Showing posts with label историја. Show all posts
Showing posts with label историја. Show all posts

Wednesday, March 14, 2012

Среќен 3.14 ден!

Денешниот ден е празник за π константата која изнесува приближно 3.14. Сите ја имаме искористено оваа константа некогаш во нашиот живот, дали се работи за периодот од нашето школување или работа, па така да денешниот ден (3.14) е интернационален ден на константата.

Оваа константа се употребува во математиката, науката и инжинерството, со што ја прави најбитната математичка константа! Целата статија е на следниот линк!


Tuesday, February 7, 2012

Згасна и btjunkie.org!

RIP BTJunkie 2005-2012

Како што поминува времето од контроверзните закони, така се наметнуваат и ограничувањата на интернетот. Една приказна која беше замислена како неограничен пристап и комуникација за сите, од ден на ден се претвора во место кое се враќа во 1960 година, кога само одбрана група од десетици компјутери беа поврзани во мрежа. 

Мапа на интернетот

Статистиката вели дека приближно третина од светската популација е приклучена на најголемото човечко достигнување кое не го поседува никој, но сепак се обидуваат да го ограничат!

Еден од слоганите кој може да се најде на интернет 
против контроверзните закони


Бројката од 2.1 милијарди луѓе не е за потценување! Таа е движечката сила на иновациите, достигнувањата во секое поле од животот и желбата за прогрес и самоедуцирање. Пост ерата на SOPA, PIPA, ACTA или било кој друг нивен клон не делува светла. Ова веќе може да се примети со згаснување на Megaupload и BTJunkie. 


Но, уште не е завршена борбата. SOPA и PIPA беа повлечени од нивниот основач, но сега ACTA е новиот договор кој веќе беше потпишан од САД, ЕУ, Австралија, Канада, Јапан, Мароко, Нов Зеланд, Сингапур, Швајцарија и Јужна Кореја. Документот е потпишан на 1 Октомври 2011, но уште не е влезен во сила. Подолу може да ја погледнете картата на земјите кои го потпишаа ACTA договорот. Може да се забележи дека и Македонија со влез во ЕУ, автоматски ќе треба да го почитува овој договор.



Tuesday, January 10, 2012

Microsoft го заврши своето претставување на CES 2012


Microsoft го искористи овогодинешниот и воедно последен CES за него за да ја претстави досегашната работа и да ги претстави новостите и иновациите кои следат оваа година. Од следната година, Microsoft нема веќе да биде на CES поради фактот што датумот со евентот не одговара со иновациите на Microsoft. Но, како и да е, многу нови иновации беа преставени на излагањето, кои почнуваат од два нови Windows Phone 7.5 кои имаат подршка за 4G и LTE - Nokia Lumia 900 и HTC Titan 2. 


Освен тоа што се 4G паметни телефони, истите ќе бидат ексклузивни за мрежата на AT&T во САД, но дали истите ќе може да се најдат и на другите пазари, останува да видиме. И двата телефони имаат предна камера, со меморија од 16 GB, како и процесор од 1.4 GHz за Nokia односно 1.5 GHz за HTC. Titan 2 има камера од неверојатни 16 мегапиксели! 

Новиот HTC Titan 2 со неверојатна камера од 16 MP!

Новиот Nokia Lumia 900 со предна камера, 4G LTE подршка и камера од 8 MP


Воедно, ова е и првиот Windows Phone 7.5 паметен телефон кој располага со камера од 16 MP. Подолу може да ја погледнете сликата која е направена со оваа неверојатна резолуција. Кликнете на сликата за оригинална големина.


Потоа беше подетално претставен и новиот Windows 8 и најновите лап топи кои работат на Windows 7 кои ќе може лесно да се преинсталираат со новиот Windows 8. 

Новиот Metro изглед на Windows 8

Беше претставен и новиот систем на гласовна комуникација со XBOX и редизајнираниот кориснички Metro интерфејс кој заедно со Windows Phone 7.5, Windows 7 лап топ, новите таблети со Windows 8 ќе направат еден екосистем кој заедно до SkyDrive ќе направат една сеопфатна целина за која Microsoft говореше и направи предвидувања во далечната 1997 година. 


Финалните зборови на Steve Ballmer беа дека „Metro ќе ја води магијата на сите Microsoft искуства“, и кога беше запрашан што понатаму, Ballmer одговори просто: „Metro, Metro, Metro. Windows, Windows, Windows.“



Како за крај, погледнете го излагањето на Microsoft на следниот линк. 



Sunday, December 18, 2011

Директорот на одделот за дизајн во Microsoft зборува за Metro и за идните дизајни во Microsoft


Директорот за дизајн во Microsoft, Steve Kaneko неодамна даде интервју. Во него тој зборува за својата 20 годишна работа во Microsoft како дизајнер и за неговите разни дизајнерски улоги кои ги играл во Microsoft. 



Тој е уверен дека Microsoft е на вистинскиот пат со дизајните и новините кои ги спроведува како и неговото мислење за Metro дизајнот. Интересно интервју кое вреди да се погледне во целост. Уживајте!

Wednesday, November 16, 2011

Intel 4004 - првиот комерцијален микропроцесор, наполни 40 години!


4 бита, околу 2.300 MOS транзистори и фантастична брзина од 740 kHz. Способен да изврши 92.000 инструкции во секунда. Ова се перформансите на првиот комплетен CPU на еден микрочип, како и првиот комерцијален микропроцесор воопшто.

Се започнало во 1969, кога јапонската Nippon Calculating Machine Corporation побарала од Intel да направи 12 чипа за нивниот калкулатор Busicom 141-PF. Инженерите Федерико Фагин, Тед Хоф и Стенли Мазор се нафатија да работат на дизајнот, и во 1971 ја направија 4004-ката. Ова 10-микронско чудо можеби е преголемо за денешни стандарди, но тогаш било навистина големо достигнување. Дури Федерико си ги напишал и своите иницијали ФФ на дизајнот, како вистински уметник. Погледнете го и видеото за повеќе информации, а за оние кои сакаат уште детали, еве го и комплетниот datasheet