Tuesday, December 27, 2011

Продавницата за апликации на Windows Phone достигна 50.000!

Конечно, и порано од очекуваното, после само 14 месеци од пуштањето на новата серија на паметни мобилни телефони од Microsoft, веќе е помината границата од 50.000 апликации и игри и во моментот на пишување на статијата на пазарот можеа да се најдат 50.126 апликации од најразновидна содржина. 

На оперативниот систем на Microsoft му требаше една година да ја помине границата од 40.000 апликации, но само 40 дена за да ја помине границата од 50.000 апликации. Дневно се додаваат 265 апликации од кои 17.276 се додадени во последните 90 дена, а 8.010 се додадени во последните 30 дена. Овие апликации и игри се додадени од 13.002 најразновидни издавачи.

На графикот прикажан подоле е даден растот во број на апликации објавени на Windows Phone пазарот во последната година дена.


Но, треба да знаете дека вкупниот број на апликации не е ист на секој потрошувач подеднакво. Од вкупно 50.176 апликации кои се објавени на пазарот 6.000 не можат да се симнат од најразновидни причини (тргнати од Microsoft или повлечени од развивачите). Како додаток на ова, некои од апликациите се ексклузивни за некои пазари. На пазарот во Соединетите Држави има 42.655 апликации, Велика Британија (40.305), Франција (39.235), Шпанија (37.027), Италија (36.944), Германија (36.958), Австралија (37.024), Индија (36.752) и Сингапур (36.922).

За време на претходните четири недели, во просек се објавени 265 нови содржини декој ден. Кога пазарот ја достигна бројката од 40.000 апликации (16 Ноември 2011), бројката изнесуваше 165 апликации дневно, што значеше дека бројката раснеше.



Последните неколку недели имаше рапидно зголемување. Ова се должеше на два фактора: 

1. Ширење на пазарот географски, од 16 на 35 земји
2. Пуштањето на првиот Nokia Windows Phone уред

На долниот графикон може да ги видите содржините според категорија процентуално. Најголема застапеност има на категоријата Забава, потоа Книги и референци, игри и алатки и продуктивност. Овие четири категории (од седумнаесет) прават 57% од вкупната содржина на пазарот.


558% од апликациите кои може да се најдат на пазарот се бесплатни, 14% се ограничени, а 29% се платени. Само за споредба, соодносот на Android е 69%/31% бесплатни/платени а кај iOS тој сооднос изнесува 43%/57%.


ППодолу е прикажана споредба со другите оперативни системи и времето кое им било потребно за да ја пробијат границата од 50.000 апликации. На прво место се наоѓа iOS со 12 месеци, потоа Windows Phone со 14 месеци и Android со 19 месеци. Другите и не треба да се спомнуваат поради тоа што е очигледно дека им биле потребни повеќе од 25 месеци за да поминат границата од 50.000 апликации.


Извор: AAWP




No comments:

Post a Comment