Wednesday, February 29, 2012

Конечно! Пристигна Skype за Windows Phone 7.5!



Изгледа дека Microsoft се уште знае да ги изненади своите корисници. После официјално најавување дека Skype пристигнува за Windows Phone 7.5 сите се надеваа дека набрзо ќе може апликацијата да се симне, но Microsoft изгледа се сретна со многу проблеми на патот до официјална објава. Но, конечно, трнливиот пат е поминат и денес можеме да ја најдеме новата Beta верзија на популарната апликација во продавницата на апликции.


Апликацијата има преку 200 милиони корисници низ целиот свет. Метро дизајнот е видлив низ целата апликација што ја прави целата апликација освежена од класичниот изглед, донесувајќи ново и чисто корисничко искуство.



Skype Beta може да ја симнете на следниот линк или со скенирање на QR кодот. Се разбира, верзијата не е комплетна, па така да може да се сретнете со багови или лагирање, но шансите се минимални за ова. 







Tuesday, February 28, 2012

Продавницата за апликации на Windows Phone достигна 70.000 апликации!

Точно пред еден месец беше помината границата од 60.000 наслови и се чини дека границата од 100.000 наслови, со ова темпо би требала да биде помината набргу! Брзината на објава на содржината е со 250 наслови дневно.

Во време на пишувањето на статијата, во продавницата за апликации можеа да се пронајдат 70.784 најразновидни наслови. Од вкупната бројка, 28.503 наслови се додадени само во последните 90 дена, а 6.936 во последните 30 дена. Овие наслови доаѓаат од 17.303 развивачи. Повеќе за деталите може да погледнете од приложените слики подолу.

Растот на продавницата на апликации. Февруари не е целосен 

Заедничко со сите продавници на апликации е и тоа дека вкупната бројка на објавени наслови не е иста со бројката на достапни наслови за корисниците. Од вкупната бројка од 70.784 наслови објавени во продавницата на апликации, 7.000 не се достапни и истите се или отстранети од MIcrosoft или пак повлечени од развивачите. Како додаток на ова, некои апликации се достапни само за одреден пазар. Ова значи дека бројката на достапни наслови се: 57.000 за Велика Британија, 59.687 за САД, 54.399 за Франција, 51.403 за Шпанија, 51.234 за Италија, 51.465 за Германија, 52. 528 за Австралија и 52.346 за Индија.


Според статистиката, со сегашната брзина на објава на најразновидни наслови, бројката од 100.000 наслови би била помината најрано во Јули, но ништо не е сигурно, можеби да биде и порано. На следниот графикон може да го погледнете процентуалното расподелување со платени, бесплатни и trial наслови. Инаку пазарот е уште млад, но е најбрзиот растечки пазар на мобилни апликации досега.




Претставена новата Nokia Lumia 610!


Конечно и официјално, Nokia го претстави четвртиот од серијата Lumia Windows Phone 7.5 телефони - Nokia Lumia 610. Телефонот ќе биде со најпристапна цена до сега и ќе ја таргетира младата публика.



Nokia Lumia 610 располага со 3.7" LCD дисплеј, 256 MB RAM меморија, 8GB капацитет и задна 5 мегапикселна камера. Ќе биде достапен во четири варијанти - бела, цијан, магента и црна. Пропорциите на телефонот се 119 x 62 x 12 mm и тежи 131.5 грама. 

Подеталните спецификации се дадени подолу:

* Gorning Gorilla Glass
* 3.7" LCD TFT screen технологија
* Quad band: GSM 1800, 1900, 850, 900, data: 1900, 2100, 850, 900
* HSPA - Без „+“ па така да преносот е ограничен на 7.2 Mbps
* 2 микрофона
* Нема компас
* Време на зборување: 10.5 часа
* 1300 mAh батерија
* 256 MB RAM
* 8 GB меморија
* 5 MP камера
* Оперативен систем - Windows Phone 7.5 Mango
* Четири бои: бела, цијан, магента, црна




Телефонот ќе работи на најновиот оперативен систем Windows Phone Mango и ќе може да се најде во продажба во Европа во втората половина од 2012 по цена од 189 евра. За повеќе информации можете да ја посетите продукт страната на новиот телефон на следниот линк.

Monday, February 27, 2012

Новата Nokia со 41 MP камера!


Да, добро прочитавте. И не, не е лага! Нокиа на Мобилниот Светски Конгрес освен што го објави новиот член на фамилијата Lumia - Nokia Lumia 610, дојде на ред и нов Symbian  мобилен телефон со импресивна 41 мегапикселна камера!

Новиот Pure View 808 телефон доаѓа со импресивен 41 мегапикселен сензор и ви дозволува да изберете помеѓу 5, 8 или 38 мегапикселни фотографии. Исто така телефонот има и ипресивен аудио квалитет.



Останатите спецификации може да ги погледнете подоле:

Димензии

* Големина: 123.9 x 60.2 x 13.9 mm (17.95 mm кај камерата)
* Тежина (со батерија): 169 g

Меморија

* 16 GB внатрешна меморија
* Подршка до 48 GB со microSD мемориска картичка
* Подршка за USB mass memory за сочувување на слики, документи и др.

Конекција

* Bluetooth 3.0
* HDMI
* DLNA
* High speed USB 2.0 (micro USB)
* USB On-the-Go
* 3.5 mm Nokia стандарден аудио конектор
* NFC
* WLAN
* A-GPS
* FM transmitter

Перформанси на батерија

* Време на разговор (максимум):
- GSM до 11 часа
- WCDMA до 6.5 часа
* Време на мирување (максимум):
- GSM до 465 часа
- WCDMA до 540 часа

Телефонот се очекува во продажба од Мај со цена од 405 Евра. Повеќе информации на официјалната страна на Нокиа на следниот линк.







Saturday, February 25, 2012

Новата кампања на Nokia - „ Amazing Delivery“


Изгледа дека Нокиа не престанува да изненадува со своите промо активности. Доказ за тоа е новата кампања наречена „ Amazing Delivery“ каде на иновативен начин им се доставуваат новите Lumia 800 паметни телефони на корисниците кои нарачале и си резервирале преку интернет. Дејствието се случува во Унгарија. Браво за иновативноста на Нокиа! Уште еднаш се докажа како светски лидер во продажба и во поместување на границите на конвенционалното рекламирање! Видеата се во продолжение.


Достава во стилот на Аполо 13

Достава со танчерки

Достава со циркус


Достава од Мајкл Џексон

Thursday, February 23, 2012

Истражувачкиот оддел на Microsoft направи капацитивен екран на допир кој работи преку облека!


Истражувачкиот оддел на Microsoft работи на капацитивна сензорска технологија која ќе им дозволи на корисниците да ги управуваат своите паметни телефони без да ги вадат од своите џебови или футроли.


Прототипот се состои од мулти капацитивен сензор на допир кој е прицврстен на задната страна од паметниот телефон, кој изгледа како Samsung Focus, но со пристап до сегашните капацитивни сензори во телефоните нема да биде потребен дополнителен хардвер за вакво работење, што е предност!

Со овој прототип, какко што може да се забележи од видеото може да се контролира плеерот за музика, па дури и да се одговори на смс порака без притоа телефонот да биде изваден од џебот на корисникот! Звучи интересно, нели!?

За повеќе информации за овој прототип, кликнете на следниот линк.
   

Wednesday, February 22, 2012

Android 5.0 „Jelly Bean“ ќе направи поголема фрагментација!


Освен фактот што Android 4.0 Ice Cream Sandwich може да се најде само на 1% , Google се спрема да ја објави новата верзија на својот оперативен систем - Android 5.0 „Jelly Bean“ во вториот квартал од оваа година.

Android 5.0 ќе се фокусира на таблетите и ќе внесе нови интересни функции. Верзијата ќе има подршка за двојно бутирање (dual boot), што значи дека на таблетот ќе може да ја инсталирате и новата верзија на Windows 8 со Metro кориснички интерфејс која би требало да излезе наскоро. Новата Android верзија е оптимизирана специјално за таблети и ќе ги интегрира системските Chrome функции за да може да се објават дизајни со двојно бутирање. 

Но, новата верзија уште од сега се соочува со предизвик, баш поради фактот на спорото прифаќање на претходната верзија Android 4.0 „Ice Cream Sandwich“, која и не доживеа некој поголем успех, со тоа зголемувајќи ја и така големата фрагментација на Android пазарот на паметни телефони и таблети.

Tuesday, February 21, 2012

Законот за штедење електрична енергија се почитува половично!?

Како и сите останати работи во нашата држава, така и новиот донесен закон за штедење електрична енергија поради новонастанатата криза од недостиг на електрична енергија во Европа, се почитува половично. Некому мајка, а некому маќеа, кажано народски, законот изгледа е исклучок за големите аптеки, бензински пумпи, кабелски оператори, па и јавни институции. Нема лично да ги посочам баш поради фактот што во последно време фрчат покани за суд дури и ако се даде мал хинт за правни и физички лица во нашата држава, па да се однесувам Европски и префинето, нема да посочам никого за да ги заштитам нивните права (ама си се знаат кои се).

Но, секоја чест и до исклучоците! Дел од градските власти го почитуваат законот, дали поради фактот што казната изнесува од 300 до 500 евра или пак поради фактот што законите се за сите исти, што и не е случај со сите. Многу од јавните институции, приватни компании, продавници, маркети, фабрики во индустриски зони одлучија дека нивната реклама е побитна од хаваријата која може да настане и со тоа каскадно да испадне целата држава од енергетскиот систем и сите да бидеме уназадени во 18 век. Но, тоа изгледа не е толку битно. Битно нивната реклама се гледа и сите ќе може полесно да ги пронајдат. И да не биде текстот сувопарен, подоле може да погледнете слика која е надвор од секаков контекст со текстот. Поздрав и секое добро!


Monday, February 20, 2012

Nokia „Amazing Everyday“ продолжува во Мадрид и Барселона и официјално пуштање во Ирска


Изгледа дека иновативноста на Нокиа е се повеќе присутна и дека уште може да изненади. Овој пат во Мадрид и Барселона каде за недела дена треба да почне Светскиот Мобилен Конгрес 2012. Рекламата е интерактивна на која корисниците може да ги користат опциите на 1.5 метарскиот мобилен телефон на екран на допир! Интересна рекламна кампања. Кој знае, можеби Нокиа ќе дојде и во Македонија! Видеата се во продолжение.







Sunday, February 19, 2012

Windows Mobile 6.5 емулиран на Windows Phone 7.5!


DFT (Dark Forces Team) се дечките кои се одговорни за неверојатни работи кога е во прашање мобилната технологија. Последната неверојатна работа која ја изведоа е емулирање на целиот оперативен систем, поточно Windows Mobile 6.5 на најновата верзија на Windows Phone 7.5! Неверојатно и интересно видео кое вреди да се погледне. Уживајте!




Saturday, February 18, 2012

Резултати од пазарот на паметни телефони според Gartner


Gartner ги објави резултатите од продажбата на паметни телефони за четвртиот квартал од 2011 година. Од статистиката е очигледно дека Android е победник со продадени 75.906 уреди или 50.9% од вкупниот пазар, што во споредба со четвртиот квартал од 2010 година има подобрувања од 20.4%.

На второ место се наоѓа iOS со продадени 35.456 уреди или 23.8% од вкупниот пазар. Во споредба со четвртиот квартал од 2010 година има напредок од 8%. На трето место е неславната платформа Symbian со 11.7% и има пад од 20.6%, но ова е очекувано поради фактот штоSymbian постепено ќе биде заменета со новиот оперативен систем на Microsoft - Windows Phone 7.5. 

На четврто место се наоѓа RIM и според овогодинешните проблеми со платформата очекувано е дека има пад од 5.8% со продадени 13.184 уреди или 8.8% дел од вкупниот пазар. На петто место е уште еден неславен оперативен систем Bada - платформа на Samsung која во споредба со четвртиот квартал од 2010 година бележи пораст во продажбата од 0.1% или продадени 3.111 уреди.

На шесто место се наоѓа Microsoft со продадени 2.759 уреди и има пад од 1.5% што е и очекувано поради фактот што Windows Mobile 6.5 се заменети со новата платформа Windows Phone 7.5. Предвидувањата на Gartner се дека Windows Phone 7.5 ќе достигне поголем успех заедно со Nokia и дека ќе заземе 8% од пазарот на паметни телефони до крајот на годината. Па, останува да видиме дали овие предвидувања ќе се остварат.

Подолу може да ги видите продажбите за 2011 година по произведувачи на телефони. Се разбира дека Nokia е на врвот на продадени уреди, баш поради фактот што се работи за стабилен и проверен хардвер, но со транзицијата на новата платформа од Symbian на WP 7.5  Nokia има пад од 5.1%. Останатите податоци може да ги погледнете во следната табела.






Од 20 Февруари започнува RoboMac - семинар и натпревар по роботика!

Од 20 до 26-ти февруари ќе се одржи третиот интернационален натпревар и семинар по роботика - Robomac. Целта на семинарот е да се популаризира роботиката кај средношколците и студентите во Европа, па и пошироко.

Семинарот започнува на 20 Февруари и ќе трае до 26 Февруари. Предавањата ќе бидат одржани во Амфитеатарот при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии (ФЕИТ) - Скопје, а натпреварот  помеѓу групите во најразлични категории ќе биде одржан на 26 Февруари во Македонската Опера и Балет. 



100-тина учесници од цела Европа ќе имаат можност на 26 Февруари да си ги одмерат силите во 4 категории и тоа:

* Роботска трка
* Хуманоид
* Сумо
* Напредно програмирање

Можноста за нови знаења, практична настава која и речиси да не е застапена кај нас е добар поттик да бидете дел од овој семинар. 

Лично бев учесник на втората масовна работилница која беше организирана во 2010 година и може да кажам дека ваква шанса за практична работа не се пропушта. Ако оваа година не успеавте да влезете во среќните 100 - тина кандидати, не очајувајте, секогаш има нареден пат!

Friday, February 17, 2012

Palringo IM Beta достапен и за Windows Phone!


Palringo IM е месенџер клиент кој ги подржува најпопуларните сервиси како AIM, Google Talk, Facebook Chat, ICQ и многу други. Овој месенџер клиент не е никаква новост на другите платформи и сигурен сум дека повеќето од вас го имаат пробано барем еднаш. Конечно, овој месенџер клиент од пред некој ден е достапен во Бета верзија на Windows Phone пазарот на апликации, се разбира бесплатно!

Но, забавата не завршува тука. Имено, се работи за повеќе платформска комуникација, па така да  се подржани и другите платформи на кои е достапен Palringo IM - iOS, Android, Symbian и Mac/PC десктопи.

Сегашната верзија на апликацијата е 0.5 Beta. Ова значи дека постои голема шанса да има багови и да лагира, но лично ова ми се нема случено до сега.


Апликацијата е добро дизајнирана и функционална. Ако веќе имате направено Palringo корисничка сметка ќе може да се логирате без проблем. Ако пак, сметката ви е стара и некористена некое време, пожелно е да се логирате првин на официјалната страна на Palringo, а потоа да се логирате на вашиот телефон.

Можеби најдобрата и најпопуларна опција со која располага оваа апликација е опцијата за снимање на аудио клипови и нивно испраќање. Апликацијата е импресивна со користење преку WiFi или пак 3G конекција и работи без проблем и на двата типа на конекции. 

Апликацијата може да ја симнете на следниот линк, или со скенирање на QR кодот.







Трикови за надградба на вашиот Android телефон! - Втор дел

Во претходниот пост зборувавме за надградба на вашиот Android телефон. Сега продолжуваме со втор дел од потребната наградба.

Рутирајте го вашиот телефон

Пред да почнете со работа на вашиот телефон, првин ќе треба да го рутирате, што во суштина значи дека треба да ги отклучите безбедносните сетирања кои се во функција на оперативниот систем за да се спречи било какво менување. Проверете го GingerBreak  за да разберете како полесно да го рутирате вашиот телефон. За жал, оваа апликација можеби нема да работи на поновите Android телефони. Ова упатство ви дава листа на инструкции за рутирање на неколку модели на паметни телефони.


Сочувајте ги вашите податоци!

Ако веќе се одлучивте за реинсталирање, тогаш сочувајте ги вашите податоци и оригиналниот firmware на телефонот во случај ако се појават некои компликации, да бидете сигурни дека успешно ќе го вратите телефонот на оригиналните сетирања. Најлесниот начин е да се инсталира ClockworkROM Manager. Штом ќе ја инсталирате оваа апликација, пуштете ја и одберете од менито „Reboot into Recovery“. Со ова, апликацијата ќе симне и инсталира „recovery image“ профил за вашиот телефон, потоа ќе го рестартира и ќе подигне мени на кое ќе може да го одберете процесот за сочувување на податоци. Штом процесот ќе биде завршен и штом ќе биде направена копија на вашите податоци, истата може да ја преснимате во вашиот компјутер за полесно чување.



Спремете ги стандардните апликации за инсталација

Ако го инсталирате CyanogenMod, тогаш ќе треба да ги инсталирате рачно стандардните Google апликации на вашиот телефон. Истите ќе мора да ги симнете од следниот линк во ZIP фајл во кој се наоѓаат инсталациони пакети за апликации како Google Search, Android Market итн. Ставете го ZIP фајлот на вашата SD картичка во главната root локација.







Инсталирање на новиот Android firmware 

Се работи за битна работа, така да читајте и бидете претпазливи! Симнете го CyanogenMod или MIUI за вашиот модел, кој доаѓа во ZIP пакет, и снимете го во root на вашата SD мемориска картичка. Стартувајте ја ClockworkMod ROM Manager апликацијата и одберете „Reboot into Recovery“. Кога вашиот телефон ќе се рестартира, можеби ќе треба да ги избришете податоците и кешот и да ја форматирате локацијата „/system“. Следно, одберете го ZIP фајлот на новата Android верзија и ставете ја во root на мемориската SD картичка и почнете со процесот на надградба. Од прилика се потребни околу две минути за да заврши целиот процес. Ако постапката ја извршувате со CyanogenMod - не го рестартирајте телефонот и повторете ја постапката со ZIP фајлот кој го содржи Google Android.


Уживајте во вашиот нов Android телефон!


Освен што направивте надградба на понова верзија, CyanogenMod и MIUI доаѓаат со нови опции и алатки, Wi-FI tethering, подобри безбедносни подесувања и поголема оптимизација на корисничкиот интерфејс. Многу од корисниците кои ја имаат направена оваа постапка велат дека им е подобрен животниот век на батеријата, нивните телефони работат оптимално и побрзо!





Thursday, February 16, 2012

Трикови за надградба на вашиот Android телефон! - Прв дел

Ако имате постар модел на Android паметен телефон и ако сакате да направите надградба на најновата верзија на оперативен систем, во 99% од случаите ќе завршите со никаква официјална верзија за вашиот телефон. Или пак, може да ги следите следните чекори за да ја направите потребната надградба, се разбира, на ваш ризик!

Најголемиот проблем со Android платформата е неверојатно спората брзина со која произведувачите ги објавуваат најновите верзии на оперативниот систем за нивните стари модели на мобилни телефони. Ако поседувате таков запоставен телефон и не сакате да трошите пари за купување на нов, тогаш вашата најдобра шанса е да инсталирате неофицијална Android верзија!

Следната статија е пример на тоа што треба да се знае при овој процес на инсталирање на неофицијална Android верзија на вашиот телефон. Секој телефон има уникатни чекори при инсталација, па треба да ги следите инструкциите за вашиот специфичен модел.

Инсталирање на свој ризик

Инсталирање на неофицијална OS верзија на вашиот телефон значи дека било каква гаранција што сте поседувале за уредот веќе нема да биде важечка. Пред да ја почнете оваа постапка, прочитатјте го корисничкото упатство за секој модел посебно и следете ги чекорите претпазливо. Иако шансите за да го расипете вашиот телефон до состојба на неповратност се многу мали (brick phone), сепак може да се случат, посебно во случај ако ги избрзате потребните чекори. Имајте во обзир дека некои од опциите кои ги имате на сегашната верзија на оперативниот систем може да не ви бидат достапни во новата верзија на оперативниот систем после успешното инсталирање, додека други опции може да бидат спори или со грешки.

Два избора: CyanogenMod и MIUIO

Ако се движите во неофицијалните развивачки води ова веќе ви е познато. За оние што не знаат, имате два избора: CyanonenMod и MIUI. И двата се вградени во изворниот код на Android кој официјално е издаден од Google и нивната најнова верзија е базирана на Android 2.3 „Gingerbread“. CyanogenMod се држи до основните компоненти на Android кои доаѓаат со изворниот код, нивниот кориснички интерфејс е „чист“ и минимизиран од непотребните работи. MIUI целосно го преработува корисничкиот интерфејс кај Android и потсеќа на iOS. Ако вашиот Android телефон е од популарните модели, тогаш е подржан од CyanogenMod или MIUI форумската заедница. Ако не е, тогаш сеуште постои шанса дека некој можеби работи на порт за вашиот модел на телефон. Во тој случај, направете претражување со името на моделот. 


Tuesday, February 7, 2012

Најавен новиот LG Miracle!

LG изгледа не се откажа од правење на Windows Phone 7 телефони од втората генерација, па така да после една цела година го најави новиот од втората генерација паметни Windows Phone 7.5 телефони - LG Miracle!

Од деталите кои се откриени, телефонот ќе има четири инчен WVGA NOVA дисплеј и со тоа ќе биде со еден од најбистрите екрани кои може да се сретнат кај Windows Phone 7.5 телефоните денеска. Од процесорот ќе има стандарден 1 GHz Snapdragon, 8 GB интерна меморија, 720p 5 мегапикселна задна и 1.3 мегапиксели предна камера.

Од конекциите ќе има 14.4 Mbps HSPA радио, 5.0 GHz 802.11 a/b/g/n WiFi и Bluetooth 3.0. Можеби најимпресивната опција кај овој паметен телефон ќе биде можноста за NFC тагирање-читање, но сеуште не е сигурно дали оваа опција ќе биде достапна пред Windows Phone 8.

Телефонот би требало официјално да биде пуштен ова лето, после Светскиот Мобилен Конгрес (MWC) каде што би требало да дебитира.


Извор: PocketNow

Згасна и btjunkie.org!

RIP BTJunkie 2005-2012

Како што поминува времето од контроверзните закони, така се наметнуваат и ограничувањата на интернетот. Една приказна која беше замислена како неограничен пристап и комуникација за сите, од ден на ден се претвора во место кое се враќа во 1960 година, кога само одбрана група од десетици компјутери беа поврзани во мрежа. 

Мапа на интернетот

Статистиката вели дека приближно третина од светската популација е приклучена на најголемото човечко достигнување кое не го поседува никој, но сепак се обидуваат да го ограничат!

Еден од слоганите кој може да се најде на интернет 
против контроверзните закони


Бројката од 2.1 милијарди луѓе не е за потценување! Таа е движечката сила на иновациите, достигнувањата во секое поле од животот и желбата за прогрес и самоедуцирање. Пост ерата на SOPA, PIPA, ACTA или било кој друг нивен клон не делува светла. Ова веќе може да се примети со згаснување на Megaupload и BTJunkie. 


Но, уште не е завршена борбата. SOPA и PIPA беа повлечени од нивниот основач, но сега ACTA е новиот договор кој веќе беше потпишан од САД, ЕУ, Австралија, Канада, Јапан, Мароко, Нов Зеланд, Сингапур, Швајцарија и Јужна Кореја. Документот е потпишан на 1 Октомври 2011, но уште не е влезен во сила. Подолу може да ја погледнете картата на земјите кои го потпишаа ACTA договорот. Може да се забележи дека и Македонија со влез во ЕУ, автоматски ќе треба да го почитува овој договор.



Monday, February 6, 2012

Nokia ја најави белата верзија на Lumia 800


Официјална слика од страна на Nokia на нивниот официјален Facebook профил

Како и што се очекуваше, Nokia ја пушти белата верзија на Nokia Lumia 800 и истата ќе се најде во продажба од овој месец. Уште не е познато по која цена ќе се движи белата верзија, но знаејќи ја филозофијата на другите компании (како Apple) би требало да се доплаќа за бела верзија на телефонот, но Nokia сигурно нема да си дозволи поскапа цена за белата верзија, освен ако не биде понудена како ексклузивна верзија на Nokia Lumia 800. Подолу може да ги погледнете сликите од белата верзија, како и видео од официјалното пуштање во Холандија кои ја најавија белата Nokia Lumia 800.


Nokia Lumia 800 ќе биде достапна во 5 различни бои



Извор: Facebook, YouTube

Thursday, February 2, 2012

Предности и недостатоци кај оперативните системи за таблети


Секој оперативен систем си има свои предности и недостатоци, без разлика дали се работи за iOS, Windows или Android. Подолу е дадена табела на предности и недостатоци на овие оперативни системи.

Предности и недостатоци кај оперативните системи за таблети. За поголема резолуција кликнете на сликата


Табелата е направена врз постоечките оперативни системи кои може да се најдат на пазарот, како Windows 7, iOS и Android 3.0 и се разбира дека со следните верзии на Windows 8, Android 3 и iOS оваа табела ќе изгледа поразлично.

Автор: Слаѓан Алексовски

Wednesday, February 1, 2012

Siri и на Windows Phone!


Ask Ziggy е апликација која потсетува на Siri, но поради тоа што е прва верзија, многу од функциите кои се достапни кај Siri не беа достапни кај Ask Ziggy, како на пример некои основни функции како временска прогноза или колку е часот. 

Но, ако се земе во обзир дека апликацијата е направена од еден човек, има интересни трикови кои може да се направат и со оваа апликација кои може да ги погледнете во видеото подоле. Моментално, кај дел од корисниците може да се појави проблем баш поради фактот што апликацијата е многу популарна и многу корисници ја користат. Поминатиот лимит треба да биде поправен наскоро.

Но, најголемата вест, како што може да се види од сликите е што следната надградба доаѓа со уште поголеми можности, функции и опции. Освен што апликацијата ќе стане повеќе „Metro“, ќе располага и со додатни функционалности како:

* Временска прогноза
* Време
* Потсетници


Официјалната изјава на авторот е дека се работи со полна пареа на следната верзија, па така да во следните месеци може да ја очекуваме истата. Уште нема објава на временската рамка за следната верзија, но кога ќе биде достапна или ако има некоја новост, очекувајте благовремено известување.



Сегашната верзија може да се симне од продавницата на MIcrosoft, или со скенирање на QR кодот подоле, се разбира бесплатно, но додека не се ресетира лимитот на истата, може да има проблеми при користење. 
QR код до Ask Ziggy