Инжинери од универзитетот во Тел Авив развија транзистори бувално направени од човек. Имено, како што знаеме, досега силициумот е главна состојка на транзисторите, но истиот бргу станува застарен. Целта сега е да се прават уште помали и поеколошки компоненти, па затоа гореспоменатите инженирите се фокусираат на материјалите кои се наоѓаат во човековото тело.
Имено, нивното откритие е дека материјалите како протеините во млекото, крвта и слузта имаат способност самите да состават полупроводнички слој. Еден од нивните успеси е создавањето на биоразградлив, флексибилен екран. Сега, развиваат технологија за создавање на основните електронски компоненти. Засега резултатите се задоволителни, бидејќи веќе имаат створено полупроводнички слој тенок 4 нанометри. За споредба, сегашната индустрија стигна до 18 нанонеметри.
Не треба да се споменува дека ако ваквото нешто почне со масовна продукција, ќе доведе до целосна револуција во електронската индустрија.
Повеќе на следниот линк!
No comments:
Post a Comment