Showing posts with label допир. Show all posts
Showing posts with label допир. Show all posts

Thursday, April 5, 2012

Како Nokia ги замислуваше телефоните на допир во 2006

Нокиа е компанија која е позната по својата иновативност и следното видео е доказ за тоа. Имено, Нокиа уште во 2006 година ја замисли иднината на екраните на допир, кога iPhone-от уште беше планиран, а никаде на повидок не беа Android паметните телефони.


Некои од опциите кои се прикажани во видеото можеби ќе ви изгледаат смешни, но некои од нив се одлично погодени за тоа какви опции треба да има еден паметен екран со екран на допир.

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Sunday, April 1, 2012

Google ќе ги продава своите таблети директно на потрошувачите!

Еве уште една гласина: Гугл, според Wall Street Journal ќе ги продава своите таблети директно до потрошувачите. Тешко е, кога еден реномиран весник ќе почне да објавува гласини, но наведува неколку извори кои според весникот се проверени. Но, Гугл уште нема излезено со официјална изјава.



Имено, според весникот, Google планира да ги продава само таблетите кои се брендирани со нивното лого и да отвори онлајн продавница во стилот на Амазон. 

Целата статија е на следниот линк!

Tuesday, March 27, 2012

Panasonic ќе пушти европска верзија на Eluga

Panasonic не е компанија која може да се пофали со импресивна линија на паметни телефони, но тоа е така поради тоа што компанијата не продава телефони на светско ниво. Минатата година слушнавме дека Панасоник планира да ја прошири својата продажба во Јужна Америка и Европа.



Официјално во продажба треба да излезе европска верзија на Panasonic Eluga со Андроид оперативен систем од овој месец. Првичниот датум е поместен за крајот на месецот и Панасоник се надева дека во официјална продажба ќе се најде телефонот од 29 март, а знаејќи ги работите кај нас, телефонот сигурно ќе пристигне при крајот на годината.

Целата статија тука!

Sunday, March 25, 2012

iPhone 5: Што знаеме до сега!?


До сега на интернет може да се пронајдат официјални и неофицијални информации за следната петта верзија на iPhone. Информациите одат од неверојатни, како целиот телефон ќе биде од стакло, што со денешниот степен на технологија е тешко да се оствари и/или потребните технологии се во својот зачеток. Но, како и да е, има информации кои држат вода, како новиот телефон ќе подржува LTE, ќе има поголем екран и тн...

Целата статија е на следниот линк!

Wednesday, March 21, 2012

Samsung Galaxy Nexus и во Македонија!

Можеби ова не е некоја новост, но за оние што не знаат од пред месец дена и во Македонија може да се купи овој паметен телефон!

Телефонот е најавен во октомври 2011, и од февруари 2012 е достапен за корисниците во Македонија. Телефонот има подршка за 2G (GSM 850/950/1800/1900) и 3G (HSDPA 850/900/1700/1900/2100). Димензиите на телефонот се 135.5 x 67.9 x 8.9 mm и има тежина од 135 грама.



Телефонот доаѓа со AMOLED екран на допир, со големина од 4.65 инчи и резолуција од 720 x 1280 пиксели. Густината на пакување на пикселажата му е приближно 316ppi. Од другите карактеристики телефонот има мулти-тач подршка, сензор за автоматско ротирање, команди на допир, жироскоп. Подржува MP3 и WAV рингтонови и има стандарден 3.5 mm приклучок...

Целата статија е на следниот линк!



Monday, March 19, 2012

Нов таблет од Asus за само 149 долари!

Во јануари, Асус излезе со изјава дека ќе донесе таблет по цена од 249 долари, со 7 инчен дисплеј, NVIDIA Tegra 3 quad-core процесор и Андроид 4.0. Сега излезе уште една официјална изјава, дека ќе се направи уште поевтина верзија на овој таблет, по цена од неверојатни 149 долари!Оваа верзија ќе го носи брендот Nexus и можеби нема да го има Tegra quad-core процесорот...

Целата статија е на следниот линк!


Friday, March 16, 2012

Новиот телефон на Sony - Xperia Sola!

Sony Mobile го претстави на јавноста својот нов Андроид телефон - Sony Xperia Sola. Паметниот телефон е опремен со 3.7 инчен екран на допир, со резолуција од 854 x 480 пиксели.Телефонот доаѓа со дво-јадрен процесор со такт на работа од 1 GHz, NFC подршка, DLNA, Wi-Fi и Bluetooth. Телефонот располага со 5 мегапикселна задна камера со 720p HD снимање и предна 1 мегапикселна камера.  Видеото и целата статија е на следниот линк!

Saturday, March 10, 2012

Истражувачкиот оддел на Microsoft направи прототип на екран на допир со време на доцнење од само 1 ms!

Лабараторијата на Мајкрософт разви прототип екран на допир кој го намалува времето на доцнење или гејмерски кажано - лагирање на екраните на допир на само 1 ms. Додека сегашните паметни телефони и таблети со целосно оптимизирани оперативни системи како Windows Phone и iOS не лагираат при работа, истите имаат време на доцнење од околу 100 ms пред влезната информација да биде препознаена и претворена во интеракција на корисничкиот интерфејс.

Целата статија, како и линкот до видеото тука!

Friday, March 9, 2012

Компанијата Alibaba го пушти својот прв мобилен оперативен систем Aliyun OS и телефон K-Touch W700!

Спремни сте за уште еден мобилен оперативен систем? Компанијата Alibaba го пушти својот нов мобилен оперативен систем наречен Aliyun OS. Новиот оперативен систем, како што може да се забележи од сликата многу потсетува на Android и не е изненадување што сите апликации од пазарот на Android се компатибилни со овој оперативен систем, преку Waterloo емулатор. Уште не е познато како ова ќе функционира, но знаејќи ги Кинезите, сигурно имаат најдено начин...

Целата статија ан следниот линк!

Колку може да издржи маската на Xperia S!?

Ако и Вие се прашувате исто, што се може да издржи маската кај Xperia S, тогаш ова видео ќе ви го даде вистинскиот одговор. Маската е шкртана со траен маркер и чудно е колку лесно се брише со обична гума! Видеото од тестот, како и целата статија може да ја прочитате на следниот линк!




Wednesday, March 7, 2012

10 Чудни контролери

Сите гејмери сме навикнати на џојстици, џојпади, па дури и на пиштолите кои можеа на времето да се купат за Нинтендо. Поновата генерација конзоли донесоа револуција во контролерите, па сега играњето игри и не е така статична работа. Дека иновацијата нема граници, доказ се следните уреди:

10. Xbox 360 QWERTY Text-Input Keyboard


Овој контролер за Xbox ви нуди уникатна можност да четате со вашите пријатели додека играте игри, со тоа што значително го олеснува процесот со помош на вградената QWERTY тастатура. Навистина незнам кој сака да е истовремено и на чет и да игра игри на конзола...


Целата статија на следниот линк!


Monday, February 27, 2012

Новата Nokia со 41 MP камера!


Да, добро прочитавте. И не, не е лага! Нокиа на Мобилниот Светски Конгрес освен што го објави новиот член на фамилијата Lumia - Nokia Lumia 610, дојде на ред и нов Symbian  мобилен телефон со импресивна 41 мегапикселна камера!

Новиот Pure View 808 телефон доаѓа со импресивен 41 мегапикселен сензор и ви дозволува да изберете помеѓу 5, 8 или 38 мегапикселни фотографии. Исто така телефонот има и ипресивен аудио квалитет.



Останатите спецификации може да ги погледнете подоле:

Димензии

* Големина: 123.9 x 60.2 x 13.9 mm (17.95 mm кај камерата)
* Тежина (со батерија): 169 g

Меморија

* 16 GB внатрешна меморија
* Подршка до 48 GB со microSD мемориска картичка
* Подршка за USB mass memory за сочувување на слики, документи и др.

Конекција

* Bluetooth 3.0
* HDMI
* DLNA
* High speed USB 2.0 (micro USB)
* USB On-the-Go
* 3.5 mm Nokia стандарден аудио конектор
* NFC
* WLAN
* A-GPS
* FM transmitter

Перформанси на батерија

* Време на разговор (максимум):
- GSM до 11 часа
- WCDMA до 6.5 часа
* Време на мирување (максимум):
- GSM до 465 часа
- WCDMA до 540 часа

Телефонот се очекува во продажба од Мај со цена од 405 Евра. Повеќе информации на официјалната страна на Нокиа на следниот линк.







Thursday, February 23, 2012

Истражувачкиот оддел на Microsoft направи капацитивен екран на допир кој работи преку облека!


Истражувачкиот оддел на Microsoft работи на капацитивна сензорска технологија која ќе им дозволи на корисниците да ги управуваат своите паметни телефони без да ги вадат од своите џебови или футроли.


Прототипот се состои од мулти капацитивен сензор на допир кој е прицврстен на задната страна од паметниот телефон, кој изгледа како Samsung Focus, но со пристап до сегашните капацитивни сензори во телефоните нема да биде потребен дополнителен хардвер за вакво работење, што е предност!

Со овој прототип, какко што може да се забележи од видеото може да се контролира плеерот за музика, па дури и да се одговори на смс порака без притоа телефонот да биде изваден од џебот на корисникот! Звучи интересно, нели!?

За повеќе информации за овој прототип, кликнете на следниот линк.
   

Monday, February 20, 2012

Nokia „Amazing Everyday“ продолжува во Мадрид и Барселона и официјално пуштање во Ирска


Изгледа дека иновативноста на Нокиа е се повеќе присутна и дека уште може да изненади. Овој пат во Мадрид и Барселона каде за недела дена треба да почне Светскиот Мобилен Конгрес 2012. Рекламата е интерактивна на која корисниците може да ги користат опциите на 1.5 метарскиот мобилен телефон на екран на допир! Интересна рекламна кампања. Кој знае, можеби Нокиа ќе дојде и во Македонија! Видеата се во продолжение.







Thursday, February 2, 2012

Предности и недостатоци кај оперативните системи за таблети


Секој оперативен систем си има свои предности и недостатоци, без разлика дали се работи за iOS, Windows или Android. Подолу е дадена табела на предности и недостатоци на овие оперативни системи.

Предности и недостатоци кај оперативните системи за таблети. За поголема резолуција кликнете на сликата


Табелата е направена врз постоечките оперативни системи кои може да се најдат на пазарот, како Windows 7, iOS и Android 3.0 и се разбира дека со следните верзии на Windows 8, Android 3 и iOS оваа табела ќе изгледа поразлично.

Автор: Слаѓан Алексовски

Friday, January 20, 2012

Microsoft Surface се запознава со Windows Phone!



Видеото е направено на CES 2012, на кое може да се види новата верзија на Microsoft Surface 2.0 како се синхронизира со Windows Phone 7.5. Уште еден погодок за Microsoft и целиот екосистем. Изгледа интересно, нели?


Monday, November 7, 2011

Microsoft го направи најголемиот Windows Phone до сега!


Како што може да се види од сликата и од видеото приложено подоле, гигантот од Редмонд изгледа почна да ги сфаќа работите сериозно со рекламирање на новата линија на Windows Phone 7.5 паметните телефони. Всушност и не треба да дојде како изненадување, од проста причина што Microsoft оддели 26 милиони долари за рекламирање на своите производи, од кои 6 милиони одат за HTC, а околу 20 милиони за новиот стратешки партнер - Nokia. Новиот 6-катен паметен телефон е реклама за 4 нови телефони кои ќе може да се најдат на Американскиот пазар. Повеќе за евентот може да прочитате на официјалната Facebook страна на Microsoft.





Подоле може да погледнете неколку слики од новите реклами на Microsoft кои веќе може да се сретнат на американските и европските пазари.




Автор: Мартин Страхиловски

Tuesday, October 25, 2011

Холограми кои можат да се допрат

Екраните на допир веќе се стара тема. Сте се запрашале ли што е следното во светот на интерфејсите? Се разбира, холограми!

Холограмите се кул, тука нема што да се зборува. Замислете си уште дека можете да ги допрете? Ваквата технологија уште пред 2 години беше развиена од страна на Универзитетот во Токио. Нивниот тактилен холограм се состои од два дела: самиот холограм, кој е всушност LCD проектор кој проектира во конкавно огледало, и нова технологија која создава ултразвучни бранови.

Ваквата ултразвучна технологија користи ултразвук со ниска енергија за да создаде т.н. „полиња на притисок“, нешто слично како што е случајот со издувавување на воздух. Разликата е во тоа што млазевите воздух губат на сила колку повеќе се одалечуваат од изворот, а ултразвучните бранови можат да се снајдат и во затворен, локализиран простор. Со тоа се овозможува симулација на форма на 3D објект.

На видеото подоле можете да видите како ова функционира. За оние што не им оди англискиот, како што веќе реков, сликата што „лебди“ во воздух е направена со помош на LCD проектор кој проектира во конкавно огледало. Движењето на раката се детектира со помош на Wiimote, односно управувачот на Nintendo Wii. На врвот е поставен т.н. „воздушен ултразвучен тактилен дисплеј“, кој всушност го дава чувството дека нешто пипате, ви паѓа, или пак оди по дланката.


Ваквите холограми несомнено можат да најдат голема примена, како за озбилни работи (во медицина), така и во секојдневни работи каде и не се потребни, како на пример палење сијалица. Ако скролате во коментарите под видеото, повеќето се возбудени за тоа каков ефект ќе има ваквата технологија врз порно индустријата. Останува да се види, изгледа дека сепак холограмите ќе ги дочекаме во нашиот животен век.


Автор: Маневски Марко