Showing posts with label Android. Show all posts
Showing posts with label Android. Show all posts

Monday, April 16, 2012

Пристигнува Galaxy Nexus 3 во мај!

После месеци на гласини, Samsung официјално ќе го претстави на светот новиот Galaxy Nesus телефон во Лондон на 3 мај оваа година. Samsung веќе се припрема на големо за евентот, што и може да се забележи од поканите кои веќе се испраќаат.


Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Monday, April 9, 2012

Како се правеше HTC EVO 4G LTE

Сакате да дознаете како се правеше новиот телефон на HTC кој беше најавен минатата недела? Ако сте еден од љубопитните, тогаш следното видео ќе ве воодушеви што се е искористено за да се направи овој паметен телефон.


Целата статија со видеото е на следниот линк!

Thursday, April 5, 2012

Google со видео за новите паметни очила

 Google го објави видеото од паметните наочари кои како што може да се забележи се со аугментна реалност.



Од останатите спецификации очилата ќе бидат интегрирани со Android оперативниот систем, ќе подржуваат повици, Google Maps, како и навигација и тагирање. Ќе има автоматско споделување со круговите на Google+ и целосна интеграција со целиот екосистем на Google. 

Видеото може да го погледнете на следниот линк!


Tuesday, April 3, 2012

Инстаграм пристигна за Андроид!

Конечно, по долго чекање, пристигна Инстаграм и за Андроид. Достојна на традицијата, апликацијата ќе биде бесплатна, и се разбира ќе доаѓа со сите филтри достојни за фаќање на вашите хипстер моменти.



Според дечките кои стојат позади апликацијата, во првата верзија нема да бидат достапни неколку опции (Tilt Shift/Blur, Share from Feed, Live preview, Share to Flickr), но во следната надградба тие ќе бидат стандардни.

Целата статија и линкот за симнување на апликацијата тука!

Sunday, April 1, 2012

Google ќе ги продава своите таблети директно на потрошувачите!

Еве уште една гласина: Гугл, според Wall Street Journal ќе ги продава своите таблети директно до потрошувачите. Тешко е, кога еден реномиран весник ќе почне да објавува гласини, но наведува неколку извори кои според весникот се проверени. Но, Гугл уште нема излезено со официјална изјава.



Имено, според весникот, Google планира да ги продава само таблетите кои се брендирани со нивното лого и да отвори онлајн продавница во стилот на Амазон. 

Целата статија е на следниот линк!

Friday, March 30, 2012

Како изгледаше првиот Android телефон!

Ако се прашувате како изгледаше првиот Андроид телефон, тогаш следната слика ќе ви разјасни многу дилеми!


Извор: Таб.мк

Wednesday, March 28, 2012

Управувајте го вашиот компјутер од вашиот Android телефон!

DroidPad е апликација која ќе ви заврши многу работа ако случајно останете со расипано глувче или тастатура. Апликацијата е проста за користење, која го претвора вашиот Андроид телефон или таблет во глувче или тастатура која може да ја користите на вашиот компјутер!


Единствената работа која е потребна за успешно управување е инсталација на мала сервер апликација која преку IP адреса се поврзува со вашиот мобилен телефон или таблет. 

Целата статија и линкот за симнување на апликацијата тука!

Tuesday, March 27, 2012

Panasonic ќе пушти европска верзија на Eluga

Panasonic не е компанија која може да се пофали со импресивна линија на паметни телефони, но тоа е така поради тоа што компанијата не продава телефони на светско ниво. Минатата година слушнавме дека Панасоник планира да ја прошири својата продажба во Јужна Америка и Европа.



Официјално во продажба треба да излезе европска верзија на Panasonic Eluga со Андроид оперативен систем од овој месец. Првичниот датум е поместен за крајот на месецот и Панасоник се надева дека во официјална продажба ќе се најде телефонот од 29 март, а знаејќи ги работите кај нас, телефонот сигурно ќе пристигне при крајот на годината.

Целата статија тука!

Monday, March 26, 2012

Angry Birds Space симната од пола милион корисници!

Иако играта беше објавена пред само три дена, веќе ја достигна бројката од пола милион симнувања! Играта е вистински хит кај корисниците на Андроид и според официјалните изјави играта треба наскоро да се најде и на другите платформи.

Целата статија со видеото е на следниот линк!


Saturday, March 24, 2012

5 недостатоци кај паметните телефони и како да се справите со нив!

Сите паметни телефони имаат предности и недостатоци. Добар дизајн, но лош живот на батеријата. Интересни игри, но слаби надградби, доплата за одредени опции и тн. Овде ќе стане збор за 5 недостатоци кои речиси сите корисници на паметен телефон ги имаат искусено. Па да почнеме со ред.



1. Затворени батерии и краток живот на батериите

Најновите паметни телефони ни доаѓаат со безброј опции, како 3G, 4G, LTE подршка, 4 или поголем инчен екран, безброј додатоци и тн. Но, се разбира сето ова доаѓа со додатна цена, слаб живот на батеријата. Но, наместо да се има опција за промена на батеријата се поголем дел на производители на паметни телефони ги вградуваат батериите во самиот телефон со што не ви даваат опција за промена на истите. Таква ќе биде и новата серија на HTC – One, па потоа Motorola, Samsung, Nokia и набројувањето продолжува до недоглед...

Останатиот дел од статијата е на следниот линк!


NBA Jam, FIFA 2012 и Angry Birds Space доаѓаат на Android!

Оваа недела неколку интересни наслови треба да пристигнат за Андроид како NBA Jam, FIFA 2012 и Angry Birds Space. Па ајде сега по ред да ги погледнеме престојните игри кои наскоро ќе се најдат на Андроид пазарот (Google Play).

NBA Jam




Оваа игра е класична NBA Jam од старите аркадни игри со надградени ротирања и подобра графика. Оваа игра се игра 2 на 2, со неверојатни финти, самозапалување и BOOMSHAKALAKA! Ако сте немале шанса како дете да ја играте на флипер, сега ќе ви се укаже шанса на вашиот телефон да го проживеете детството...

Останатиод дел од статијата е на следниот линк!

Friday, March 23, 2012

Пристигна апликација која ви дозволува да повикувате непознати луѓе во ваша близина!

Кој е блиску до мене (Who’s Near Me Live) е име на новата апликација и  на компанија која ја измисли оваа апликација. Имено, со апликацијата ќе може да видите кои корисници се наоѓаат во ваша близина и можност да им се јавите и да правите муабет.



Лично на мене овој концепт ми е малку чуден и неверојатен дали ќе успее ај нас, но на запад очигледно функционира, најчесто кај младите. Апликацијата може да се најде за iPhone, Windows Mobile и Windows Phone, а наскоро се очекува верзија и за Android.

Целата статија е на следниот линк!

Wednesday, March 21, 2012

Samsung Galaxy Nexus и во Македонија!

Можеби ова не е некоја новост, но за оние што не знаат од пред месец дена и во Македонија може да се купи овој паметен телефон!

Телефонот е најавен во октомври 2011, и од февруари 2012 е достапен за корисниците во Македонија. Телефонот има подршка за 2G (GSM 850/950/1800/1900) и 3G (HSDPA 850/900/1700/1900/2100). Димензиите на телефонот се 135.5 x 67.9 x 8.9 mm и има тежина од 135 грама.



Телефонот доаѓа со AMOLED екран на допир, со големина од 4.65 инчи и резолуција од 720 x 1280 пиксели. Густината на пакување на пикселажата му е приближно 316ppi. Од другите карактеристики телефонот има мулти-тач подршка, сензор за автоматско ротирање, команди на допир, жироскоп. Подржува MP3 и WAV рингтонови и има стандарден 3.5 mm приклучок...

Целата статија е на следниот линк!



SolaPad – соларен панел за вашиот таблет!

SolaPad е комбинација од заштитна футрола и соларен полнач за вашиот iPad. Моментано работи со првата и втората генерација на iPad, но во финална фаза е соларен панел за третата генерација на iPad, па дури се размислува за работа на Андроид таблети!

Панелот освен што има вграден соларен панел има и вградена антена и два звучника. Компанијата која стои позади парчето хардвер е Domark International Inc. која ги поседува патентите за изработка на овој тип на галантерија за таблетите на Епл. 

Целата статија може да ја пронајдете на следниот линк!

Tuesday, March 20, 2012

Најатрактивната временска апликација за Android - 1Weather!

Временските апликации можеби не се најинтересната категорија кај корисниците, но сепак од време на време ќе се најде апликација која вреди да се симне.

1Weather е апликација која ќе ви го задржи вниманието. Имено, се работи за апликација која е интиутивна, со интересни анимации и опции кои би ги очекувале од апликaција од ваков тип и се разбира истата е бесплатна!

Целата статија, како и линкот за симнување на апликацијата тука!


Monday, March 19, 2012

Нов таблет од Asus за само 149 долари!

Во јануари, Асус излезе со изјава дека ќе донесе таблет по цена од 249 долари, со 7 инчен дисплеј, NVIDIA Tegra 3 quad-core процесор и Андроид 4.0. Сега излезе уште една официјална изјава, дека ќе се направи уште поевтина верзија на овој таблет, по цена од неверојатни 149 долари!Оваа верзија ќе го носи брендот Nexus и можеби нема да го има Tegra quad-core процесорот...

Целата статија е на следниот линк!


Sunday, March 18, 2012

Нов пристап за мултитаскинг - Taskbar Task Switcher!

Мултитаскинг отсекогаш бил еден од силните адути на Андроид. Некои веруваат дека оваа опција треба да се исполира, но на некои им е доволна. Многу од корисниците не го користат целиот потенцијал на споменатата опција. Ако ви треба поефикасен, упростен мулти - таскинг, тогаш Taskbar Task Switcher е апликацијата за Вас!

Линкот до целата статија, како и линкот за симнување тука!


Saturday, March 17, 2012

Android 4.0 на Asus X101!

Еве и тоа се случи. Android 4.0.3 инсталиран на Asus X101 преку x86 порт. Иако се работи за ран обид, на следниот линк ќе може да ја најдете целата постапка и линкови за симнување и инсталирање. Поради тоа што се работи за отворен проект, секој може да допринесе за негово развивање. Видеото и остатокот од статијата се на следниот линк!

Friday, March 16, 2012

Новиот телефон на Sony - Xperia Sola!

Sony Mobile го претстави на јавноста својот нов Андроид телефон - Sony Xperia Sola. Паметниот телефон е опремен со 3.7 инчен екран на допир, со резолуција од 854 x 480 пиксели.Телефонот доаѓа со дво-јадрен процесор со такт на работа од 1 GHz, NFC подршка, DLNA, Wi-Fi и Bluetooth. Телефонот располага со 5 мегапикселна задна камера со 720p HD снимање и предна 1 мегапикселна камера.  Видеото и целата статија е на следниот линк!

HTC објави кои уреди ќе добијат Android 4.0!

HTC стана директен конкурент на Samsung во пазарот на Андроид телефони, и за да го докаже тоа, Тајванската компанија објави листа на дури 16 модели кои ќе бидат апдејтирани до најновата верзија на Android 4.0 Ice Cream Sandwich. Листата е на следниот линк!