Showing posts with label Хардвер. Show all posts
Showing posts with label Хардвер. Show all posts

Thursday, April 19, 2012

Наскоро! Вибрирачки седишта во кино!

Целото 3D искуство не доживеа некој успех, баш поради фактот што денес секој може да си го симне филмот дома. Но, како што вели народната, ако не успееш од првпат, пробај пак, во овој случај пробај пак со 3D вибрирачко искуство.


Компанијата наречена Tremor FX дизајнира нов вид на кино седишта кои имаат вградени актуатори кои креираат вибрации и сензација која одговара со акцијата на екранот.

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!


Monday, April 16, 2012

Пристигнува Galaxy Nexus 3 во мај!

После месеци на гласини, Samsung официјално ќе го претстави на светот новиот Galaxy Nesus телефон во Лондон на 3 мај оваа година. Samsung веќе се припрема на големо за евентот, што и може да се забележи од поканите кои веќе се испраќаат.


Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Sunday, April 15, 2012

Компјутери со крабја логика!

Заборавете на квантните компјутери, молекуларните компјутери, графенот... Компјутерскиот развој доби нова димензија и насока: краби!

Имено, тим научници од Јапан успеаа да развијат начин како специфичното движење на одредена врста краби да се искористи наместо логички порти. Прочитајте повеќе на таб.мк!

Слика: Robandstephanielevie

Tuesday, April 10, 2012

Нова заштита за паметни телефони и таблети која се регенерира!

Заштита на екранот може да се најде при рака за да се избегне гребење и нечист екран на вашиот телефон или таблет. Овие заштити знаат да направат чуда, но се деградираат со текот на времето. Па тука почнува макотрпниот процес во поставување на нова заштита во која ќе треба да ја поставите идеално за да нема меурчиња.


Ова можеби ќе го избегнете во блиска иднина. Компанијата Toray Advanced Film работи на специјална заштита која е во можност да се „лечи“ самата себе!

Целата сттаија може да ја прочитате на следниот линк!


Monday, April 9, 2012

Внимание! Експлодира кинески телефон во џеб!

На 55 годишниот корисник на кинески телефон со 3 сим картици од Банког после оваа случка ќе му дојде паметот за да не користи шкарт телефони.


Имено, Танит Фонгси го купил телефонот затоа што бил евтин и подржувал три SIM картици. Телефонот бил купен пред една година по цена од 3.000 THB, што изнесува 97 американски долари и пред овој инцидент немал никаков проблем. Фонгси тврди дека вечерта пред несреќниот инцидент го полнел телефонот и следниот ден, за време на ручекот, телефонот без никакви индикации експлодирал!

Целата статија е на следниот линк!


Nokia Lumia 900 директно од Times Square!

Nokia Lumia 900 беше официјално пуштена во сабота со официјална забава на Times Square со многу музика и визуелни презентации. Посетеноста беше над просечна, со исполнет Times Square и пренос во живо на околните билборди за оние кои неможеа да бидат во центарот на збиднувањето. Видеото од официјалното пуштање на LTE телефонот со 4.3 инчен екран, вреди да се погледне!


Видеото може да го погледнете на следниот линк!

Sunday, April 8, 2012

Intel и Nissan во соработка на систем за информација кај Infiniti 2013

Моделот кој беше откриен на Интернационалното автомобилско шоу кое се одржува во Њу Јорк, доаѓа со компјутер кој е изработен со заедничка соработка на овие две компании. Внатре се наоѓа моќен Atom процесор кој има NFC подршка за влегување во колата без клуч, но сеуште нема официјален збор дали ќе може и да се запали со помош на паметен телефон.


Целата статија е на следниот линк!

Saturday, April 7, 2012

Симулатор за тренирање на фармери во Северна Кореја

Некако на Северна Кореја и беше даден стереотип дека е заостаната во време и дека не е спремна да ги прифати новите технологии кои може да ја подобрат земјата. Но, како што е прикажано на сликата, изгледа дека тоа не е веќе така.


Целата статија е на следниот линк!

Friday, April 6, 2012

iPhone реклама која никогаш нема да ја погледнете на телевизија!

Во минатото, па и денес, многу корисници се жалат на губењето сигнал и проблем со антената, како и преголемиот број и непрегледноста на апликации.


 За сума која е прескапа за нашиот пазар, па и воопшто, човек би очекувал толку елементарни проблеми да не се ни помислат, а камоли и да се присутни.

Видеото може да го погледнете на следниот линк!

Квантен компјутер во дијамант!



Научниците од универзитетот во Јужна Калифорнија вградија квантен дво-кјубитен чип во дијамант, со тоа донесувајќи ги квантните компјутери поблиску до секојдневието!

Повеќе за квантниот компјутер во дијамант на нашиот сајт!

Глупост на денот: Велосипед невидлив за радар!

Еве уште една инвентивна глупост која нема да ви е потребна во животот, освен ако сакате да влезете во воена база незабележано.


Експерименталниот X-9 Nighthawk е велосипед кој ќе биде незабележлив за радарите ако планирате да украдете строго чувана тајна, на пример во Рузвел, Ново Мексико од Ареа 51. Велосипедот е направен од лесни јаглеродни влакна и оваа технологија се користи, барем делумно во изработка на невидливи ловци.

Целата статија е на следниот линк!


Американците направија робот за гаснење пожар

Американската морнарица направи робот за гаснење на пожари. Дури и во време на мир, пожарот останува главна опасност со која мора да се соочи секој. Новиот робот е развиен за да функционира со човечка интеракција. 



Првичните тестови се успешни као што може да се забележи од видеото. Сепак, роботот има морбидна појава, а видеото изгледа како да е извадено од лош научно-фантастичен филм. 

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Thursday, April 5, 2012

Google со видео за новите паметни очила

 Google го објави видеото од паметните наочари кои како што може да се забележи се со аугментна реалност.



Од останатите спецификации очилата ќе бидат интегрирани со Android оперативниот систем, ќе подржуваат повици, Google Maps, како и навигација и тагирање. Ќе има автоматско споделување со круговите на Google+ и целосна интеграција со целиот екосистем на Google. 

Видеото може да го погледнете на следниот линк!


Како Nokia ги замислуваше телефоните на допир во 2006

Нокиа е компанија која е позната по својата иновативност и следното видео е доказ за тоа. Имено, Нокиа уште во 2006 година ја замисли иднината на екраните на допир, кога iPhone-от уште беше планиран, а никаде на повидок не беа Android паметните телефони.


Некои од опциите кои се прикажани во видеото можеби ќе ви изгледаат смешни, но некои од нив се одлично погодени за тоа какви опции треба да има еден паметен екран со екран на допир.

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Wednesday, April 4, 2012

Расклопување на Nokia Lumia 900!

Nokia Lumia 900 е најновиот телефон од новата серија Lumia паметни телефони кои доаѓаат со Windows Phone 7.5 оперативен систем. Следното видео е отварање на целиот телефон, до најситен дел. 



Во видеото е покажано како на најпрост начин да го отворите целиот телефон, како и сите спецификации и споредба со Galaxy Nexus S2 и iPhone 4S.

Видеото може да го погледнете на следниот линк!

Пристигнуваат флексибилни е-весници!

LG е произведувач кој се има докажано на многу полиња. Последното парче иновација која ни доаѓа од LG е дигитален весник. Не во смисла да го читате пред компјутер, таблет или лап топ, туку го купувате еднаш транспарентниот тенок екран и го ажурирате секојдневно.



Новото парче хардвер е наречено „e-paper“ и има дисплеј со големина од 6 инчи со резолуција од 1024 x 768, што ќе направи револуција во читањето на стандардните новини со неговите функционалности и дизајн.

Целата статија е на следниот линк!

Tuesday, April 3, 2012

Garmin и Suzuki се здружуваат за производство на попаметни информативни системи

Автомобилот не е повеќе средство за транспорт, кое ви помага да стигнете од точка А до точка Б. Низ годините, автомобилите станаа полуксузни и поквалитетни, во смисла на материјалите за нивна изработка. Гледајќи наназад, од времето на првите автомобили па до денес, автомобилите имаат неверојатна трансформација. Инаку и здружувањето на големите компании не е непозната територија и тоа се прави секојдневно. Претходната недела договор за здужување во производство на батерии постигнаа BMW и Toyota.


Целата статија е на следниот линк!

Monday, April 2, 2012

Марио Брос во кутија!

За сите љубители на култната игра со која израснаа генерации (авторот е еден од нив), ни доаѓа нова ретро рекреација на култната игра – Марио Брос. Новото продолжение е дело на дечките од Teague Labs и за разлика од класичното Марио и не е толку лесно.

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Sunday, April 1, 2012

Google ќе ги продава своите таблети директно на потрошувачите!

Еве уште една гласина: Гугл, според Wall Street Journal ќе ги продава своите таблети директно до потрошувачите. Тешко е, кога еден реномиран весник ќе почне да објавува гласини, но наведува неколку извори кои според весникот се проверени. Но, Гугл уште нема излезено со официјална изјава.



Имено, според весникот, Google планира да ги продава само таблетите кои се брендирани со нивното лого и да отвори онлајн продавница во стилот на Амазон. 

Целата статија е на следниот линк!

Friday, March 30, 2012

Како изгледаше првиот Android телефон!

Ако се прашувате како изгледаше првиот Андроид телефон, тогаш следната слика ќе ви разјасни многу дилеми!


Извор: Таб.мк