Nokia Lumia 900 беше официјално пуштена во сабота со официјална забава на Times Square со многу музика и визуелни презентации. Посетеноста беше над просечна, со исполнет Times Square и пренос во живо на околните билборди за оние кои неможеа да бидат во центарот на збиднувањето. Видеото од официјалното пуштање на LTE телефонот со 4.3 инчен екран, вреди да се погледне!
Symbio создаде 12 x 12 Windows Phone 7.5 дисплеј, од вкупно 144 уреди, на евентот Денови на технологија 2012 ( TechDays ) кој се одржа во Хелсинки, Финска. Дисплејот е во можност да преземе влез од еден Windows Phone уред за да ги управува и да ја пренесе содржината која оди преку веб сервер преку WiFi. Резултатот е спектакуларен, а воедно и светски рекорд! Видеото е на следниот линк!
После долго очекување и најава на овогодинешниот CES, Microsoft го исполни своето ветување и ја пушти навремено новата верзија на својот оперативен систем - Windows 8!
Со оваа верзија интеграцијата е уште поголема и веќе може да се забележи целиот екосистем, кој се состои од Windows 8 десктоп верзија, Windows Phone 7.5 (при крајот на годината се очекува новата верзија Windows Phone 8), XBOX 360. Веќе може да се најде на пазарот софтвер и хардвер кој ја подржува оваа верзија на новиот оперативен систем, кој е целосно компатибилен со апликациите од претходната верзија Windows 7. Според официјалните извори, секој компјутер со Windows 7 ќе може да биде надграден на новата верзија.
Од минималниот хардверот кој мора да го имате ако сакате да ја инсталирате новата верзија на оперативниот систем е:
* 1GHz или побрз процесор
* 1 GB RAM (32-bit) или 2 GB RAM (64-bit)
* 16 GB слободен простор на хард дискот (32-bit) или 20 GB (64-bit)
* DirectX 9 графички уред со WDDM 1.0 или понов драјвер
* 1024 x 768 минимална резолуција на екран
Ако ги исполнувате овие услови, клик на следниот линк за да ја симнете новата верзија на оперативниот систем, се разбира бесплатно затоа што се работи за Consumer Preview (Beta по нашки). Повеќе детали за новата верзија може да прочитате на официјалниот Windows блог на слендиот линк. Инаку за неполни два дена се симнати повеќе од 1.5 милиони копии на новата верзија на оперативниот систем!
Joe Belfiore објави преку блогот за развивачи на Windows Phone дека Windows Phone продавницата на апликации ќе биде пуштена во 23 нови региони. Ова нема да биде на сила веднаш, туку постепено, во следните месеци продавницата за апликации ќе им биде достапна на развивачите и конзумерите во следните региони:
Ова е дел од поголем чекор на Microsoft да го искачи Windows Phone на „повисоко ниво“, со нови пазари. Со ова, Microsoft ќе ја зголеми продавницата на апликации за цели 60% што е импресивна бројка!
Изгледа дека Microsoft се уште знае да ги изненади своите корисници. После официјално најавување дека Skype пристигнува за Windows Phone 7.5 сите се надеваа дека набрзо ќе може апликацијата да се симне, но Microsoft изгледа се сретна со многу проблеми на патот до официјална објава. Но, конечно, трнливиот пат е поминат и денес можеме да ја најдеме новата Beta верзија на популарната апликација во продавницата на апликции.
Апликацијата има преку 200 милиони корисници низ целиот свет. Метро дизајнот е видлив низ целата апликација што ја прави целата апликација освежена од класичниот изглед, донесувајќи ново и чисто корисничко искуство.
Skype Beta може да ја симнете на следниот линк или со скенирање на QR кодот. Се разбира, верзијата не е комплетна, па така да може да се сретнете со багови или лагирање, но шансите се минимални за ова.
Точно пред еден месец беше помината границата од 60.000 наслови и се чини дека границата од 100.000 наслови, со ова темпо би требала да биде помината набргу! Брзината на објава на содржината е со 250 наслови дневно.
Во време на пишувањето на статијата, во продавницата за апликации можеа да се пронајдат 70.784 најразновидни наслови. Од вкупната бројка, 28.503 наслови се додадени само во последните 90 дена, а 6.936 во последните 30 дена. Овие наслови доаѓаат од 17.303 развивачи. Повеќе за деталите може да погледнете од приложените слики подолу.
Растот на продавницата на апликации. Февруари не е целосен
Заедничко со сите продавници на апликации е и тоа дека вкупната бројка на објавени наслови не е иста со бројката на достапни наслови за корисниците. Од вкупната бројка од 70.784 наслови објавени во продавницата на апликации, 7.000 не се достапни и истите се или отстранети од MIcrosoft или пак повлечени од развивачите. Како додаток на ова, некои апликации се достапни само за одреден пазар. Ова значи дека бројката на достапни наслови се: 57.000 за Велика Британија, 59.687 за САД, 54.399 за Франција, 51.403 за Шпанија, 51.234 за Италија, 51.465 за Германија, 52. 528 за Австралија и 52.346 за Индија.
Според статистиката, со сегашната брзина на објава на најразновидни наслови, бројката од 100.000 наслови би била помината најрано во Јули, но ништо не е сигурно, можеби да биде и порано. На следниот графикон може да го погледнете процентуалното расподелување со платени, бесплатни и trial наслови. Инаку пазарот е уште млад, но е најбрзиот растечки пазар на мобилни апликации досега.
Конечно и официјално, Nokia го претстави четвртиот од серијата Lumia Windows Phone 7.5 телефони - Nokia Lumia 610. Телефонот ќе биде со најпристапна цена до сега и ќе ја таргетира младата публика.
Nokia Lumia 610 располага со 3.7" LCD дисплеј, 256 MB RAM меморија, 8GB капацитет и задна 5 мегапикселна камера. Ќе биде достапен во четири варијанти - бела, цијан, магента и црна. Пропорциите на телефонот се 119 x 62 x 12 mm и тежи 131.5 грама.
* HSPA - Без „+“ па така да преносот е ограничен на 7.2 Mbps
* 2 микрофона
* Нема компас
* Време на зборување: 10.5 часа
* 1300 mAh батерија
* 256 MB RAM
* 8 GB меморија
* 5 MP камера
* Оперативен систем - Windows Phone 7.5 Mango
* Четири бои: бела, цијан, магента, црна
Телефонот ќе работи на најновиот оперативен систем Windows Phone Mango и ќе може да се најде во продажба во Европа во втората половина од 2012 по цена од 189 евра. За повеќе информации можете да ја посетите продукт страната на новиот телефон на следниот линк.
Изгледа дека Нокиа не престанува да изненадува со своите промо активности. Доказ за тоа е новата кампања наречена „ Amazing Delivery“ каде на иновативен начин им се доставуваат новите Lumia 800 паметни телефони на корисниците кои нарачале и си резервирале преку интернет. Дејствието се случува во Унгарија. Браво за иновативноста на Нокиа! Уште еднаш се докажа како светски лидер во продажба и во поместување на границите на конвенционалното рекламирање! Видеата се во продолжение.
Изгледа дека иновативноста на Нокиа е се повеќе присутна и дека уште може да изненади. Овој пат во Мадрид и Барселона каде за недела дена треба да почне Светскиот Мобилен Конгрес 2012. Рекламата е интерактивна на која корисниците може да ги користат опциите на 1.5 метарскиот мобилен телефон на екран на допир! Интересна рекламна кампања. Кој знае, можеби Нокиа ќе дојде и во Македонија! Видеата се во продолжение.
Palringo IM е месенџер клиент кој ги подржува најпопуларните сервиси како AIM, Google Talk, Facebook Chat, ICQ и многу други. Овој месенџер клиент не е никаква новост на другите платформи и сигурен сум дека повеќето од вас го имаат пробано барем еднаш. Конечно, овој месенџер клиент од пред некој ден е достапен во Бета верзија на Windows Phone пазарот на апликации, се разбира бесплатно!
Но, забавата не завршува тука. Имено, се работи за повеќе платформска комуникација, па така да се подржани и другите платформи на кои е достапен Palringo IM - iOS, Android, Symbian и Mac/PC десктопи.
Сегашната верзија на апликацијата е 0.5 Beta. Ова значи дека постои голема шанса да има багови и да лагира, но лично ова ми се нема случено до сега.
Апликацијата е добро дизајнирана и функционална. Ако веќе имате направено Palringo корисничка сметка ќе може да се логирате без проблем. Ако пак, сметката ви е стара и некористена некое време, пожелно е да се логирате првин на официјалната страна на Palringo, а потоа да се логирате на вашиот телефон.
Можеби најдобрата и најпопуларна опција со која располага оваа апликација е опцијата за снимање на аудио клипови и нивно испраќање. Апликацијата е импресивна со користење преку WiFi или пак 3G конекција и работи без проблем и на двата типа на конекции.
Апликацијата може да ја симнете на следниот линк, или со скенирање на QR кодот.
LG изгледа не се откажа од правење на Windows Phone 7 телефони од втората генерација, па така да после една цела година го најави новиот од втората генерација паметни Windows Phone 7.5 телефони - LG Miracle!
Од деталите кои се откриени, телефонот ќе има четири инчен WVGA NOVA дисплеј и со тоа ќе биде со еден од најбистрите екрани кои може да се сретнат кај Windows Phone 7.5 телефоните денеска. Од процесорот ќе има стандарден 1 GHz Snapdragon, 8 GB интерна меморија, 720p 5 мегапикселна задна и 1.3 мегапиксели предна камера.
Од конекциите ќе има 14.4 Mbps HSPA радио, 5.0 GHz 802.11 a/b/g/n WiFi и Bluetooth 3.0. Можеби најимпресивната опција кај овој паметен телефон ќе биде можноста за NFC тагирање-читање, но сеуште не е сигурно дали оваа опција ќе биде достапна пред Windows Phone 8.
Телефонот би требало официјално да биде пуштен ова лето, после Светскиот Мобилен Конгрес (MWC) каде што би требало да дебитира.
Официјална слика од страна на Nokia на нивниот официјален Facebook профил
Како и што се очекуваше, Nokia ја пушти белата верзија на Nokia Lumia 800 и истата ќе се најде во продажба од овој месец. Уште не е познато по која цена ќе се движи белата верзија, но знаејќи ја филозофијата на другите компании (како Apple) би требало да се доплаќа за бела верзија на телефонот, но Nokia сигурно нема да си дозволи поскапа цена за белата верзија, освен ако не биде понудена како ексклузивна верзија на Nokia Lumia 800. Подолу може да ги погледнете сликите од белата верзија, како и видео од официјалното пуштање во Холандија кои ја најавија белата Nokia Lumia 800.
Nokia Lumia 800 ќе биде достапна во 5 различни бои
Секој оперативен систем си има свои предности и недостатоци, без разлика дали се работи за iOS, Windows или Android. Подолу е дадена табела на предности и недостатоци на овие оперативни системи.
Предности и недостатоци кај оперативните системи за таблети. За поголема резолуција кликнете на сликата
Табелата е направена врз постоечките оперативни системи кои може да се најдат на пазарот, како Windows 7, iOS и Android 3.0 и се разбира дека со следните верзии на Windows 8, Android 3 и iOS оваа табела ќе изгледа поразлично.
Ask Ziggy е апликација која потсетува на Siri, но поради тоа што е прва верзија, многу од функциите кои се достапни кај Siri не беа достапни кај Ask Ziggy, како на пример некои основни функции како временска прогноза или колку е часот.
Но, ако се земе во обзир дека апликацијата е направена од еден човек, има интересни трикови кои може да се направат и со оваа апликација кои може да ги погледнете во видеото подоле. Моментално, кај дел од корисниците може да се појави проблем баш поради фактот што апликацијата е многу популарна и многу корисници ја користат. Поминатиот лимит треба да биде поправен наскоро.
Но, најголемата вест, како што може да се види од сликите е што следната надградба доаѓа со уште поголеми можности, функции и опции. Освен што апликацијата ќе стане повеќе „Metro“, ќе располага и со додатни функционалности како:
* Временска прогноза
* Време
* Потсетници
Официјалната изјава на авторот е дека се работи со полна пареа на следната верзија, па така да во следните месеци може да ја очекуваме истата. Уште нема објава на временската рамка за следната верзија, но кога ќе биде достапна или ако има некоја новост, очекувајте благовремено известување.
Сегашната верзија може да се симне од продавницата на MIcrosoft, или со скенирање на QR кодот подоле, се разбира бесплатно, но додека не се ресетира лимитот на истата, може да има проблеми при користење.
За сите оние кои го очекуваа овој телефон со нетрпение, и се прашуваа дали некогаш ќе дојде и во Македонија, конечно неизвесноста заврши! Vip кој е познат со својата брилијантност и ексклузивност на паметни телефони ( како податок лани веднаш после официјалната објава, беше донесен и LG Optimus 7 ) и сега не долго после официјалното светско пуштање на Nokia Lumia 800, VIP го донесе паметниот телефон во Македонија! Цените и спецификациите може да ги погледнете на официјалната страна на Vip.
Зависно од кој пакет сакате да го изберете телефонот, цените се движат од 0 па до 29.999 денари за само уред без пакет. Од спецификациите би ги споменал 8 MP камера, AMOLED 3.7 инчен екран осетлив на допир, 1.4 GHz Scorpion процесор, 512 MB RAM и секако, најновиот оперативен систем на Microsoft - Windows Phone 7.5 Mango!
Symantec објави документ во кој детално е објаснета нова варијација на тројанец кој можеби веќе има заразено преку 5 милиони Android уреди на светско ниво!
Android.Counterclank е мала модификација на Android.Tonclank, кој е бот кој добива команди за да направи одредени акции, дури и да краде информации од уредот.
Вкупните бројки на симнување на сите заразени апликации индицира дека Android.Counterclank има најголема дистрибуција на било кој вирус дистрибуиран досега годинава. Сo 250 милиони Android уреди кои се активирани, изгледа дека голем број на Android корисници патат од вирус, симнати директно од Android маркетот и овој проблем само се зголемува и статистички гледано од минатата година, степенот на ширење изнесува неверојатни 1.320% годишно!
Додека Android пати од вирусни апликации кои секој ден ги има на поголем број, Windows Phone е специјално дизајниран за да се одбегнат вакви ситуации. До сега, кога Windows Phone влегува со втората генерација на паметни телефони, Windows Phone маркетот има 0% вирусни и сомнителни апликации. Па затоа оваа платформа нема ниту антивирусни апликации баш поради фактот што нема потреба за нив.
Епа сега е веќе очигледно дека при вашиот избор за нов телефон треба да одберете Windows Phone и да сте со мирна глава дека ваквите проблеми нема да ви се случат.
Нокиа се докажа кај потрошувачите дека уште ја има магијата да направи неверојатен и интересен маркетиншки евент кој е интересен и иновативен. До сега Нокиа направи вакви големи евенти како Deadmau5 во Лондон, Haunted House во Берлин и Falsh Mobs во Индија.
Сега направи исто така неверојатен евент во Копенхаген, Данска, каде за целите на официјалното пуштање беше искористен фудбалскиот стадион Parken. Со комбинација од огномет, играта Halo, ферари, FC Kobenhavn, нешто музика и wuala, ја имате вистинската добитна комбинација! Со вакви реални реклами, не е ни чудо што Нокиа е миленик во светот!
Повеќе од 60.000 наслови се објавени во продавницата за апликации на Windows Phone. Степенот на објавување продолжува да расне, со просечни 400 наслови кои се додаваат дневно за период од четири недели. Само за споредба, во декември кога беше помината бројката од 50.000 наслови, дневниот внес изнесуваше 265 наслови.
Беа потребни само 25 дена за да се дојде од 50.000 наслови до 60.000, споредено со 40 дена за да се дојде од 40.000 до 50.000. Во време на пишувањето, беа објавени 61.479 наслови. Од оваа бројка, 24.951 наслови се додадени во последните 90 дена, а 11.935 беа додадени во последните 30 дена. Овие наслови доаѓаат од 15.173 издавачи.
Растот на продавницата на Windows Phone до 21 Јануари
Во последната недела од 08.01.2012 до 15.01.2012, беа додадени 3.362 наслови во продавницата. Со овој раст, психичката бројка од 100.000 наслови која беше предвидена да биде помината во Април, би требала веќе најрано во Март да биде помината!
Но, ќе се запрашате колку од објавените апликации би биле квалитетни? Во продавницата на апликации, 4.052 апликации се рангирани и коментирани 5 или повеќе пати.
Неделно додавање на наслови во продавницата на Windows Phone (последната недела не е комплетна)
Видеото е направено на CES 2012, на кое може да се види новата верзија на Microsoft Surface 2.0 како се синхронизира со Windows Phone 7.5. Уште еден погодок за Microsoft и целиот екосистем. Изгледа интересно, нели?
Microsoft на својот блог објави ретроспектива за минатата година за успехот на Windows Phone 7.5. Како што може да се забележи, за едногодишно постоење бројките се импресивни! Веќе на пазарот на апликации може да се најдат 55k+ најразновидни наслови. Но, да не должам многу, бројките говорат сами за себе.