Како што беше најавено пред некој ден, од денеска (вторник) стартува со работа нов портал за технологија, астрономија и забава - Tab.mk.
Порталот има за цел да понуди интересни и квалитетни содржини, кои ќе го задржат вниманието на читателот. Тимот на Tab.mk има долгогодишно искуство во сферата на блогирањето и интернет новинарство, па така да може да очекувате многу интересни наслови, проткаени со голем број на информации.
Почетна страна на порталот
Се на се, се работи за интересен портал, со интересни категории, каде и обичниот читател не е веќе пасивен гледач на работите. Имено, сите читатели ќе може да предложат статија која сакаат да се најде на порталот или пак самите да ја напишат. Тоа ќе може да го направат директно преку порталот со регистрирање па потоа со испраќање на порака со содржината и текстот, или пак преку формата на групата на Facebook на следниот линк.
No comments:
Post a Comment