Friday, February 17, 2012

Трикови за надградба на вашиот Android телефон! - Втор дел

Во претходниот пост зборувавме за надградба на вашиот Android телефон. Сега продолжуваме со втор дел од потребната наградба.

Рутирајте го вашиот телефон

Пред да почнете со работа на вашиот телефон, првин ќе треба да го рутирате, што во суштина значи дека треба да ги отклучите безбедносните сетирања кои се во функција на оперативниот систем за да се спречи било какво менување. Проверете го GingerBreak  за да разберете како полесно да го рутирате вашиот телефон. За жал, оваа апликација можеби нема да работи на поновите Android телефони. Ова упатство ви дава листа на инструкции за рутирање на неколку модели на паметни телефони.


Сочувајте ги вашите податоци!

Ако веќе се одлучивте за реинсталирање, тогаш сочувајте ги вашите податоци и оригиналниот firmware на телефонот во случај ако се појават некои компликации, да бидете сигурни дека успешно ќе го вратите телефонот на оригиналните сетирања. Најлесниот начин е да се инсталира ClockworkROM Manager. Штом ќе ја инсталирате оваа апликација, пуштете ја и одберете од менито „Reboot into Recovery“. Со ова, апликацијата ќе симне и инсталира „recovery image“ профил за вашиот телефон, потоа ќе го рестартира и ќе подигне мени на кое ќе може да го одберете процесот за сочувување на податоци. Штом процесот ќе биде завршен и штом ќе биде направена копија на вашите податоци, истата може да ја преснимате во вашиот компјутер за полесно чување.



Спремете ги стандардните апликации за инсталација

Ако го инсталирате CyanogenMod, тогаш ќе треба да ги инсталирате рачно стандардните Google апликации на вашиот телефон. Истите ќе мора да ги симнете од следниот линк во ZIP фајл во кој се наоѓаат инсталациони пакети за апликации како Google Search, Android Market итн. Ставете го ZIP фајлот на вашата SD картичка во главната root локација.







Инсталирање на новиот Android firmware 

Се работи за битна работа, така да читајте и бидете претпазливи! Симнете го CyanogenMod или MIUI за вашиот модел, кој доаѓа во ZIP пакет, и снимете го во root на вашата SD мемориска картичка. Стартувајте ја ClockworkMod ROM Manager апликацијата и одберете „Reboot into Recovery“. Кога вашиот телефон ќе се рестартира, можеби ќе треба да ги избришете податоците и кешот и да ја форматирате локацијата „/system“. Следно, одберете го ZIP фајлот на новата Android верзија и ставете ја во root на мемориската SD картичка и почнете со процесот на надградба. Од прилика се потребни околу две минути за да заврши целиот процес. Ако постапката ја извршувате со CyanogenMod - не го рестартирајте телефонот и повторете ја постапката со ZIP фајлот кој го содржи Google Android.


Уживајте во вашиот нов Android телефон!


Освен што направивте надградба на понова верзија, CyanogenMod и MIUI доаѓаат со нови опции и алатки, Wi-FI tethering, подобри безбедносни подесувања и поголема оптимизација на корисничкиот интерфејс. Многу од корисниците кои ја имаат направена оваа постапка велат дека им е подобрен животниот век на батеријата, нивните телефони работат оптимално и побрзо!





No comments:

Post a Comment