Wednesday, April 4, 2012

Пристигнуваат флексибилни е-весници!

LG е произведувач кој се има докажано на многу полиња. Последното парче иновација која ни доаѓа од LG е дигитален весник. Не во смисла да го читате пред компјутер, таблет или лап топ, туку го купувате еднаш транспарентниот тенок екран и го ажурирате секојдневно.



Новото парче хардвер е наречено „e-paper“ и има дисплеј со големина од 6 инчи со резолуција од 1024 x 768, што ќе направи револуција во читањето на стандардните новини со неговите функционалности и дизајн.

Целата статија е на следниот линк!

Tuesday, April 3, 2012

Инстаграм пристигна за Андроид!

Конечно, по долго чекање, пристигна Инстаграм и за Андроид. Достојна на традицијата, апликацијата ќе биде бесплатна, и се разбира ќе доаѓа со сите филтри достојни за фаќање на вашите хипстер моменти.



Според дечките кои стојат позади апликацијата, во првата верзија нема да бидат достапни неколку опции (Tilt Shift/Blur, Share from Feed, Live preview, Share to Flickr), но во следната надградба тие ќе бидат стандардни.

Целата статија и линкот за симнување на апликацијата тука!

Garmin и Suzuki се здружуваат за производство на попаметни информативни системи

Автомобилот не е повеќе средство за транспорт, кое ви помага да стигнете од точка А до точка Б. Низ годините, автомобилите станаа полуксузни и поквалитетни, во смисла на материјалите за нивна изработка. Гледајќи наназад, од времето на првите автомобили па до денес, автомобилите имаат неверојатна трансформација. Инаку и здружувањето на големите компании не е непозната територија и тоа се прави секојдневно. Претходната недела договор за здужување во производство на батерии постигнаа BMW и Toyota.


Целата статија е на следниот линк!

Астероидот што помина на 1ви април не беше шега!

Астероидот кој помина на 1ви април и беше во светските медиуми, каде поради денот на шегата не ја преземавме веста, всушност не беше шега! Да, се работеше за вистински астероид, наречен 2012 EG5, кој помина на оддалеченост помеѓу Земјата и Месечината од 230.136 километри (143.000 милји).



Астероидот беше со големина од 46 метри и беше пронајден на 15 март 2012. Ова значеше дека неговата орбита била „непредвидлива“ и претставувал закана за Земјата. Од скалата од 0 до 9, објектот бил категоризиран со 5 и ја помина Земјата во 5:32 источно време.

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Monday, April 2, 2012

Како е создаден Универзумот!

Можеби едно од најголемите и најделикатните прашања во историјата на човештвото е создавањето на Универзумот. Па, преку следната слика, на најпрост можен начин се објаснува создавањето на Универзумот.


Извор: Таб.мк

Марио Брос во кутија!

За сите љубители на култната игра со која израснаа генерации (авторот е еден од нив), ни доаѓа нова ретро рекреација на култната игра – Марио Брос. Новото продолжение е дело на дечките од Teague Labs и за разлика од класичното Марио и не е толку лесно.

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Sunday, April 1, 2012

Наскоро целиот свет ќе има бежичен широкопојасен интернет!

Според творците на овој проект, компанијата Ubiquiti Networks планира да пушти во целиот свет широкопојасен бежичен интернет со AirFiber. Целиот свет, се мисли на секое место каде што има кислород, за да може да се оствари пренос на бежичната врска.

Целата статија е на следниот линк!


Објаснување на најпознатата равенка на Анштајн: E=mc²

Повеќето од нас имаат слушнато за најпознатиот германски научник со еврејско потекло кој пребегал во Соединетите Американски Држави, Алберт Анштајн. 




Но, повеќето од вас имаат слушнато и за најпознатата равенка во целито свет E=mc^2, но сигурно не знаете од кај доаѓа оваа равенка и што значи. 

Целата статија со видеото е на следниот линк!

Microsoft планира да го забрза интернетот!

Мајкрософт планира да го забрза интернетот. Компанијата планира да поднесе предлог за побрз интернет протокол кај стандардното тело задолжено за интернет, кое ќе го замени досегашниот застарен протокол со креирање на HTTP 2.0.



Не е случајно што стандардното тело, интернет инжинерското тело (IETF) ќе има состанок оваа недела за да ја дискутира иднината на хипертекст трансфер протоколот, или познат како HTTP. На агендата ќе биде креирањето на HTTP 2.0, побрз, модерен пристап на интернет комуникација...

Целата статија е на следниот линк!

Google ќе ги продава своите таблети директно на потрошувачите!

Еве уште една гласина: Гугл, според Wall Street Journal ќе ги продава своите таблети директно до потрошувачите. Тешко е, кога еден реномиран весник ќе почне да објавува гласини, но наведува неколку извори кои според весникот се проверени. Но, Гугл уште нема излезено со официјална изјава.



Имено, според весникот, Google планира да ги продава само таблетите кои се брендирани со нивното лого и да отвори онлајн продавница во стилот на Амазон. 

Целата статија е на следниот линк!