Без разлика кој модел го користите на Android паметните телефони или таблети, во некој момент сигурно сте наслушнале или добиле совет да го избришете „batterystats.bin“ фајлот т.е. да ја избришете статистиката за вашата батерија. Ова може да го направите, ако сте напреден корисник на оперативниот систем.
Според оние што велат така, бришењето на одреден фајл кое може да се оствари во Recovery, ќе му направи на телефонот да ги заборави претходните нивоа на полнење и ќе ви дозволи да ја „рекалибрирате“ батеријата. Според Dianne Hackborn, кој е инжинер во Google за Андроид, се работи само за урбан мит!
Во случајот ако ја избришете статистиката за вашата батерија, ќе постигнете контра ефект и батеријата ќе ви трае помалку или пак воопшто нема да има никакви промени. Овој мит настана од тоа што корисниците велат дека батеријата при полни 100% е наполнета само 92% што со калибрација би требало да се отклони.
Но, инжинерите на Android велат дека ова не е вистина. Според нив, овој фајл ги чува информациите за тоа кои апликаци и процеси ја користат батеријата помеѓу полнењата и нема никаква врска со полнењето на телефонот.
Со бришење на овој фајл, во суштина ја бришете информацијата за тоа кој процес и апликација ја користат батеријата, што се прави автоматски штом телефонот ќе се наполни. Со бришење на овој фајл нема да направите никаква фантастична и неверојатна работа.
No comments:
Post a Comment