Showing posts with label Интернет. Show all posts
Showing posts with label Интернет. Show all posts

Monday, April 9, 2012

Facebook го купи Instagram за 1 милијарда долари!

Во зделката која се случи денес, гигантот во социјалните мрежи Facebook го купи сервисот за споделување хипстерс лики Instagram, за неверојатни 1 милијарда долари, во комбинација од кеш и акции во Facebook.


Instagram стана еден од најголемите сервиси за споделување на фотографии во мобилната индустрија, баш поради фактот што беше ексклузивен само за iPhone. Пред една недела, компанијата ја лансираше верзијата за Android, која набргу стана број 1 апликација под категоријата Социјални апликации.

Целата статаија може да ја прочитате на следниот линк!

Sunday, April 8, 2012

Twitter на суд со петте најголеми спамери!

Во минатото Твитер не обрнуваше големо внимание на спамот, но денес, со активни 140 милиони корисници, природно е компанијата да си го штити својот интернет имот.


Твитер беше атрактивна мета за спамирање. Сега Твитер официјално му става крај на спамирањето со одење на суд со петте најголеми спамери. Во судот во Сан Франциско, како што изјавија на нивниот блог, Твитер оди во отворена битка против спамерите.

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!


Saturday, April 7, 2012

Youtube конвертира HD видеа во 3D

Изгледа дека дечките во Youtube им текнало дека ќе биде многу подобро со аплоудирање на видео со висока резолуција, тоа автоматски да се конвертира во 3D, поради се’ популарниот 3D феномен.


Компанијата работи на процес на конверзија кој ги зима видеата со висок квалитет кои се веќе постирани на YouTube и ги прави автоматски во 3D, па така да корисниците нема да мораат да работат ништо.

Целата сиаитија е на следниот линк!


Thursday, April 5, 2012

Наскоро 500 нови филмски наслови на YouTube и Google Play!

Google во среда најави нова зделка со Paramount Pictures која ќе овозможи повеќе од 500 филмски наслови да можат да се изнајмат преку YouTube и Google Play продавницата. Google досега има склучено договор за изнајмување со пет од шесте најголеми холивудски студија – Paramount, Warner Brothers, Disney, Universal Pictures и Sony Pictures. Единственото студио со кое Google нема постигнато договор е 20th Century Fox.


Целата статија е на следниот линк!

Wednesday, April 4, 2012

10 места кои неможете да ги погледнете на Google Maps

Зависно која опција ја користите, Google Maps нуди сателитски поглед или уличен поглед на милиони локации ноз целиот свет. Може да погледнете места како пирамидите во Египет или пак Големиот Sид во Кина, или пак некои полични места како вашиот дом или домот на вашата симпатија. Но, од толку места што можете да ги погледнете, постојат места кои се забранети за јавноста. Подоле може да погледнете список на 10 такви места низ целиот свет.




1. Белата куќа: Google Maps сликите од Белата куќа покажуваат дигитално избришана верзија од кровот за да не може да се види воздушната одбрана и безбедносните средства кои се поставени.

2. Парламентот на САД: Парламентот на САД имаше нејасни слики уште во првата верзија на Google Maps. Сегашната верзија на Google Maps и Google Earth ги прикажува овие места нецензурирани, но со застарени фотографии...

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Sunday, April 1, 2012

Наскоро целиот свет ќе има бежичен широкопојасен интернет!

Според творците на овој проект, компанијата Ubiquiti Networks планира да пушти во целиот свет широкопојасен бежичен интернет со AirFiber. Целиот свет, се мисли на секое место каде што има кислород, за да може да се оствари пренос на бежичната врска.

Целата статија е на следниот линк!


Microsoft планира да го забрза интернетот!

Мајкрософт планира да го забрза интернетот. Компанијата планира да поднесе предлог за побрз интернет протокол кај стандардното тело задолжено за интернет, кое ќе го замени досегашниот застарен протокол со креирање на HTTP 2.0.



Не е случајно што стандардното тело, интернет инжинерското тело (IETF) ќе има состанок оваа недела за да ја дискутира иднината на хипертекст трансфер протоколот, или познат како HTTP. На агендата ќе биде креирањето на HTTP 2.0, побрз, модерен пристап на интернет комуникација...

Целата статија е на следниот линк!

Saturday, March 31, 2012

Излезе Chrome 18!

Излезе новата 18 верзија на добро познатиот пребарувач на Google, Chrome. Оваа верзија ни доаѓа со закрпи кои беа откриени на натпреварот организиран од страна на Гугл.


Следната листа вклучува и цена кои ја имаат добиено оние кои ги откриле безбедностните пропусти. Ако сте еден од оние кои имаат откриено безбедносен пропуст, пишете му на Гугл и ако е навистина пропуст, ќе добиете парична награда.

Целата статија е на следниот линк!

Friday, March 30, 2012

Facebook тестира нови алатки за оптимизирање на реклами!

Компаниите кои бараат поголема публика за рекламирање наскоро ќе добијат нова алатка на Фејсбук за да ги оптимизираат своите реклами. Фејсбук објави дека тестира нови опции како „цели“ кои им дозволуваат на компаниите кои се рекламираат да ја прикажат рекламата на луѓе кои најверојатно ќе стават лајк, ќе ја инсталираат апликацијата или ќе кликнат на спонзорираната реклама или спонзорираната приказна...

Останатиод дел од статијата е на следниот линк!

Tuesday, March 27, 2012

Додадете непријатели на Facebook со помош на EnemyGraph!

EnemyGraph е апликација која стана вистински хит во последно време. Имено, со оваа апликација може да направите листа како непријатели, комшии што нервираат или некоја трета листа која на Вас ќе ви текне.


Целата статија е на следниот линк!

Friday, March 23, 2012

Facebook направи апдејт на прегледувачот за слики!

Фејсбук воведе нова новина во начинот на кој се прегледуваат сликите на овој социјален сервис. Сега корисниците ја имаат опцијата за прегледување на сликите на целиот екран, како и прегледувач за слики со висока резолуција, каде сликите се прикажуваат поголеми од претходно како што е прикажано на сликата.

Целата статија е на следниот линк!


Архивите на Анштајн на интернет!

Алберт Анштајн е најславниот научник во историјата кој ги развил најбитните теореми во науката кои се познати денес. Анштајн умрел пред околу 60 години, но неговиот допринес во науката живее уште.



Во следните неколку години, комплетните архиви на сите достигнувања на Алберт Анштајн ќе бидат ставени онлајн за прв пат.

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Thursday, March 22, 2012

Со бришење на пријатели му ја намалувате заработката на Facebook!?

Еве уште едно интересно истражување кое е поврзано со глобалната социјална мрежа – Фејсбук.

Седнувате пред компјутер и ви текнува да направите чистка во вашата листа на пријатели. И така, скролате, бришете, скролате, бришете, се додека не сте задоволни од финалниот продукт, а тоа е чисто веб социјално место само за вашите пријатели.



Вакви „чистки“ станаа тренд на светско ниво, и само минатата година овој процент се зголемил од 56 проценти во 2009, на 63 проценти во 2011 година. Во бројки би било, 158 милијарда луѓе биле тргнати од листата на пријатели во 2009 година, додека таа бројка изнезува пола милијарда во 2011 година.

Целата статија е на следниот линк!

Tuesday, March 20, 2012

Пренос на гигабитни податоци во Facebook преку Pipe!

Пренос на документи доаѓа следната недела на Фејсбук, благодарение на новата апликација наречена Pipe ( Цевка ). 

 

Ако се прашувате зошто е потребна апликација за пренос на податоци, кога веќе опцијата е вградена во самата социјална мрежа, тогаш прашањето е на место, но одговорот ќе ве зачуди. Имено, со апликацијата за почеток ќе се дозволи трансфер на податоци до 1 GB! Да, добро прочитавте, 1024 MB или 1 GB ќе може да пренесувате преку Фејсбук со оваа апликација.

Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!



Monday, March 19, 2012

Како да го вратите стариот Facebook назад!

Новиот Facebook Timeline беше пропратен со многу несогласувања од корисниците. Ако сте еден од оние на кои им смета новиот дизајн, следниов додаток за Chrome ќе ви се најде многу корисен!Имено, се работи за додаток кој го враќа стариот изглед на Фејсбук. Целата статија со линкот до екстензијата е на следниот линк!

Кратенки за љубителите на Facebook!

Фејсбук секојдневно воведува новини во користењето на својот сервис, па така да и оваа последната не треба да биде изненадување. Имено, ако користите Chrome или Firefox, следниве кратенки ќе ви се најдат корисни за пристап до најразновидни аспекти на Фејсбук.

Целата статија, со табелата на кратенки е на следниот линк!


Friday, March 16, 2012

Mozilla објави нова 11 верзија на својот прелистувач!

Mozilla ја објави новата верзија на својот open source прелистувач - Firefox 11. Новата верзија доаѓа со многу интересни новини, 8 безбедносни закрпи. Но, новата верзија не е само околу безбедносните закрпи. Имено, новости има и во сферата на развивачките алатки. 




Грешките во меморија се едни од првите работи кои се поправени со новата верзија кои беа одговорни за SVG графиката. Овие пропусти беа откриени со користење на open source адресна алатка. Исто така, во новата верзија се поправени и XSS пропустите кои беа видливи во претходните верзии.

Целата статија и линкот до новата верзија е на следниот линк!

Thursday, March 15, 2012

Топ 5 страни за споделување на содржини!

Иако ситуацијата со споделување, закачување и симнување на авторски материјали се актуелизираше минатиов период, што следеше со затварање на одговорните лица од Megaupload, сепак на интернет може да се најдат страни кои вршат споделување, се разбира на одговорноста на споделувачот. Листата е на следниот линк!

Monday, March 12, 2012

Германската влада планира да воведе данок за пребарување на вести!

Комитетот на германската влада донесе предлог закон кој ако се прифати, ги обврзува и принудува пребарувачите кои функционираат во земјата да плаќаат за користење на новински пребарувања. Планот на германската влада е да се оформи оддел кој ќе биде задолжен за наплата од страните кои агрегираат вести, и ги прикажуваат во рок од 12 месеци од денот на објавата. Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!

Thursday, March 8, 2012

Facebook месенџер за Windows 7

Иако пред неколку месеци можеше да се симне бета верзијата на месенџерот кој по „грешка“ беше пуштен во јавноста, Фејсбук и официјално ја промовираше новата десктоп апликација на која и немора да бидете логирани на страната за да ја користите. Целата статија со линкот за симнување тука!