Tuesday, January 10, 2012

Microsoft го заврши своето претставување на CES 2012


Microsoft го искористи овогодинешниот и воедно последен CES за него за да ја претстави досегашната работа и да ги претстави новостите и иновациите кои следат оваа година. Од следната година, Microsoft нема веќе да биде на CES поради фактот што датумот со евентот не одговара со иновациите на Microsoft. Но, како и да е, многу нови иновации беа преставени на излагањето, кои почнуваат од два нови Windows Phone 7.5 кои имаат подршка за 4G и LTE - Nokia Lumia 900 и HTC Titan 2. 


Освен тоа што се 4G паметни телефони, истите ќе бидат ексклузивни за мрежата на AT&T во САД, но дали истите ќе може да се најдат и на другите пазари, останува да видиме. И двата телефони имаат предна камера, со меморија од 16 GB, како и процесор од 1.4 GHz за Nokia односно 1.5 GHz за HTC. Titan 2 има камера од неверојатни 16 мегапиксели! 

Новиот HTC Titan 2 со неверојатна камера од 16 MP!

Новиот Nokia Lumia 900 со предна камера, 4G LTE подршка и камера од 8 MP


Воедно, ова е и првиот Windows Phone 7.5 паметен телефон кој располага со камера од 16 MP. Подолу може да ја погледнете сликата која е направена со оваа неверојатна резолуција. Кликнете на сликата за оригинална големина.


Потоа беше подетално претставен и новиот Windows 8 и најновите лап топи кои работат на Windows 7 кои ќе може лесно да се преинсталираат со новиот Windows 8. 

Новиот Metro изглед на Windows 8

Беше претставен и новиот систем на гласовна комуникација со XBOX и редизајнираниот кориснички Metro интерфејс кој заедно со Windows Phone 7.5, Windows 7 лап топ, новите таблети со Windows 8 ќе направат еден екосистем кој заедно до SkyDrive ќе направат една сеопфатна целина за која Microsoft говореше и направи предвидувања во далечната 1997 година. 


Финалните зборови на Steve Ballmer беа дека „Metro ќе ја води магијата на сите Microsoft искуства“, и кога беше запрашан што понатаму, Ballmer одговори просто: „Metro, Metro, Metro. Windows, Windows, Windows.“



Како за крај, погледнете го излагањето на Microsoft на следниот линк. 



No comments:

Post a Comment