Wednesday, October 26, 2011

Следење во живо на Nokia World 2011

Како што повеќето од вас се запознаени, на 26 и 27 Октомври се одржува Nokia World 2011. Шпекулациите се покажаа како вистински, дека Nokia овие два дена ќе биде во центарот на вниманието со официјално претставување на својата нова серија на Windows Phone 7.5  паметни телефони - Nokia Lumia 710 и Nokia Lumia 800. Програмата за првиот ден се состои од официјално отварање, кое започнато во 09.00 и ќе трае до 16.45. И да не должам многу, линкот до webcast во живо!


Автор: Мартин Страхиловски

Tuesday, October 25, 2011

Холограми кои можат да се допрат

Екраните на допир веќе се стара тема. Сте се запрашале ли што е следното во светот на интерфејсите? Се разбира, холограми!

Холограмите се кул, тука нема што да се зборува. Замислете си уште дека можете да ги допрете? Ваквата технологија уште пред 2 години беше развиена од страна на Универзитетот во Токио. Нивниот тактилен холограм се состои од два дела: самиот холограм, кој е всушност LCD проектор кој проектира во конкавно огледало, и нова технологија која создава ултразвучни бранови.

Ваквата ултразвучна технологија користи ултразвук со ниска енергија за да создаде т.н. „полиња на притисок“, нешто слично како што е случајот со издувавување на воздух. Разликата е во тоа што млазевите воздух губат на сила колку повеќе се одалечуваат од изворот, а ултразвучните бранови можат да се снајдат и во затворен, локализиран простор. Со тоа се овозможува симулација на форма на 3D објект.

На видеото подоле можете да видите како ова функционира. За оние што не им оди англискиот, како што веќе реков, сликата што „лебди“ во воздух е направена со помош на LCD проектор кој проектира во конкавно огледало. Движењето на раката се детектира со помош на Wiimote, односно управувачот на Nintendo Wii. На врвот е поставен т.н. „воздушен ултразвучен тактилен дисплеј“, кој всушност го дава чувството дека нешто пипате, ви паѓа, или пак оди по дланката.


Ваквите холограми несомнено можат да најдат голема примена, како за озбилни работи (во медицина), така и во секојдневни работи каде и не се потребни, како на пример палење сијалица. Ако скролате во коментарите под видеото, повеќето се возбудени за тоа каков ефект ќе има ваквата технологија врз порно индустријата. Останува да се види, изгледа дека сепак холограмите ќе ги дочекаме во нашиот животен век.


Автор: Маневски Марко

Патување во фабриката на Nokia

Од секогаш сте се прашувале како би изгледало склопување на мобилен телефон?

На ова прашање ви одговарам со следното видео направено од Финскиот производител на мобилни телефони - Nokia, за тоа како тече целиот процес на склопување на еден паметен телефон, во овој случај Nokia N9. Уживајте!


Автор: Мартин Страхиловски

Добредојдовте!

После долгогодишно искуство во сферата на хардвер, софтвер, интернет, мобилни технологии и технологијата воопшто, двајца ентузијасти кои и ќе бидат автори на овој блог се одлучија на следниот чекор, да започнат со свој блог, на кој ќе бидат презентирани новостите од сферата на технологијата воопшто, како една сеопфатна целина, се со цел да се збогати медиумскиот и техничкиот простор во нашата држава.




Уште еднаш, добредојдовте и се надеваме дека нашиот блог ќе стане место каде што ќе ги дознавате најновите информации.

Од авторите.