Showing posts with label Macedonia. Show all posts
Showing posts with label Macedonia. Show all posts

Tuesday, April 10, 2012

Job Fair 2012

Од 09.04 па до 11.04 во холот на ФЕИТ/МФС се одржува по 8ми пат саемот за вработување, во организација на Best Скопје. Свеченото отварање на овој настан беше на 9ти април во холот на факултетот, а беа поставени и штандови каде студентите имаат можност да стапат во директен контакт со работодавците. 


Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Wednesday, March 21, 2012

Samsung Galaxy Nexus и во Македонија!

Можеби ова не е некоја новост, но за оние што не знаат од пред месец дена и во Македонија може да се купи овој паметен телефон!

Телефонот е најавен во октомври 2011, и од февруари 2012 е достапен за корисниците во Македонија. Телефонот има подршка за 2G (GSM 850/950/1800/1900) и 3G (HSDPA 850/900/1700/1900/2100). Димензиите на телефонот се 135.5 x 67.9 x 8.9 mm и има тежина од 135 грама.



Телефонот доаѓа со AMOLED екран на допир, со големина од 4.65 инчи и резолуција од 720 x 1280 пиксели. Густината на пакување на пикселажата му е приближно 316ppi. Од другите карактеристики телефонот има мулти-тач подршка, сензор за автоматско ротирање, команди на допир, жироскоп. Подржува MP3 и WAV рингтонови и има стандарден 3.5 mm приклучок...

Целата статија е на следниот линк!



Tuesday, March 6, 2012

Стартува со работа Tab.mk!

Како што беше најавено пред некој ден, од денеска (вторник) стартува со работа нов портал за технологија, астрономија и забава - Tab.mk. 

Порталот има за цел да понуди интересни и квалитетни содржини,  кои ќе го задржат вниманието на читателот. Тимот на Tab.mk има долгогодишно искуство во сферата на блогирањето и интернет новинарство, па така да може да очекувате многу интересни наслови, проткаени со голем број на информации. 

Почетна страна на порталот

Се на се, се работи за интересен портал, со интересни категории, каде и обичниот читател не е веќе пасивен гледач на работите. Имено, сите читатели ќе може да предложат статија која сакаат да се најде на порталот или пак самите да ја напишат. Тоа ќе може да го направат директно преку порталот со регистрирање па потоа со испраќање на порака со содржината и текстот, или пак преку формата на групата  на Facebook на следниот линк.

Sunday, March 4, 2012

Се крчка нов портал за технологија и забава - Tab.mk!

Изгледа дека креативноста во нашата земја полека почнува да се оформува и да добива своја слика. Па така да, после четиригодишното искуство во сферата на интернет новинарството, се одлучивме нашето искуство и знаење да го слееме во нов портал за технологија, астрономија и забава, каде ќе бидат опфатени сите сфери од човековото секојдневие.

Без разлика дали сте ИТ генијалец или обичен корисник, Tab.mk ќе биде вистинското место за вашите потреби. Со модерен дизајн, порталот ќе стартува од вторник во Бета верзија. Повеќе информации за порталот може да пронајдете на Facebook групата, како и на Google+ групата кои се направени специјално како додатна подршка на порталот, на кои ќе бидат објавувани интересни статии. 

Тајмер до официјалното пуштање поставен на FB групата


Се разбира цените на рекламирање на порталот кој е во својот зародиш ќе бидат разумни и ефтини, па така да сите заинтересирани ќе може слободно да не контактираат на следниот email. 

Tuesday, February 21, 2012

Законот за штедење електрична енергија се почитува половично!?

Како и сите останати работи во нашата држава, така и новиот донесен закон за штедење електрична енергија поради новонастанатата криза од недостиг на електрична енергија во Европа, се почитува половично. Некому мајка, а некому маќеа, кажано народски, законот изгледа е исклучок за големите аптеки, бензински пумпи, кабелски оператори, па и јавни институции. Нема лично да ги посочам баш поради фактот што во последно време фрчат покани за суд дури и ако се даде мал хинт за правни и физички лица во нашата држава, па да се однесувам Европски и префинето, нема да посочам никого за да ги заштитам нивните права (ама си се знаат кои се).

Но, секоја чест и до исклучоците! Дел од градските власти го почитуваат законот, дали поради фактот што казната изнесува од 300 до 500 евра или пак поради фактот што законите се за сите исти, што и не е случај со сите. Многу од јавните институции, приватни компании, продавници, маркети, фабрики во индустриски зони одлучија дека нивната реклама е побитна од хаваријата која може да настане и со тоа каскадно да испадне целата држава од енергетскиот систем и сите да бидеме уназадени во 18 век. Но, тоа изгледа не е толку битно. Битно нивната реклама се гледа и сите ќе може полесно да ги пронајдат. И да не биде текстот сувопарен, подоле може да погледнете слика која е надвор од секаков контекст со текстот. Поздрав и секое добро!


Saturday, February 18, 2012

Од 20 Февруари започнува RoboMac - семинар и натпревар по роботика!

Од 20 до 26-ти февруари ќе се одржи третиот интернационален натпревар и семинар по роботика - Robomac. Целта на семинарот е да се популаризира роботиката кај средношколците и студентите во Европа, па и пошироко.

Семинарот започнува на 20 Февруари и ќе трае до 26 Февруари. Предавањата ќе бидат одржани во Амфитеатарот при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) - Скопје, а натпреварот  помеѓу групите во најразлични категории ќе биде одржан на 26 Февруари во Македонската Опера и Балет. 



100-тина учесници од цела Европа ќе имаат можност на 26 Февруари да си ги одмерат силите во 4 категории и тоа:

* Роботска трка
* Хуманоид
* Сумо
* Напредно програмирање

Можноста за нови знаења, практична настава која и речиси да не е застапена кај нас е добар поттик да бидете дел од овој семинар. 

Лично бев учесник на втората масовна работилница која беше организирана во 2010 година и може да кажам дека ваква шанса за практична работа не се пропушта. Ако оваа година не успеавте да влезете во среќните 100 - тина кандидати, не очајувајте, секогаш има нареден пат!

Tuesday, January 31, 2012

Уште едно изненадување од VIP! Пристигна Samsung Galaxy Nexus во Македонија!


Изгледа дека VIP има повеќе од едно изненадување! Истовремено со донесување на Nokia Lumia 800, го донесе и Samsung Galaxy Nexus! Од спецификациите за телефонот би ги издвоил 1.2 GHz Dual Core Cortex A9, 3.7 инчен AMOLED капацитивен дисплеј, 5 MP камера, 16 GB вградена меморија, 1 GB RAM и се разбира, најновиот Android OS 4.0 Ice Cream Sandwich!



Подолу се дадени спецификациите за телефонот преземени од официјалната страна на VIP. Цените на телефонот се движат од 0 до 28.999 денари во пост пејд, па до 31.999 денари само за уредот.

Технички карактеристики
МрежаGSM 850 / 900 / 1800 / 1900
Пренос на податоциGPRS, EDGE, 3G
Интернет пребарувањеHTML, Adobe Flash
ПоврзувањеBluetooth, USB, WiFi, NFC
ПоракиSMS(threaded view), MMS, Email, Push Mail, IM, RSS
ЕкранAMOLED capacitive touchscreen, 16M colors Size 480 x 800 pixels, 3.7 inches (~252 ppi pixel density) Multitouch Yes , Protection Corning Gorilla Glass - Nokia ClearBlack display
Камера5 MP, 2592x1936 pixels, autofocus, LED flash
Видеода, 1080p@30fps
Оперативен СистемAndroid OS, v4.0 (Ice Cream Sandwich)
CPUDual-core 1.2 GHz Cortex-A9
Меморија
Вградена меморија16 GB storage, 1GB RAM
Мемориска картичка\
Мемориска картичка капацитет\
Карактеристики на батеријата
Батерија типLi-ion
Батерија капацитет1750 mAh
Време на мирување (часови)290
Време на разговор (часови)17
Физички карактеристики
Димензии на уредот135.5 x 67.9 x 8.9 mm
Тежина (g)135


Извор: VIP

Конечно! Nokia Lumia 800 пристигна во Македонија!


За сите оние кои го очекуваа овој телефон со нетрпение, и се прашуваа дали некогаш ќе дојде и во Македонија, конечно неизвесноста заврши! Vip кој е познат со својата брилијантност и ексклузивност на паметни телефони ( како податок лани веднаш после официјалната објава, беше донесен и LG Optimus 7 ) и сега не долго после официјалното светско пуштање на Nokia Lumia 800, VIP  го донесе паметниот телефон во Македонија! Цените и спецификациите може да ги погледнете на официјалната страна на Vip. 


Зависно од кој пакет сакате да го изберете телефонот, цените се движат од 0 па до 29.999 денари за само уред без пакет. Од спецификациите би ги споменал 8 MP камера, AMOLED 3.7 инчен екран осетлив на допир, 1.4 GHz Scorpion процесор, 512 MB RAM и секако, најновиот оперативен систем на Microsoft - Windows Phone 7.5 Mango!



Извор: VIP


Saturday, December 31, 2011

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Среќни Новогодишни и Божиќни празници до читателите на овој блог. Се надевам дека барем малку успеав да го подобрам квалитетот на блогосферата во Македонија, со интересни одбрани содржини кои оставија впечаток во годината што си замина. Да не должам многу, уште еднаш, Среќна Нова Година со желба за успех на секое поле. Поздрав до следната година!

Sunday, October 30, 2011

Топ 5 бежични принтери

Бежичните принтери и мултифункционалните принтери станаа неопходни и секојдневни парчиња хардвер кои може да се најдат по домовите и во малите фирми, но и многу поголеми бизниси почнаа да ги прифаќаат и да ја увидуваат нивната потреба, ефикаснот и ниска цена.



Статистиката вели дека секојдневно се зголемува бројот на продадени мултифункционални принтери во однос на обичните. Но ако сакате да бидете вистински мајстори, земете си бежичен принтер и сите ваши маки ќе бидат завршени.

Brother HN-2270DW

Цена: 150$

Се работи за принтер кој е со мали димензии, ефикасен, кој нуди Ethernet и Wi-Fi подршка.

Canon Pixma MG8120 Wireless Photo All-In-One 


Цена: 399$

Canon Pixma е најдобриот бежичен принтер од серијата на Canon, кој е комбинација од висока технологија, префинетост и мултифункционалност.

Canon Pixma MX882 Wireless Inkjet Office All-In-One

Цена: 199.99$

MX882 е комбинација од атрактивен дизајн со опции за домашно и канцелариско работење, кој принта одлично текст и слика.

Dell 1355cnw Multifunction Color Printer


Цена: 419.99$

Без разлика дали ви е потребен мултифункциски принтер за мала, средна или домашна канцеларија или пак личен мултифункциски принтер во било која големина, Dell 1335cnw е вистинскиот кандидат со импресивни перформанси.

Epson Stylus NX625

Цена: 149.99 $

Epson Stylist NX625 обезбедува неверојатна брзина, солиден излез и голем избор на опции за неверојатно ефтина цена.

Сите принтери во листата топ 5 принтери може да се најдат и на нашиот пазар.

Автор: Мартин Страхиловски

Tuesday, October 25, 2011

Добредојдовте!

После долгогодишно искуство во сферата на хардвер, софтвер, интернет, мобилни технологии и технологијата воопшто, двајца ентузијасти кои и ќе бидат автори на овој блог се одлучија на следниот чекор, да започнат со свој блог, на кој ќе бидат презентирани новостите од сферата на технологијата воопшто, како една сеопфатна целина, се со цел да се збогати медиумскиот и техничкиот простор во нашата држава.




Уште еднаш, добредојдовте и се надеваме дека нашиот блог ќе стане место каде што ќе ги дознавате најновите информации.

Од авторите.