Да, дојде денот кога ќе имаме роботски бербери! Можеби следново сценарио изгледа како дел кој е изваден од научно фантастичен филм, но не е така. Видеото е на следниот линк!
Wednesday, March 21, 2012
Поглед во идните вселенски летала!
Во јуни 2010 SpaceX ја лансираше во вселената упростената верзија на својата Dragon капсула, што беше почеток на првиот приватен вселенски брод во историјата и беше комплетен успех! Денеска, дојде ред на последните припреми на човечко тестирање, каде во оваа фаза ќе се испратат астронаути во вселената.
Ова е важен чекор, како што пренесува Gizmodo, за да престанат Американците да бидат зависни од руските дотраени Сојуз ракети за лансирање на астронаути до вселенската станица. По завршување на шатл програмата, се створи вакуум простор кој мораше бргу да се пополни и кој НАСА сама неможеше поради ограничени средства.
Целата статија е на следниот линк!
Samsung Galaxy Nexus и во Македонија!
Можеби ова не е некоја новост, но за оние што не знаат од пред месец дена и во Македонија може да се купи овој паметен телефон!
Телефонот е најавен во октомври 2011, и од февруари 2012 е достапен за корисниците во Македонија. Телефонот има подршка за 2G (GSM 850/950/1800/1900) и 3G (HSDPA 850/900/1700/1900/2100). Димензиите на телефонот се 135.5 x 67.9 x 8.9 mm и има тежина од 135 грама.
Телефонот доаѓа со AMOLED екран на допир, со големина од 4.65 инчи и резолуција од 720 x 1280 пиксели. Густината на пакување на пикселажата му е приближно 316ppi. Од другите карактеристики телефонот има мулти-тач подршка, сензор за автоматско ротирање, команди на допир, жироскоп. Подржува MP3 и WAV рингтонови и има стандарден 3.5 mm приклучок...
Целата статија е на следниот линк!
SolaPad – соларен панел за вашиот таблет!
SolaPad е комбинација од заштитна футрола и соларен полнач за вашиот iPad. Моментано работи со првата и втората генерација на iPad, но во финална фаза е соларен панел за третата генерација на iPad, па дури се размислува за работа на Андроид таблети!
Панелот освен што има вграден соларен панел има и вградена антена и два звучника. Компанијата која стои позади парчето хардвер е Domark International Inc. која ги поседува патентите за изработка на овој тип на галантерија за таблетите на Епл.
Целата статија може да ја пронајдете на следниот линк!
Tuesday, March 20, 2012
Новите сателити ќе бидат опремени со едра!?
Системот е наречен IDEAS (Innovative DEorbiting Aerobrake System) или во превод иновативен деорбитирачки систем за воздушно сопирање. Системот се планира да отвори јарболи кои би носеле едра, кои пак би го зголемиле триењето кое дејствува на сателитите и ќе го забрза нивното спуштање од орбита. Така, сателитите место за 50 - 100 години, ќе се вратат за 25 години.
Целата статија е на следниот линк!
Пренос на гигабитни податоци во Facebook преку Pipe!
Пренос на документи доаѓа следната недела на Фејсбук, благодарение на новата апликација наречена Pipe ( Цевка ).
Ако се прашувате зошто е потребна апликација за пренос на податоци, кога веќе опцијата е вградена во самата социјална мрежа, тогаш прашањето е на место, но одговорот ќе ве зачуди. Имено, со апликацијата за почеток ќе се дозволи трансфер на податоци до 1 GB! Да, добро прочитавте, 1024 MB или 1 GB ќе може да пренесувате преку Фејсбук со оваа апликација.
Целата статија може да ја прочитате на следниот линк!
Panasonic Lumix GF5 „несакајќи“ излезе во јавност!
Социјалните мрежи се преполни со Instagram фотографии од храна или портрети, но за изненадување на сите излезе фотографија која не требаше да излезе уште некое време!
Имено се работи за новиот фотоапарат на Panasonic, Lumix GF5, кој од сликата изгледа исто како неговиот претходник GF3. Но, како и да е, веднаш по објавата сликата е тргната од корисничката сметка, но пред да се случи ова на некој му текнало да ја симне и сподели со јавноста.
Целата статија е на следниот линк!
Најатрактивната временска апликација за Android - 1Weather!
Временските апликации можеби не се најинтересната категорија кај корисниците, но сепак од време на време ќе се најде апликација која вреди да се симне.
1Weather е апликација која ќе ви го задржи вниманието. Имено, се работи за апликација која е интиутивна, со интересни анимации и опции кои би ги очекувале од апликaција од ваков тип и се разбира истата е бесплатна!
Целата статија, како и линкот за симнување на апликацијата тука!
Причина за брзо трошење на батеријата на вашиот телефон се бесплатните апликации!?
Абхинав Патак, истражувач од Универзитетот во Индиана, заедно со своите колеги направи едно несекојдневно, но битно истражување. Истражувањето беше поврзано за тоа дали бесплатните апликации ја трошат повеќе батеријата во телефонот?
Да, и ова не треба да биде за чудење, баш поради фактот што бесплатните апликации имаат реклами кои додатно ја оптоваруваат батеријата во вашиот телефон и доаѓа до нејсзино побрзо празнење. Што е поинтересно е да се напомене дека тестирањето било извршено врз хит игри и апликации кои може да се најдат на Google Play, како Angry Birds, Free Chess и NYTimes кои користат од 10 – 30 % од вашата батерија соодветно!
Monday, March 19, 2012
Како да го вратите стариот Facebook назад!
Новиот Facebook Timeline беше пропратен со многу несогласувања од корисниците. Ако сте еден од оние на кои им смета новиот дизајн, следниов додаток за Chrome ќе ви се најде многу корисен!Имено, се работи за додаток кој го враќа стариот изглед на Фејсбук. Целата статија со линкот до екстензијата е на следниот линк!
Subscribe to:
Posts (Atom)