Од 20 до 26-ти февруари ќе се одржи третиот интернационален натпревар и семинар по роботика - Robomac. Целта на семинарот е да се популаризира роботиката кај средношколците и студентите во Европа, па и пошироко.
Семинарот започнува на 20 Февруари и ќе трае до 26 Февруари. Предавањата ќе бидат одржани во Амфитеатарот при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) - Скопје, а натпреварот помеѓу групите во најразлични категории ќе биде одржан на 26 Февруари во Македонската Опера и Балет.
100-тина учесници од цела Европа ќе имаат можност на 26 Февруари да си ги одмерат силите во 4 категории и тоа:
* Роботска трка
* Хуманоид
* Сумо
* Напредно програмирање
Можноста за нови знаења, практична настава која и речиси да не е застапена кај нас е добар поттик да бидете дел од овој семинар.
Лично бев учесник на втората масовна работилница која беше организирана во 2010 година и може да кажам дека ваква шанса за практична работа не се пропушта. Ако оваа година не успеавте да влезете во среќните 100 - тина кандидати, не очајувајте, секогаш има нареден пат!
No comments:
Post a Comment