Контроверзниот закон за „заштита“ на авторските права на интернет (Stop Online Piracy Act) и IP актот за заштита (Protect IP Act) беа повлечени денеска од нивниот творец Lamar Smith после минато неделните онлајн протести од најголемите и најмоќните ИТ компании во светот, како што се Wikipedia, Google, YouTube, Wired, Yahoo и тн. На страна на правдата застана и американскиот претседател Обама кој изјави дека нема да даде никаква подршка за овие контроверзни закони.
Со овој закон освен цензурата и забрана за работа на сајтовите кои располагаат со пиратски материјал, во случај да беше прифатен овој контроверзен закон, интернетот ќе беше поразлично место за живеење. Веќе можеше да се забележат обиди за цензура и забрана за работа која беше извршена врз сајтот www.megaupload.com за кој знам дека повеќето од вас имаат слушнато. Kако одговор на ова, групата Anonymous го направи најголемиот напад до сега и ги падна сајтовите на FBI, министерството за правда, Universal Music Group, Motion Picture Association и Warner Music Group.
Тоа е тоа народе, сега следниот чекор е да се внимава на вакви слични закони да не успеат да се прогураат на задна врата. Сега, за сега сите може да воздивнеме и да уживаме на благодетите на демократијата и слободното опшество кое го измисли најголемиот успех на човештвото - интернетот!
No comments:
Post a Comment