Monday, January 23, 2012

Продавницата за апликации на Windows Phone достигна 60.000!

Повеќе од 60.000 наслови се објавени во продавницата за апликации на Windows Phone. Степенот на објавување продолжува да расне, со просечни 400 наслови кои се додаваат дневно за период од четири недели. Само за споредба, во декември кога беше помината бројката од 50.000 наслови, дневниот внес изнесуваше 265 наслови.

Беа потребни само 25 дена за да се дојде од 50.000 наслови до 60.000, споредено со 40 дена за да се дојде од 40.000 до 50.000. Во време на пишувањето, беа објавени 61.479 наслови. Од оваа бројка, 24.951 наслови се додадени во последните 90 дена, а 11.935 беа додадени во последните 30 дена. Овие наслови доаѓаат од 15.173 издавачи.

Растот на продавницата на Windows Phone до 21 Јануари

Во последната недела од 08.01.2012 до 15.01.2012, беа додадени 3.362 наслови во продавницата. Со овој раст, психичката бројка од 100.000 наслови која беше предвидена да биде помината во Април, би требала веќе најрано во Март да биде помината! 

Но, ќе се запрашате колку од објавените апликации би биле квалитетни? Во продавницата на апликации, 4.052 апликации се рангирани и коментирани 5 или повеќе пати. 

Неделно додавање на наслови во продавницата на Windows Phone (последната недела не е комплетна)

Извор: AAWP

No comments:

Post a Comment