Како и сите останати работи во нашата држава, така и новиот донесен закон за штедење електрична енергија поради новонастанатата криза од недостиг на електрична енергија во Европа, се почитува половично. Некому мајка, а некому маќеа, кажано народски, законот изгледа е исклучок за големите аптеки, бензински пумпи, кабелски оператори, па и јавни институции. Нема лично да ги посочам баш поради фактот што во последно време фрчат покани за суд дури и ако се даде мал хинт за правни и физички лица во нашата држава, па да се однесувам Европски и префинето, нема да посочам никого за да ги заштитам нивните права (ама си се знаат кои се).
Но, секоја чест и до исклучоците! Дел од градските власти го почитуваат законот, дали поради фактот што казната изнесува од 300 до 500 евра или пак поради фактот што законите се за сите исти, што и не е случај со сите. Многу од јавните институции, приватни компании, продавници, маркети, фабрики во индустриски зони одлучија дека нивната реклама е побитна од хаваријата која може да настане и со тоа каскадно да испадне целата држава од енергетскиот систем и сите да бидеме уназадени во 18 век. Но, тоа изгледа не е толку битно. Битно нивната реклама се гледа и сите ќе може полесно да ги пронајдат. И да не биде текстот сувопарен, подоле може да погледнете слика која е надвор од секаков контекст со текстот. Поздрав и секое добро!
No comments:
Post a Comment