Изгледа дека LG е спремен да направи своја ексклузивна евент забава за нов паметен телефон кој треба да излезе на 1 Декември. Но поканата не открива никакви информации ни детали, само дава до знаење дека се е скриено под црвените завеси, како што може да се забележи од сликата подоле.
Но според шушкањето на интернет, изгледа се работи за претстојниот Optimus LTE или попознат како LG Nitro 4G LTE телефон кој ќе може да се да се најде првично на американскиот пазар.
Од спецификациите кои се познати за овој телефон се дека телефонот ќе располага со 4.5" NOVA дисплеј кој би давал неверојатно одлична слика со резолуција од 1280 x 720, dual-core 1.5GHz Qualcomm Snapdragon процесор, предна и задна камера. Но без многу шпекулации, се' ќе биде откриено на 1 декември!
No comments:
Post a Comment