Saturday, December 31, 2011

Среќни Новогодишни и Божиќни празници!

Среќни Новогодишни и Божиќни празници до читателите на овој блог. Се надевам дека барем малку успеав да го подобрам квалитетот на блогосферата во Македонија, со интересни одбрани содржини кои оставија впечаток во годината што си замина. Да не должам многу, уште еднаш, Среќна Нова Година со желба за успех на секое поле. Поздрав до следната година!

Tuesday, December 27, 2011

Продавницата за апликации на Windows Phone достигна 50.000!

Конечно, и порано од очекуваното, после само 14 месеци од пуштањето на новата серија на паметни мобилни телефони од Microsoft, веќе е помината границата од 50.000 апликации и игри и во моментот на пишување на статијата на пазарот можеа да се најдат 50.126 апликации од најразновидна содржина. 

На оперативниот систем на Microsoft му требаше една година да ја помине границата од 40.000 апликации, но само 40 дена за да ја помине границата од 50.000 апликации. Дневно се додаваат 265 апликации од кои 17.276 се додадени во последните 90 дена, а 8.010 се додадени во последните 30 дена. Овие апликации и игри се додадени од 13.002 најразновидни издавачи.

На графикот прикажан подоле е даден растот во број на апликации објавени на Windows Phone пазарот во последната година дена.


Но, треба да знаете дека вкупниот број на апликации не е ист на секој потрошувач подеднакво. Од вкупно 50.176 апликации кои се објавени на пазарот 6.000 не можат да се симнат од најразновидни причини (тргнати од Microsoft или повлечени од развивачите). Како додаток на ова, некои од апликациите се ексклузивни за некои пазари. На пазарот во Соединетите Држави има 42.655 апликации, Велика Британија (40.305), Франција (39.235), Шпанија (37.027), Италија (36.944), Германија (36.958), Австралија (37.024), Индија (36.752) и Сингапур (36.922).

За време на претходните четири недели, во просек се објавени 265 нови содржини декој ден. Кога пазарот ја достигна бројката од 40.000 апликации (16 Ноември 2011), бројката изнесуваше 165 апликации дневно, што значеше дека бројката раснеше.



Последните неколку недели имаше рапидно зголемување. Ова се должеше на два фактора: 

1. Ширење на пазарот географски, од 16 на 35 земји
2. Пуштањето на првиот Nokia Windows Phone уред

На долниот графикон може да ги видите содржините според категорија процентуално. Најголема застапеност има на категоријата Забава, потоа Книги и референци, игри и алатки и продуктивност. Овие четири категории (од седумнаесет) прават 57% од вкупната содржина на пазарот.


558% од апликациите кои може да се најдат на пазарот се бесплатни, 14% се ограничени, а 29% се платени. Само за споредба, соодносот на Android е 69%/31% бесплатни/платени а кај iOS тој сооднос изнесува 43%/57%.


ППодолу е прикажана споредба со другите оперативни системи и времето кое им било потребно за да ја пробијат границата од 50.000 апликации. На прво место се наоѓа iOS со 12 месеци, потоа Windows Phone со 14 месеци и Android со 19 месеци. Другите и не треба да се спомнуваат поради тоа што е очигледно дека им биле потребни повеќе од 25 месеци за да поминат границата од 50.000 апликации.


Извор: AAWP




Tuesday, December 20, 2011

Искористете ја тастатурата за управување на курсорот

Понекогаш вашето глувче (компјутерското, не домашно) можеби нема да функционира како што треба и нема да можете да го управувате движењето на курсорот. За време на тие ситуации вашата тастатура може да биде многу корисна која може да го замени вашето глувче додека не си купите ново. За да го направите ова, треба да ги следите простите чекори дадени подолу.

Прво ќе отидете во Control Panel и ќе одберете Accessibility Options. Од менито ќе го селектирате Mouse табот како што е прикажано на сликата.


Потоа чекирајте го квадратчето Use Mouse Keys и одберете Apply.  И готово, тоа е се што треба да направите за управување на вашиот курсор со помош на тастатурата.


Исто така може да ја промените брзината на курсорот и забрзувањето. Тоа може да го направите ако од истиот таб одберете Settings како што е прикажано на сликата подоле. 


Некои shortcuts кои ќе ви се најдат корисни:

Alt+лев Shift+Num lock ќе го отвори Accessibility прозорецот. По активирање на горните чекори, може да го користите "+" копчето за двоен клик или "5" за десен клик. Интересна опција која вреди да се искористи во случај на немање заменско глувче дома. 


Sunday, December 18, 2011

Директорот на одделот за дизајн во Microsoft зборува за Metro и за идните дизајни во Microsoft


Директорот за дизајн во Microsoft, Steve Kaneko неодамна даде интервју. Во него тој зборува за својата 20 годишна работа во Microsoft како дизајнер и за неговите разни дизајнерски улоги кои ги играл во Microsoft. 



Тој е уверен дека Microsoft е на вистинскиот пат со дизајните и новините кои ги спроведува како и неговото мислење за Metro дизајнот. Интересно интервју кое вреди да се погледне во целост. Уживајте!

Friday, December 16, 2011

Nokia Germany ја стави Lumia 800 на мраз!


Да, ова не е само бомбастичен наслов, туку е вистинска инвентивна реклама како може да се промовира една успешна приказна. Имено, работата е многу проста, кој ќе успее да го извади телефонот од замрзнатата површина, ќе си добие Nokia Lumia 800 гратис! Интересна и креативна реклама која вреди да се погледне!


Saturday, December 10, 2011

Како изгледаат работните канцеларии на Google во Лондон

Google е познат по својата инвентивност и разновидност. Четвртиот спрат на канцелариите на Google е целосно реновиран за да на вработените им даде конфорт и уживање кое неможе да го најдат во традиционалните компании, се со цел да бидат покреативни. Уредените простории располагаат со своја кујна каде јадењето им е целосно бесплатно во било кое време од денот, потоа кафетерија со дури 16 видови на кафе од кои 3 вида се специјално направени само за Google, како и канцеларии кои се креативни и немаат ништо класично. Како тоа е изведено и направено, може да погледнете од сликите подолу.

Tuesday, December 6, 2011

Рекламната кампања на Nokia продолжува!


Малото неверојатно шоу е слоганот на Nokia за новата рекламна кампања за Nokia Lumia 800. Веќе се посетени три града во Европа - Лондон, Берлин и Мадрид. Остануваат уште многу, па кој знае, можеби и некој од македонските градови ќе се најде на листата на градови кои треба да ги посети Nokia. Видеата се во продолжение.

Малото неверојатно шоу - Берлин


Малото неверојатно шоу - Лондон


Малото неверојатно шоу - Мадрид




Sunday, December 4, 2011

Кинескиот Nokia N9 телефон, со дури 7 мобилни оперативни системи!



Дуално бутирање на вашиот мобилен телефон бара добро техничко знаење за да може да го направите. Но што треба да направите ако сакате да ги имате сите главни мобилни оперативни системи на вашиот телефон? И тоа, не еден, туку 7! И за тоа има решение, ќе го фатите првиот авионски превоз за Кина и ќе си купите Nokia N9, копија се разбира.

Од видеото може да се види дека Кинезите успеале да направат телефон кој „работи“ на iOS, MeeGo, Android 3.1 Honeycomb (HTC Sense скин), Windows Phone 7.5 Mango, BlackBerry OS, Android 2.3 (Samsung TouchWiz 3.0 скин) и Symbian Anna.

Но, вистината е сосема различна. Телефонот всушност не е хепта бутабилен, туку само работи на различни скинови на MeeGo оперативниот систем кои се специјално направени да личат на определен оперативен систем.

                                       

За вешто око, ова нема да помине, се разбира, но кај баба и дедо? Се разбира ако сте за вистински телефон, треба да си го купите оригиналниот Nokia N9 или пак Nokia Lumia 800, но ако сакате нешто со кое ќе може да се фалите  тогаш може да ја купите кинеската копија. Од другите спецификации телефонот има цели 1.3 MP камера, 3.8 инчен WQVGA екран, но има и подршка за дуална SIM картичка!

Се на се, телефонот е уште еден доказ дека се' што е произведено во Кина, не значи дека треба да се купи.