Saturday, February 18, 2012

Резултати од пазарот на паметни телефони според Gartner


Gartner ги објави резултатите од продажбата на паметни телефони за четвртиот квартал од 2011 година. Од статистиката е очигледно дека Android е победник со продадени 75.906 уреди или 50.9% од вкупниот пазар, што во споредба со четвртиот квартал од 2010 година има подобрувања од 20.4%.

На второ место се наоѓа iOS со продадени 35.456 уреди или 23.8% од вкупниот пазар. Во споредба со четвртиот квартал од 2010 година има напредок од 8%. На трето место е неславната платформа Symbian со 11.7% и има пад од 20.6%, но ова е очекувано поради фактот штоSymbian постепено ќе биде заменета со новиот оперативен систем на Microsoft - Windows Phone 7.5. 

На четврто место се наоѓа RIM и според овогодинешните проблеми со платформата очекувано е дека има пад од 5.8% со продадени 13.184 уреди или 8.8% дел од вкупниот пазар. На петто место е уште еден неславен оперативен систем Bada - платформа на Samsung која во споредба со четвртиот квартал од 2010 година бележи пораст во продажбата од 0.1% или продадени 3.111 уреди.

На шесто место се наоѓа Microsoft со продадени 2.759 уреди и има пад од 1.5% што е и очекувано поради фактот што Windows Mobile 6.5 се заменети со новата платформа Windows Phone 7.5. Предвидувањата на Gartner се дека Windows Phone 7.5 ќе достигне поголем успех заедно со Nokia и дека ќе заземе 8% од пазарот на паметни телефони до крајот на годината. Па, останува да видиме дали овие предвидувања ќе се остварат.

Подолу може да ги видите продажбите за 2011 година по произведувачи на телефони. Се разбира дека Nokia е на врвот на продадени уреди, баш поради фактот што се работи за стабилен и проверен хардвер, но со транзицијата на новата платформа од Symbian на WP 7.5  Nokia има пад од 5.1%. Останатите податоци може да ги погледнете во следната табела.






No comments:

Post a Comment