Гугл направи интересна промена на својот пазар на апликации. Имено, досегашниот Android Market е заменет со новиот Google Play пазар, на кој може да се купат книги, филмови, музика и апликации помеѓу компјутер, паметен телефон или таблет и со едно купување автоматски ќе биде достапен на сите три уреди. Целата статија на следниот линк!
Thursday, March 8, 2012
Слика од Чандра од формирање на јато ѕвезди!
Новата слика која е добиена од страна на опсерваторијата за Х - зраци Чандра, ја покажува на сликата галаксијата М82 која е создадена со формација на ѕвезди кои се формирани со огромна брзина на движење. М82, се наоѓа на около 12 милиони светлосни години (1 светлосна година изнесува 300 000 км во секунда) и е најблиското место за нас, каде што условите се слични на оние кога универзумот бил помлад со многу ѕвезди, во тек на неговото формирање. Целата статија на слендиот линк!
Facebook месенџер за Windows 7
Иако пред неколку месеци можеше да се симне бета верзијата на месенџерот кој по „грешка“ беше пуштен во јавноста, Фејсбук и официјално ја промовираше новата десктоп апликација на која и немора да бидете логирани на страната за да ја користите. Целата статија со линкот за симнување тука!
Wednesday, March 7, 2012
Историјата на Google. Што е следно!?
Интересно видео во кое се опфатени почетоците од 1998 на овој глобално познат сервис, па до денес. Уживајте! Линк до видеото!
10 Чудни контролери
Сите гејмери сме навикнати на џојстици, џојпади, па дури и на пиштолите кои можеа на времето да се купат за Нинтендо. Поновата генерација конзоли донесоа револуција во контролерите, па сега играњето игри и не е така статична работа. Дека иновацијата нема граници, доказ се следните уреди:
10. Xbox 360 QWERTY Text-Input Keyboard
Овој контролер за Xbox ви нуди уникатна можност да четате со вашите пријатели додека играте игри, со тоа што значително го олеснува процесот со помош на вградената QWERTY тастатура. Навистина незнам кој сака да е истовремено и на чет и да игра игри на конзола...
Целата статија на следниот линк!
Labels:
Technology,
допир,
Забава,
Игри,
Технологии,
Хардвер
iPad 3: Се што знаеме до сега!
Изгледа дека сите со нетрпение го чекаат новиот iPad 3, кој треба официјално да се појави вечер (среда). Сега ќе направиме едно навраќање на информациите кои се познати до сега за тоа како ќе изгледа новиот iPad 3.
Дисплеј
Еден од најдобрите опции кај iPhone е ултрајасниот ретина дисплеј. Иако екранот кај iPad 2 не е лесен, сепак се очекува подобрување во новата верзија со поголемо пакување на пикселите во екранот, со тоа давајќи му подобар и почист сјај на екранот и се разбира подобра видливост. Од информациите што се познати, екранот ќе има резолуција од 2048 x 1536 пиксели и со ултрасјаен ретина дисплеј исто како и кај телефоните.
Под хауба: Процесор
Изгледа дека нема да има новини овде, освен тоа што веќе се знае. Под хаубата ќе има нов A6 чип кој ќе го напојува новиот iPad 3. Единственото прашање кое го поставуваат сите е дали процесорот ќе биде quad core или обичен. Од една страна, конкуренцијата како Transformer Prime преминаа на quad core процесори, со неверојатно играчко искуство и HD процесирачка моќ, па така да ако сака Apple да ги стигне и да им парира, сигурно ќе мора да нешто ново и интересно...
Целата статија на следниот линк!
Labels:
Apple,
iPad,
Technology,
Евенти,
Мобилни технологии,
Софтвер,
Хардвер
Tuesday, March 6, 2012
Стартува со работа Tab.mk!
Како што беше најавено пред некој ден, од денеска (вторник) стартува со работа нов портал за технологија, астрономија и забава - Tab.mk.
Порталот има за цел да понуди интересни и квалитетни содржини, кои ќе го задржат вниманието на читателот. Тимот на Tab.mk има долгогодишно искуство во сферата на блогирањето и интернет новинарство, па така да може да очекувате многу интересни наслови, проткаени со голем број на информации.
Почетна страна на порталот
Се на се, се работи за интересен портал, со интересни категории, каде и обичниот читател не е веќе пасивен гледач на работите. Имено, сите читатели ќе може да предложат статија која сакаат да се најде на порталот или пак самите да ја напишат. Тоа ќе може да го направат директно преку порталот со регистрирање па потоа со испраќање на порака со содржината и текстот, или пак преку формата на групата на Facebook на следниот линк.
Sunday, March 4, 2012
Се крчка нов портал за технологија и забава - Tab.mk!
Изгледа дека креативноста во нашата земја полека почнува да се оформува и да добива своја слика. Па така да, после четиригодишното искуство во сферата на интернет новинарството, се одлучивме нашето искуство и знаење да го слееме во нов портал за технологија, астрономија и забава, каде ќе бидат опфатени сите сфери од човековото секојдневие.
Без разлика дали сте ИТ генијалец или обичен корисник, Tab.mk ќе биде вистинското место за вашите потреби. Со модерен дизајн, порталот ќе стартува од вторник во Бета верзија. Повеќе информации за порталот може да пронајдете на Facebook групата, како и на Google+ групата кои се направени специјално како додатна подршка на порталот, на кои ќе бидат објавувани интересни статии.
Тајмер до официјалното пуштање поставен на FB групата
Се разбира цените на рекламирање на порталот кој е во својот зародиш ќе бидат разумни и ефтини, па така да сите заинтересирани ќе може слободно да не контактираат на следниот email.
Friday, March 2, 2012
Пуштена официјалната Windows 8 Consumer Preview верзија!
После долго очекување и најава на овогодинешниот CES, Microsoft го исполни своето ветување и ја пушти навремено новата верзија на својот оперативен систем - Windows 8!
Со оваа верзија интеграцијата е уште поголема и веќе може да се забележи целиот екосистем, кој се состои од Windows 8 десктоп верзија, Windows Phone 7.5 (при крајот на годината се очекува новата верзија Windows Phone 8), XBOX 360. Веќе може да се најде на пазарот софтвер и хардвер кој ја подржува оваа верзија на новиот оперативен систем, кој е целосно компатибилен со апликациите од претходната верзија Windows 7. Според официјалните извори, секој компјутер со Windows 7 ќе може да биде надграден на новата верзија.
Од минималниот хардверот кој мора да го имате ако сакате да ја инсталирате новата верзија на оперативниот систем е:
* 1GHz или побрз процесор
* 1 GB RAM (32-bit) или 2 GB RAM (64-bit)
* 16 GB слободен простор на хард дискот (32-bit) или 20 GB (64-bit)
* DirectX 9 графички уред со WDDM 1.0 или понов драјвер
* 1024 x 768 минимална резолуција на екран
Ако ги исполнувате овие услови, клик на следниот линк за да ја симнете новата верзија на оперативниот систем, се разбира бесплатно затоа што се работи за Consumer Preview (Beta по нашки). Повеќе детали за новата верзија може да прочитате на официјалниот Windows блог на слендиот линк. Инаку за неполни два дена се симнати повеќе од 1.5 милиони копии на новата верзија на оперативниот систем!
Thursday, March 1, 2012
Пуштени 23 нови Windows Phone 7 пазари!
Joe Belfiore објави преку блогот за развивачи на Windows Phone дека Windows Phone продавницата на апликации ќе биде пуштена во 23 нови региони. Ова нема да биде на сила веднаш, туку постепено, во следните месеци продавницата за апликации ќе им биде достапна на развивачите и конзумерите во следните региони:
* Бугарија
* Кина
* Коста Рика
* Хрватска
* Естонија
* Исланд
* Ирак
* Израел
* Казахстан
* Латвија
* Литванија
* Катар
* Романија
* Саудиска Арабија
* Словачка
* Словенија
* Тајланд
* Турција
* Обединети Арапски Емирати
* Украина
* Венецуела
* Виетнам
Ова е дел од поголем чекор на Microsoft да го искачи Windows Phone на „повисоко ниво“, со нови пазари. Со ова, Microsoft ќе ја зголеми продавницата на апликации за цели 60% што е импресивна бројка!
Subscribe to:
Posts (Atom)



