Ако мислевте дека се заборави на телефонот на Motorola, тогаш не сте во право. Претходно познат како EX225, изгледа телефонот со QWERTY тастатура може да има конечно официјално претставување и име. На следниот официјален линк од Motorola, може да ги прочитате спецификациите, можностите и да ја погледнете галеријата од новиот телефон кој наскоро ќе се најде во продажба.
Имено, телефонот ќе има 2.4 - инчен екран на допир, 3 MP камера и своја платформа (која нема да биде Android). Телефонот ќе биде интегриран со Gmail, Facebook и Twitter и ќе има Facebook копче за директен пристап до мрежата. Според шпекулациите кои може да се пронајдат на интернет, изгледа дека Motorola и Facebook работат на свој заеднички оперативен систем, кој дали ќе биде успешен ќе видиме наскоро.
Автор: Мартин Страхиловски
No comments:
Post a Comment