Saturday, February 18, 2012

Резултати од пазарот на паметни телефони според Gartner


Gartner ги објави резултатите од продажбата на паметни телефони за четвртиот квартал од 2011 година. Од статистиката е очигледно дека Android е победник со продадени 75.906 уреди или 50.9% од вкупниот пазар, што во споредба со четвртиот квартал од 2010 година има подобрувања од 20.4%.

На второ место се наоѓа iOS со продадени 35.456 уреди или 23.8% од вкупниот пазар. Во споредба со четвртиот квартал од 2010 година има напредок од 8%. На трето место е неславната платформа Symbian со 11.7% и има пад од 20.6%, но ова е очекувано поради фактот штоSymbian постепено ќе биде заменета со новиот оперативен систем на Microsoft - Windows Phone 7.5. 

На четврто место се наоѓа RIM и според овогодинешните проблеми со платформата очекувано е дека има пад од 5.8% со продадени 13.184 уреди или 8.8% дел од вкупниот пазар. На петто место е уште еден неславен оперативен систем Bada - платформа на Samsung која во споредба со четвртиот квартал од 2010 година бележи пораст во продажбата од 0.1% или продадени 3.111 уреди.

На шесто место се наоѓа Microsoft со продадени 2.759 уреди и има пад од 1.5% што е и очекувано поради фактот што Windows Mobile 6.5 се заменети со новата платформа Windows Phone 7.5. Предвидувањата на Gartner се дека Windows Phone 7.5 ќе достигне поголем успех заедно со Nokia и дека ќе заземе 8% од пазарот на паметни телефони до крајот на годината. Па, останува да видиме дали овие предвидувања ќе се остварат.

Подолу може да ги видите продажбите за 2011 година по произведувачи на телефони. Се разбира дека Nokia е на врвот на продадени уреди, баш поради фактот што се работи за стабилен и проверен хардвер, но со транзицијата на новата платформа од Symbian на WP 7.5  Nokia има пад од 5.1%. Останатите податоци може да ги погледнете во следната табела.






Од 20 Февруари започнува RoboMac - семинар и натпревар по роботика!

Од 20 до 26-ти февруари ќе се одржи третиот интернационален натпревар и семинар по роботика - Robomac. Целта на семинарот е да се популаризира роботиката кај средношколците и студентите во Европа, па и пошироко.

Семинарот започнува на 20 Февруари и ќе трае до 26 Февруари. Предавањата ќе бидат одржани во Амфитеатарот при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) - Скопје, а натпреварот  помеѓу групите во најразлични категории ќе биде одржан на 26 Февруари во Македонската Опера и Балет. 



100-тина учесници од цела Европа ќе имаат можност на 26 Февруари да си ги одмерат силите во 4 категории и тоа:

* Роботска трка
* Хуманоид
* Сумо
* Напредно програмирање

Можноста за нови знаења, практична настава која и речиси да не е застапена кај нас е добар поттик да бидете дел од овој семинар. 

Лично бев учесник на втората масовна работилница која беше организирана во 2010 година и може да кажам дека ваква шанса за практична работа не се пропушта. Ако оваа година не успеавте да влезете во среќните 100 - тина кандидати, не очајувајте, секогаш има нареден пат!

Friday, February 17, 2012

Palringo IM Beta достапен и за Windows Phone!


Palringo IM е месенџер клиент кој ги подржува најпопуларните сервиси како AIM, Google Talk, Facebook Chat, ICQ и многу други. Овој месенџер клиент не е никаква новост на другите платформи и сигурен сум дека повеќето од вас го имаат пробано барем еднаш. Конечно, овој месенџер клиент од пред некој ден е достапен во Бета верзија на Windows Phone пазарот на апликации, се разбира бесплатно!

Но, забавата не завршува тука. Имено, се работи за повеќе платформска комуникација, па така да  се подржани и другите платформи на кои е достапен Palringo IM - iOS, Android, Symbian и Mac/PC десктопи.

Сегашната верзија на апликацијата е 0.5 Beta. Ова значи дека постои голема шанса да има багови и да лагира, но лично ова ми се нема случено до сега.


Апликацијата е добро дизајнирана и функционална. Ако веќе имате направено Palringo корисничка сметка ќе може да се логирате без проблем. Ако пак, сметката ви е стара и некористена некое време, пожелно е да се логирате првин на официјалната страна на Palringo, а потоа да се логирате на вашиот телефон.

Можеби најдобрата и најпопуларна опција со која располага оваа апликација е опцијата за снимање на аудио клипови и нивно испраќање. Апликацијата е импресивна со користење преку WiFi или пак 3G конекција и работи без проблем и на двата типа на конекции. 

Апликацијата може да ја симнете на следниот линк, или со скенирање на QR кодот.







Трикови за надградба на вашиот Android телефон! - Втор дел

Во претходниот пост зборувавме за надградба на вашиот Android телефон. Сега продолжуваме со втор дел од потребната наградба.

Рутирајте го вашиот телефон

Пред да почнете со работа на вашиот телефон, првин ќе треба да го рутирате, што во суштина значи дека треба да ги отклучите безбедносните сетирања кои се во функција на оперативниот систем за да се спречи било какво менување. Проверете го GingerBreak  за да разберете како полесно да го рутирате вашиот телефон. За жал, оваа апликација можеби нема да работи на поновите Android телефони. Ова упатство ви дава листа на инструкции за рутирање на неколку модели на паметни телефони.


Сочувајте ги вашите податоци!

Ако веќе се одлучивте за реинсталирање, тогаш сочувајте ги вашите податоци и оригиналниот firmware на телефонот во случај ако се појават некои компликации, да бидете сигурни дека успешно ќе го вратите телефонот на оригиналните сетирања. Најлесниот начин е да се инсталира ClockworkROM Manager. Штом ќе ја инсталирате оваа апликација, пуштете ја и одберете од менито „Reboot into Recovery“. Со ова, апликацијата ќе симне и инсталира „recovery image“ профил за вашиот телефон, потоа ќе го рестартира и ќе подигне мени на кое ќе може да го одберете процесот за сочувување на податоци. Штом процесот ќе биде завршен и штом ќе биде направена копија на вашите податоци, истата може да ја преснимате во вашиот компјутер за полесно чување.



Спремете ги стандардните апликации за инсталација

Ако го инсталирате CyanogenMod, тогаш ќе треба да ги инсталирате рачно стандардните Google апликации на вашиот телефон. Истите ќе мора да ги симнете од следниот линк во ZIP фајл во кој се наоѓаат инсталациони пакети за апликации како Google Search, Android Market итн. Ставете го ZIP фајлот на вашата SD картичка во главната root локација.







Инсталирање на новиот Android firmware 

Се работи за битна работа, така да читајте и бидете претпазливи! Симнете го CyanogenMod или MIUI за вашиот модел, кој доаѓа во ZIP пакет, и снимете го во root на вашата SD мемориска картичка. Стартувајте ја ClockworkMod ROM Manager апликацијата и одберете „Reboot into Recovery“. Кога вашиот телефон ќе се рестартира, можеби ќе треба да ги избришете податоците и кешот и да ја форматирате локацијата „/system“. Следно, одберете го ZIP фајлот на новата Android верзија и ставете ја во root на мемориската SD картичка и почнете со процесот на надградба. Од прилика се потребни околу две минути за да заврши целиот процес. Ако постапката ја извршувате со CyanogenMod - не го рестартирајте телефонот и повторете ја постапката со ZIP фајлот кој го содржи Google Android.


Уживајте во вашиот нов Android телефон!


Освен што направивте надградба на понова верзија, CyanogenMod и MIUI доаѓаат со нови опции и алатки, Wi-FI tethering, подобри безбедносни подесувања и поголема оптимизација на корисничкиот интерфејс. Многу од корисниците кои ја имаат направена оваа постапка велат дека им е подобрен животниот век на батеријата, нивните телефони работат оптимално и побрзо!





Thursday, February 16, 2012

Трикови за надградба на вашиот Android телефон! - Прв дел

Ако имате постар модел на Android паметен телефон и ако сакате да направите надградба на најновата верзија на оперативен систем, во 99% од случаите ќе завршите со никаква официјална верзија за вашиот телефон. Или пак, може да ги следите следните чекори за да ја направите потребната надградба, се разбира, на ваш ризик!

Најголемиот проблем со Android платформата е неверојатно спората брзина со која произведувачите ги објавуваат најновите верзии на оперативниот систем за нивните стари модели на мобилни телефони. Ако поседувате таков запоставен телефон и не сакате да трошите пари за купување на нов, тогаш вашата најдобра шанса е да инсталирате неофицијална Android верзија!

Следната статија е пример на тоа што треба да се знае при овој процес на инсталирање на неофицијална Android верзија на вашиот телефон. Секој телефон има уникатни чекори при инсталација, па треба да ги следите инструкциите за вашиот специфичен модел.

Инсталирање на свој ризик

Инсталирање на неофицијална OS верзија на вашиот телефон значи дека било каква гаранција што сте поседувале за уредот веќе нема да биде важечка. Пред да ја почнете оваа постапка, прочитатјте го корисничкото упатство за секој модел посебно и следете ги чекорите претпазливо. Иако шансите за да го расипете вашиот телефон до состојба на неповратност се многу мали (brick phone), сепак може да се случат, посебно во случај ако ги избрзате потребните чекори. Имајте во обзир дека некои од опциите кои ги имате на сегашната верзија на оперативниот систем може да не ви бидат достапни во новата верзија на оперативниот систем после успешното инсталирање, додека други опции може да бидат спори или со грешки.

Два избора: CyanogenMod и MIUIO

Ако се движите во неофицијалните развивачки води ова веќе ви е познато. За оние што не знаат, имате два избора: CyanonenMod и MIUI. И двата се вградени во изворниот код на Android кој официјално е издаден од Google и нивната најнова верзија е базирана на Android 2.3 „Gingerbread“. CyanogenMod се држи до основните компоненти на Android кои доаѓаат со изворниот код, нивниот кориснички интерфејс е „чист“ и минимизиран од непотребните работи. MIUI целосно го преработува корисничкиот интерфејс кај Android и потсеќа на iOS. Ако вашиот Android телефон е од популарните модели, тогаш е подржан од CyanogenMod или MIUI форумската заедница. Ако не е, тогаш сеуште постои шанса дека некој можеби работи на порт за вашиот модел на телефон. Во тој случај, направете претражување со името на моделот. 


Tuesday, February 7, 2012

Најавен новиот LG Miracle!

LG изгледа не се откажа од правење на Windows Phone 7 телефони од втората генерација, па така да после една цела година го најави новиот од втората генерација паметни Windows Phone 7.5 телефони - LG Miracle!

Од деталите кои се откриени, телефонот ќе има четири инчен WVGA NOVA дисплеј и со тоа ќе биде со еден од најбистрите екрани кои може да се сретнат кај Windows Phone 7.5 телефоните денеска. Од процесорот ќе има стандарден 1 GHz Snapdragon, 8 GB интерна меморија, 720p 5 мегапикселна задна и 1.3 мегапиксели предна камера.

Од конекциите ќе има 14.4 Mbps HSPA радио, 5.0 GHz 802.11 a/b/g/n WiFi и Bluetooth 3.0. Можеби најимпресивната опција кај овој паметен телефон ќе биде можноста за NFC тагирање-читање, но сеуште не е сигурно дали оваа опција ќе биде достапна пред Windows Phone 8.

Телефонот би требало официјално да биде пуштен ова лето, после Светскиот Мобилен Конгрес (MWC) каде што би требало да дебитира.


Извор: PocketNow

Згасна и btjunkie.org!

RIP BTJunkie 2005-2012

Како што поминува времето од контроверзните закони, така се наметнуваат и ограничувањата на интернетот. Една приказна која беше замислена како неограничен пристап и комуникација за сите, од ден на ден се претвора во место кое се враќа во 1960 година, кога само одбрана група од десетици компјутери беа поврзани во мрежа. 

Мапа на интернетот

Статистиката вели дека приближно третина од светската популација е приклучена на најголемото човечко достигнување кое не го поседува никој, но сепак се обидуваат да го ограничат!

Еден од слоганите кој може да се најде на интернет 
против контроверзните закони


Бројката од 2.1 милијарди луѓе не е за потценување! Таа е движечката сила на иновациите, достигнувањата во секое поле од животот и желбата за прогрес и самоедуцирање. Пост ерата на SOPA, PIPA, ACTA или било кој друг нивен клон не делува светла. Ова веќе може да се примети со згаснување на Megaupload и BTJunkie. 


Но, уште не е завршена борбата. SOPA и PIPA беа повлечени од нивниот основач, но сега ACTA е новиот договор кој веќе беше потпишан од САД, ЕУ, Австралија, Канада, Јапан, Мароко, Нов Зеланд, Сингапур, Швајцарија и Јужна Кореја. Документот е потпишан на 1 Октомври 2011, но уште не е влезен во сила. Подолу може да ја погледнете картата на земјите кои го потпишаа ACTA договорот. Може да се забележи дека и Македонија со влез во ЕУ, автоматски ќе треба да го почитува овој договор.



Monday, February 6, 2012

Nokia ја најави белата верзија на Lumia 800


Официјална слика од страна на Nokia на нивниот официјален Facebook профил

Како и што се очекуваше, Nokia ја пушти белата верзија на Nokia Lumia 800 и истата ќе се најде во продажба од овој месец. Уште не е познато по која цена ќе се движи белата верзија, но знаејќи ја филозофијата на другите компании (како Apple) би требало да се доплаќа за бела верзија на телефонот, но Nokia сигурно нема да си дозволи поскапа цена за белата верзија, освен ако не биде понудена како ексклузивна верзија на Nokia Lumia 800. Подолу може да ги погледнете сликите од белата верзија, како и видео од официјалното пуштање во Холандија кои ја најавија белата Nokia Lumia 800.


Nokia Lumia 800 ќе биде достапна во 5 различни бои



Извор: Facebook, YouTube

Thursday, February 2, 2012

Предности и недостатоци кај оперативните системи за таблети


Секој оперативен систем си има свои предности и недостатоци, без разлика дали се работи за iOS, Windows или Android. Подолу е дадена табела на предности и недостатоци на овие оперативни системи.

Предности и недостатоци кај оперативните системи за таблети. За поголема резолуција кликнете на сликата


Табелата е направена врз постоечките оперативни системи кои може да се најдат на пазарот, како Windows 7, iOS и Android 3.0 и се разбира дека со следните верзии на Windows 8, Android 3 и iOS оваа табела ќе изгледа поразлично.

Автор: Слаѓан Алексовски

Wednesday, February 1, 2012

Siri и на Windows Phone!


Ask Ziggy е апликација која потсетува на Siri, но поради тоа што е прва верзија, многу од функциите кои се достапни кај Siri не беа достапни кај Ask Ziggy, како на пример некои основни функции како временска прогноза или колку е часот. 

Но, ако се земе во обзир дека апликацијата е направена од еден човек, има интересни трикови кои може да се направат и со оваа апликација кои може да ги погледнете во видеото подоле. Моментално, кај дел од корисниците може да се појави проблем баш поради фактот што апликацијата е многу популарна и многу корисници ја користат. Поминатиот лимит треба да биде поправен наскоро.

Но, најголемата вест, како што може да се види од сликите е што следната надградба доаѓа со уште поголеми можности, функции и опции. Освен што апликацијата ќе стане повеќе „Metro“, ќе располага и со додатни функционалности како:

* Временска прогноза
* Време
* Потсетници


Официјалната изјава на авторот е дека се работи со полна пареа на следната верзија, па така да во следните месеци може да ја очекуваме истата. Уште нема објава на временската рамка за следната верзија, но кога ќе биде достапна или ако има некоја новост, очекувајте благовремено известување.



Сегашната верзија може да се симне од продавницата на MIcrosoft, или со скенирање на QR кодот подоле, се разбира бесплатно, но додека не се ресетира лимитот на истата, може да има проблеми при користење. 
QR код до Ask Ziggy