Thursday, February 16, 2012

Трикови за надградба на вашиот Android телефон! - Прв дел

Ако имате постар модел на Android паметен телефон и ако сакате да направите надградба на најновата верзија на оперативен систем, во 99% од случаите ќе завршите со никаква официјална верзија за вашиот телефон. Или пак, може да ги следите следните чекори за да ја направите потребната надградба, се разбира, на ваш ризик!

Најголемиот проблем со Android платформата е неверојатно спората брзина со која произведувачите ги објавуваат најновите верзии на оперативниот систем за нивните стари модели на мобилни телефони. Ако поседувате таков запоставен телефон и не сакате да трошите пари за купување на нов, тогаш вашата најдобра шанса е да инсталирате неофицијална Android верзија!

Следната статија е пример на тоа што треба да се знае при овој процес на инсталирање на неофицијална Android верзија на вашиот телефон. Секој телефон има уникатни чекори при инсталација, па треба да ги следите инструкциите за вашиот специфичен модел.

Инсталирање на свој ризик

Инсталирање на неофицијална OS верзија на вашиот телефон значи дека било каква гаранција што сте поседувале за уредот веќе нема да биде важечка. Пред да ја почнете оваа постапка, прочитатјте го корисничкото упатство за секој модел посебно и следете ги чекорите претпазливо. Иако шансите за да го расипете вашиот телефон до состојба на неповратност се многу мали (brick phone), сепак може да се случат, посебно во случај ако ги избрзате потребните чекори. Имајте во обзир дека некои од опциите кои ги имате на сегашната верзија на оперативниот систем може да не ви бидат достапни во новата верзија на оперативниот систем после успешното инсталирање, додека други опции може да бидат спори или со грешки.

Два избора: CyanogenMod и MIUIO

Ако се движите во неофицијалните развивачки води ова веќе ви е познато. За оние што не знаат, имате два избора: CyanonenMod и MIUI. И двата се вградени во изворниот код на Android кој официјално е издаден од Google и нивната најнова верзија е базирана на Android 2.3 „Gingerbread“. CyanogenMod се држи до основните компоненти на Android кои доаѓаат со изворниот код, нивниот кориснички интерфејс е „чист“ и минимизиран од непотребните работи. MIUI целосно го преработува корисничкиот интерфејс кај Android и потсеќа на iOS. Ако вашиот Android телефон е од популарните модели, тогаш е подржан од CyanogenMod или MIUI форумската заедница. Ако не е, тогаш сеуште постои шанса дека некој можеби работи на порт за вашиот модел на телефон. Во тој случај, направете претражување со името на моделот. 


No comments:

Post a Comment