!

Еве уште една гласина: Гугл, според Wall Street Journal ќе ги продава своите таблети директно до потрошувачите. Тешко е, кога еден реномиран весник ќе почне да објавува гласини, но наведува неколку извори кои според весникот се проверени. Но, Гугл уште нема излезено со официјална изјава.



Имено, според весникот, Google планира да ги продава само таблетите кои се брендирани со нивното лого и да отвори онлајн продавница во стилот на Амазон. 

Целата статија е на следниот линк!

Thursday, March 29, 2012

Како да направите батерија од лимон!

За да се направи батерија, во принцип не е комплицирано. Се што ви е потребно е мало познавање од хемија, па дури и да го немате, само следете ги следните чекори и ќе ви стане јасно. Корисна работа ако моментално дома немате батерии, а имате кило лимони на кои неможете да им најдете практична примена (освен лимонада).



Имено со лимонската батерија нема да можете да го користите за озбилна работа, туку само за светење на LED диода, што е практично во случај ако немате струја дома.

Чекор 1



Батериите се состојат од два различни метала кои се потопени во киселински раствор. Бакар и цинк функционираат најдобро со растворот, па така да во нашиот експеримент ќе ги користиме нив. За потребите на нашиот експеримент ќе ни бидат потребни  4 шајки и 4 бакарни парички...

Целата статија е на следниот линк!

Wednesday, March 28, 2012

BMW и Toyota ќе произведуваат заеднички батерии!

Светските произведители на автомобили BMW и Toyota постигнаа заеднички договор со кој ги соединуваат силите во производство на литиум-јонски батерии. Овие батерии ќе бидат основа за производство на еколошки технологии кои ќе ги напојуваат возилата на иднината!

Целата статија тука!


Tuesday, March 27, 2012

Доаѓаат паметни штекери кои знаат што полнат!

Во денешно време повеќето од нашите штекери се прилично глупи. Вклучувате во нив некој потрошувач и струјата почнува да тече. Е ова стандардно користење на штекерите Сони планира да го смени. 



Сони измисли штекер кој користи технологија со паметна картичка за да го идентификува уредот кој е приклучен, па дури да го идентификува сопственикот на самиот уред.

Целата статија е на следниот линк!