Мометално на каналот на NASA во живо има пренос од закажаното лансирање на првиот приватен вселенски брод до Меѓународната Вселенска Станица - DragonX. Моментално на каналот на NASA оди пренос за излагање на надлежните за јавноста. Според изјавата, летот ќе се случи за околу 70 часа. Ова е еден од летовите, од закажани три лета за оваа година.
Според официјалната изјава на NASA и SpaceX, се очекува човечки екипаж да патува со ова летало до средината на 2015. До тогаш, се закажани преку 20 најразновидни тест летови за целосно испитување и тестирање на можностите на леталото. Инаку овој лет ќе однесе товар до станицата, а ќе врати непотребна опрема и готови експерименти назад до Земјата.
Линкот за пратење во живо тука!