Thursday, October 27, 2011

Топ апликации за Windows Phone 7


Оперативниот систем на Microsoft кој неодамна славеше една година од своето постоење, веќе постигна многу. Во продавницата на апликации може да се најдат преку 35.600 најразновидни наслови. Статистиката покажува дека продавницата за апликации ја надмина дури и продавницата на апликации на Android и Apple, кога беа во своите зачетоци. Со оваа брза експанзија и најновиот апдејт Mango за кој ќе зборуваме во некоја од следниве статии, Microsoft го доби приматот на брзо растечки пазар и го зациментира своето трето место меѓу мобилните оперативни системи, земајќи добар дел од пазарот.

Во продавницата за апликации може да сретнете најразновидни апликации, од најпрости па до најсложени, евтини и скапи, зависно од вашиот вкус и џеб, се разбира. 

Microsoft Tag



До секоја апликација ќе биде ставен и Microsoft tag, кој функционира за директен пристап до апликациите со нивно скенирање, слично како QR кодовите. Microsoft Tag апликацијата може да ја симнете на следниот линк. Апликацијата е бесплатна.

YouTube


Како основна апликација која мора да се има би ја спомнал официјалната YouTube апликација, која е бесплатна и е неопходна, без разлика дали се работи за забава или едукација. Моменталната верзија е 1.0 и оригинално беше пуштена на 10 Октомври 2010, со големина од 0.29 MB. Наскоро се очекува следната верзија од истата. 

Adobe Reader


Се разбира дека и Adobe Reader треба да се најде на листата на неопходни апликации. Моменталната верзија е 9.0, а иницијално апликацијата беше пуштена на 20 Октомври 2010, со големина од 2.45 MB. Апликацијата е бесплатна.

Facebook


И овде нема многу што да се каже. Повеќето од вас се запознаени со мобилните верзии на Facebook. Моменталната верзија е 2.1, со големина од 2.20 MB. Истата иницијално беше пуштена на 19 Октомври 2010. Апликацијата има чист и прегледен интерфејс и секако дека е апликација која мора да се има. Апликацијата е бесплатна.

Twitter


Официјална апликација на Twitter. За сите оние на кои новиот апдејт со вградената Twitter интеграција не им е прегледен, може да ја симнат оваа апликација која има попрегледен интерфејс. Моменталната верзија е 1.0, која беше пуштена на 21 Октомври 2010, со големина од 2.95 MB. Апликацијата е бесплатна.

Connectivity Shortcuts


Оваа апликација ќе им биде многу корисна на корисниците на Windows Phone 7.5. Располага со 4 икони за избор и тоа за WiFi, Bluetooth, Aeroplane mode и Network. Иконите се анимирани. За сите оние кои немаат направено апдејт на најновата верзија на Windows OS, наречен Mango апдејт, нека побрзаат затоа што новата верзија донесува преку 500 нови подобрувања и нови можности. Официјалната верзија е 2.0, која беше пуштена на 8 Септември 2011. Големината на апликацијата изнесува 1.05 MB. Апликацијата е бесплатна.

The Weather Channel


Се разбира дека ако сакаме да излеземе од дома на прошетка или на работа, ја проверуваме временската прогноза за тековниот или следниот ден. Оваа апликација која се покажа како најпрегледна од сите на пазарот, се одликува со чист и прегледен дизајн. Може да пратите повеќе временски прогнози за повеќе градови кои може директно да ги закачите на вашата почетна страна. Моменталната верзија е 1.8, со големина од 13.14 MB. Апликацијата е бесплатна.

...i'm a WP7!


Апликација која изобилува со безброј корисни работи! Тука можете да ги погледнете последните статистики за тоа колку има корисници апликацијата (бројка од над 100.000 корисници ширум светот), со кои може да комуницирате преку испраќање на пораки. Може да најдете рингтонови, позадини, како и новости за платформата и телефоните. Се на се, сеопфатна апликација која вреди да се има. Моменталната верзија на пазарот е 3.3, со големина од 10.31 MB. Апликацијата е бесплатна.

AppFlow


Сакате да инсталирате апликација или игра, но не знаете за која да се одлучите? AppFlow е вистинскиот избор за вас. Со поделба по категории, од најатрактивни, па се до заборавени легенди, апликацијата ќе ви ги донесе сите апликации и игри од продавницата со апликации директно на вашиот екран. Апликацијата е со верзија 2.1 и големина од 11.16 MB. Апликацијата е бесплатна.

PhotoFunia


Имате направено одлична слика, но ќе биде уште поимпресивна ако ја направите црно-бела. Колку добро би ви се нашол еден лаптоп за да ја средите сликата и да ја ставите на Facebook или Google+ за да ви љубоморат пријателите. Но не очајувајте, затоа што со оваа апликација ќе дојде до израз уметникот во вас. Апликацијата располага со повеќе опции, од застарена фотографија па се до црна бела. Апликацијата е бесплатна, со големина од 3.44 MB. Моменталната верзија е 1.4.

Секако дека пазарот на апликации располага со безброј атрактивни, корисни и забавни апликации. Ова е само еден мал дел од оние најнеопходните кои ви се потребни за секојдневна комуникација и информација. Наскоро очекувајте ги и топ 10 игри за оваа платформа која секој ден станува се поценета.

Автор: Мартин Страхиловски



No comments:

Post a Comment